Ама затоа сега во оваа држава колку перспектива имаме чудо едно... Сите млади испобегаа од државава, чекаат во редови за бугарски пасош само за да избегаат од оваа вукојебина. Источна Македонија е пуста, рмбаат цело време за 7000 плата колку сметки да платат.
Еве пример мајка ми во Југославија работела во Железара како куварка која им давала храна на работниците, сега ми вика дека понекогаш (не секогаш) добивала по 2 плати месечно, можела кредит да земе и предвреме да го отплати и пак и останувале пари за да тргне настрана. Едно 75% од работиве што ги имам дома се купени во Југославија.... освен компјутерот, телевизорите и креветите друго ништо ново немам, сеуште ги користиме стварите што се купени пред 30 и кусур години. Што е најтажно овие ствари одамна требаше да се најдат во ѓубре, ама оди купи нов шпорет или нов фрижидер со оваа плата што сега ја земам.
Несакам да се врати Југославија, си ја сакам државата, ама ваквите луѓе како тебе и Битушанец кој серат на секое и ги бранат идеалите на партијата ми иде уште сега џенем да фатам. Потајно во постот сакаше да кажеш дека сега се живее поубаво од тогаш.... кого лажеш бре, прекини веќе еднаш да сереш насекаде, никој не ти верува дека си политички крлеж кој цело време се шлепа на грбот на паритијата.
Едно нешто го имало во Југославија, а го нема денес во Македонија.... средната класа. Денес во земјава постојат богати влекачи кои се збогатиле во периодот на транзицијата, и фамилии кои сите членови им се вработени благодарејќи на партијата, и буџетот не им е под 30000 месечно. Се разбира тука се луѓето што не се во нитуедна партија, а рмбаат за 9000 денари месечно, плата со која сметки неможеш да платиш а не пак фамилија да одржуваш. Средна класа нема, едноставно нема.... ете тоа е разликата, тогаш барем сите биле најадени, а сега гледаат како да поминат ден за ден.