Реновирање купатило

  • Креатор на темата Креатор на темата jw90667
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
29 ноември 2014
Мислења
4
Поени од реакции
1
Возраст
38
Ме интересира мислење во врска со оваа тема(реновирање купатило).Најпрвин колку чини работна рака за лепење плочки,колку дополнително се плаќа за менење на цефки?Предлог за комбиниран болјер(тинг инокс,леов,горење,аристон итн.)?Колку би чинело пари за 26 метри квадратни со сите нови елементи?:)
 
Работна рака околу 300 денари за квадрат, а може и повеќе зависно каде живееш. Цевките ти се релативно евтини ама колената, тројниците, сетот за батерија, вентили се тоа е доста поскапо. Во врска со бољарот би поминал од 7-9000 денари според мене. Таа квадратура мислам дека ќе те чини од 1500 до 2000 евра, зависно од тоа какви елементи сакаш да ставиш. Имаш тушкабина од 10000 а имаш и од 30000денари, имаш вц школка од 1500 а имаш и од 3000 денари, имаш казанче од 900 а имаш и од 1500, за моно блоковите па и да не зборам. Сума сумарум и најевтиното со добар квалитет да го земеш (не најевтиното што е шкарт, туку она што е добро а со прифатлива цена) без 1500 евра не поминуваш, во никој случај.
 
A како би се решиле од оние стари керамички цевки и би ставиле нови кои нема да се гледаат?
 
Немој да заборавиш да го пријавиш реновирањето. Казната е 1500 евра, или 9 плати, во индустриска зона, односно 11 и пол плати во било кој маркет.
 
Се зависи од тоа што ќе вградиш...., какви плочки, каков бољер...:)
A како би се решиле од оние стари керамички цевки и би ставиле нови кои нема да се гледаат?
Новите ќе бидат вградени во самиот ѕид:)
 
Предлог за комбиниран болјер?Знам дека тинг инокс е најдобар но дали може да се помине со некој друг квалитетен но поефтин? :)
 
Ме интересира мислење во врска со оваа тема(реновирање купатило).Најпрвин колку чини работна рака за лепење плочки,колку дополнително се плаќа за менење на цефки?Предлог за комбиниран болјер(тинг инокс,леов,горење,аристон итн.)?Колку би чинело пари за 26 метри квадратни со сите нови елементи?:)
Тазе реновиравме купатило и вака стојат работите:
- кршење и лепење плочки 10 евра/м2
- замена на цевки - 150 евра
- поставување санитарии - 50 евра
-----------------------------------------------------
плочки - од 500 ден. па нагоре (само ко ќе зимаш плочки и ко ќе ти ги достават отвори ги сите пакети пошо може да ти излезат шарени плочките и да ти излезе шарено купатилото па да кинеш живци додека ја најдеш правата нијанса на плочки т.е таа шо си сакал да ти ја достават затоа шо од салоните за керамика не прават никаква споредба на залихи и се случува да испратат дел стара пратка дел нова и различни нијанси - ова често се дешава во Фриго Шоб)

лепак за плочки - Од 280 до 360 за вреќа
------------------------------------------------------------------------------------------
Санитарии:
WC школка - од 1500 до 4000 денари
Казанче - од 1000 па нагоре
Моноблок - од 5000 - 9000
Туш кабина - од 10000 до 30000 (ние бидејќи така ни налагаше просторот, направивме ѕидана туш кабина со параван со димензии 80х120 и ставивме параван со мат стакло по тие димензии од Падеде околу 10000 ден. само параван а и ти препорачувам од Падеде да си земеш и комплет лавабо со огледало и долен елемент. Имаат одличен избор)
Лавабо со долен елемент и огледало - од 13000 до 28000 денари
Батерии/чешми - од 2000 до 10000 денари

Иначе да знаеш дека доста пари одат на ситници (сапуњарка, лајнарка, корпа за отпадоци, држач за тоалет, закачалки, патосници, цревца за бојлер и умивалник, капак за школка, розетни, вентилчиња.....)

Имаш набавено се од материјали па треба да почнеш или? Ако ти треба препорака за мајстори за купатило пиши. Ние барем со тоа си немавме ич мака. Како кажаа така завршија, рекоа за 7 дена дека ќе го напраат купатилото и го направија. Брзи и одлично си завршија работа без никакви фушерајски остатоци.
 
Подобро би било човекот да си се изјасни што точно сака да направи, колку му е буџетот, и после би можело да му се формира некоја поконкретна цена, инаку горните проценки се горе долу тука некаде.
 
Малце постара тема али ме интересира контакт од некој мајстор/фирма за реновирање на купатило кои добро си ја завршуваат работата?

@Олимпија Како сте задоволни од сработеното? Може конктакт?
 
Малце постара тема али ме интересира контакт од некој мајстор/фирма за реновирање на купатило кои добро си ја завршуваат работата?

@Олимпија Како сте задоволни од сработеното? Може конктакт?
Презадоволни сме од сработеното, се завршија за 7 дена колку што и ни кажаа кога се договаравме. За контакт @Acid ќе ти пише број.
 
Што ти треба, плочкар, водоинсталатер...? :)
Па и двајцата, ќе треба да се кршат и старите плочки и одкако се ќе се заврши да местат санитарија. Последниве две недели интезивно барам некој што ќе го изведе сето ова и само еден број најдов и беше зафатен :D

Sent from my Note 3 [SM-N9005] using Tapatalk
 
Плочкар Горан: 078413839
Водоонсталатер Далибор: 075475911
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom