Ме интересира мислење во врска со оваа тема(реновирање купатило).Најпрвин колку чини работна рака за лепење плочки,колку дополнително се плаќа за менење на цефки?Предлог за комбиниран болјер(тинг инокс,леов,горење,аристон итн.)?Колку би чинело пари за 26 метри квадратни со сите нови елементи?
Тазе реновиравме купатило и вака стојат работите:
- кршење и лепење плочки 10 евра/м2
- замена на цевки - 150 евра
- поставување санитарии - 50 евра
-----------------------------------------------------
плочки - од 500 ден. па нагоре (само ко ќе зимаш плочки и ко ќе ти ги достават отвори ги сите пакети пошо може да ти излезат шарени плочките и да ти излезе шарено купатилото па да кинеш живци додека ја најдеш правата нијанса на плочки т.е таа шо си сакал да ти ја достават затоа шо од салоните за керамика не прават никаква споредба на залихи и се случува да испратат дел стара пратка дел нова и различни нијанси - ова често се дешава во Фриго Шоб)
лепак за плочки - Од 280 до 360 за вреќа
------------------------------------------------------------------------------------------
Санитарии:
WC школка - од 1500 до 4000 денари
Казанче - од 1000 па нагоре
Моноблок - од 5000 - 9000
Туш кабина - од 10000 до 30000 (ние бидејќи така ни налагаше просторот, направивме ѕидана туш кабина со параван со димензии 80х120 и ставивме параван со мат стакло по тие димензии од Падеде околу 10000 ден. само параван а и ти препорачувам од Падеде да си земеш и комплет лавабо со огледало и долен елемент. Имаат одличен избор)
Лавабо со долен елемент и огледало - од 13000 до 28000 денари
Батерии/чешми - од 2000 до 10000 денари
Иначе да знаеш дека доста пари одат на ситници (сапуњарка, лајнарка, корпа за отпадоци, држач за тоалет, закачалки, патосници, цревца за бојлер и умивалник, капак за школка, розетни, вентилчиња.....)
Имаш набавено се од материјали па треба да почнеш или? Ако ти треба препорака за мајстори за купатило пиши. Ние барем со тоа си немавме ич мака. Како кажаа така завршија, рекоа за 7 дена дека ќе го напраат купатилото и го направија. Брзи и одлично си завршија работа без никакви фушерајски остатоци.