За малите, помали казни....

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Како вест на денот е пренесено дека Собранието донело закон според кој казните за стопански прекршоци ќе се нивелираат според економската моќ на сторителот
Еве како е тоа јавено во Утрински весник:
http://www.utrinski.mk/?ItemID=84568CC85BD6E04EB5594F9361DBB1E1
Во написот може да се прочита:
„ Според Илија Димовски, суштинска новина во Законот за прекршоци е воведување на принципот на нивелирање на казните според економската моќ на субјектите. Тоа значи и поблаги казни за фирмите, со што, како што рече, директно ќе му се помогне на стопанството, но и на граѓаните.

Пратениците изгласале намалување на казните во однос на прекршоците за фирмите, кои отсега ќе бидат казнети по три стапки, доколку инспекциите утврдат некакви неправилности .

„Првата стапка е вкупната сума на приходи во претходната година. Значи со казна од 10 проценти во однос на заработката ќе биде казнета фирма која имала приход до 500.000 денари, а со најголема сума од 70 проценти ако фирмата остварила приход над 100 милиони денари“, вели Димовски.

Втората стапка по која ќе се казнуваат фирмите е бројот на вработени.

„Најмала казна ќе плаќаат фирмите кои имаат до девет вработени, а најголема тие кои имаат 250 вработени. Во предвид ќе се земе и историјата на фирмата, односно дали таа била претходно казнувана. Најважно е што се воведува и медијацијата за фирмите и усната опомена која до сега важеше само за граѓаните“, нагласи Димовски. “

Според ова како што јавува весникот висината казната ќе зависи дали е сторителот богат или сиромашен, голем или мал.
Јас мислам дека вакви одредби се против уставни - дискриминаторски
Такво нешто имало во Средниот век, а никако денес
Во Душановиот законик може да се прочита:
85. О бабунској речи:
И ко рекне бабунску реч, ако буде властелин, да плати сто перпера, аколи буде себар да плати дванаест перпера и да се бије штаповима.
https://sr.wikisource.org/wiki/Душанов_законик

Ете гледате - за исто дело за властелин и за себар различна казна

Какво е Вашето мислење - дали со вакви одредби, да висината на казната зависи од богатството се повредува Уставот?
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.733
Поени од реакции
7.545
„Првата стапка е вкупната сума на приходи во претходната година. Значи со казна од 10 проценти во однос на заработката ќе биде казнета фирма која имала приход до 500.000 денари, а со најголема сума од 70 проценти ако фирмата остварила приход над 100 милиони денари“, вели Димовски.
И 70% и 10 % од 0 денари остварен профит е 0 денари казна.
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.618
Нека удрат и по чебот на богатите,не може некој ако земе кола од 5 илјади или 8 илјади евра на ново,и некој што земал од 400 илјади,да плати исто данок...или стан или куќа,деловен објект...
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.665
Поени од реакции
4.387
@Смрт за зони и пајак воз.

Не сум правник, но ми звучи океј. Не би било логично сите фирми исти казни да плаќаат со оглед на тоа дека 5000 евра за некои се пари што цел живот нема да ги видат, а некои ги прават во еден час па казната за некои би била бесилка додека за други само би ги почешало.

П.С Дај малку подлабоко образложи зошто мислиш дека не чини законот.
 
Протокол 12 став 1 од Европската конвенција гласи:
ЧЛЕН 1 Општа забрана на дискриминацијата 1. Уживањето на секое право предвидено со закон ќе биде обезбедено без дискриминација врз било која основа како пол, раса, боја, јазик, религија, политичко или друго мислење, национално или социјално потекло, поврзаност со национално малцинство, имот, раѓање или друг статус. 2. Никој не смее да биде дискриминиран од страна на јавен орган по било која основа наведена во став 1.
http://www.echr.coe.int/Documents/Convention_MKD.pdf
Власта може и треба да намали казните за сите, а не само за некои. Тој што е богат не е некаков виновник па да плаќа поголема казна.
Богатиот плаќа поголем порез, поголеми такси и тн, Но зошто да плаќа и поголеми казни?
А што им пречи да ги намалат казните за сите?
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Ова повеќе ми е блиску со индивидуализација на казната кај физички лица..................

Нели се земаат во предвид повеќе параметри во законските рамки. Вака на хартија лично за мене звучи ок, во пракса не знам какви резултати ќе вроди.

(пошто и во индивидуализација ако гледаме за исто дело може различно да се одговара во законски пропишаната казна, каде за одредени дела пример се зема поранешен живот на сторител, дали воопшто некогаш извршил кривично дело, финансиска состојба и така натака)

И јас сум за општо намалување за сите, но не можам барем моментално да го изедначам со дискриминација :)
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.665
Поени од реакции
4.387
Протокол 12 став 1 од Европската конвенција гласи:
ЧЛЕН 1 Општа забрана на дискриминацијата 1. Уживањето на секое право предвидено со закон ќе биде обезбедено без дискриминација врз било која основа како пол, раса, боја, јазик, религија, политичко или друго мислење, национално или социјално потекло, поврзаност со национално малцинство, имот, раѓање или друг статус. 2. Никој не смее да биде дискриминиран од страна на јавен орган по било која основа наведена во став 1.
http://www.echr.coe.int/Documents/Convention_MKD.pdf
Власта може и треба да намали казните за сите, а не само за некои. Тој што е богат не е некаков виновник па да плаќа поголема казна.
Богатиот плаќа поголем порез, поголеми такси и тн, Но зошто да плаќа и поголеми казни?
А што им пречи да ги намалат казните за сите?
Со болдот се согласувам.
Лично мислам дека казните не се решение туку пролонгирање на било каков проблем.
Инаку мислам дека и казните треба да соодветствуаат т.е да да приспособат кон оној што е казнет.

Еве да земеме пример голема компанија прекршува некое правило и прави профит, профитот е толку голем што ја покрива казната и останува голем дел од колачот за оној што не игра според правилата.

Според мене големите компании имаат голема моќ, а со тоа и голема одговорност и ако они не играат според правилата зошто некоја ситна риба би се придржувала до нив?

П.С Исто така покрај моќта и одговорноста они имаат и голем број вработени и нивните фамилии кои зависат од нив.

П.С2 Мислам дека казните не секогаш мораат да бидат парични, на пример може да има некој вид на казна кон менаџментот на фирмата само не сум сигурен дали вакво нешто постои и/или може да се имплементира.
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.024
Поени од реакции
19.503
Какво е Вашето мислење - дали со вакви одредби, да висината на казната зависи од богатството се повредува Уставот?
А што мислиш за прогресивен данок? Дали висината на данокот треба да зависи од богатството на даночниот обврзник? Дали според тебе е ОК богатиот да плаќа 35% данок, а сиромашниот 10% (или да не плаќа ич)? Дали според тебе ова претставува дискриминација и го повредува Уставот?
 
Данок не е исто што и казна
Со плаќање на данок учествуваме во финансиурањето на државата , казната е санкција.
Во ниту една земја паричните казни не се приход на буџетот - тоа е неморално. Тие пари се користат за хуманитарни цели. На пример во времето на СФРЈ парите од казните се користеа 50% за поправки на затворите, а 50% за Црвен крст и слично
Впрочем казната може и да не биде парична
Еве да дадеме пример од нашиов Форум, за казнување според имотот
Замислете да постои правило на Форумов, кој пцује мајка ќе биде баниран
И сега мене, кој сум богат имам 6 илјади лајка ме казнат 3 недели бан, а @smihajlo кој е сиромашен има само две илјади лајка го казнат една недела бан.
Ова е пример за различна казна според имотот.
Дали мислите дека нешто вакво не представува дискриминација?
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.784
Поени од реакции
15.396
Како вест на денот е пренесено дека Собранието донело закон според кој казните за стопански прекршоци ќе се нивелираат според економската моќ на сторителот
Еве како е тоа јавено во Утрински весник:
http://www.utrinski.mk/?ItemID=84568CC85BD6E04EB5594F9361DBB1E1
Во написот може да се прочита:
„ Според Илија Димовски, суштинска новина во Законот за прекршоци е воведување на принципот на нивелирање на казните според економската моќ на субјектите. Тоа значи и поблаги казни за фирмите, со што, како што рече, директно ќе му се помогне на стопанството, но и на граѓаните.

Пратениците изгласале намалување на казните во однос на прекршоците за фирмите, кои отсега ќе бидат казнети по три стапки, доколку инспекциите утврдат некакви неправилности .

„Првата стапка е вкупната сума на приходи во претходната година. Значи со казна од 10 проценти во однос на заработката ќе биде казнета фирма која имала приход до 500.000 денари, а со најголема сума од 70 проценти ако фирмата остварила приход над 100 милиони денари“, вели Димовски.

Втората стапка по која ќе се казнуваат фирмите е бројот на вработени.

„Најмала казна ќе плаќаат фирмите кои имаат до девет вработени, а најголема тие кои имаат 250 вработени. Во предвид ќе се земе и историјата на фирмата, односно дали таа била претходно казнувана. Најважно е што се воведува и медијацијата за фирмите и усната опомена која до сега важеше само за граѓаните“, нагласи Димовски. “

Според ова како што јавува весникот висината казната ќе зависи дали е сторителот богат или сиромашен, голем или мал.
Јас мислам дека вакви одредби се против уставни - дискриминаторски
Такво нешто имало во Средниот век, а никако денес
Во Душановиот законик може да се прочита:
85. О бабунској речи:
И ко рекне бабунску реч, ако буде властелин, да плати сто перпера, аколи буде себар да плати дванаест перпера и да се бије штаповима.
https://sr.wikisource.org/wiki/Душанов_законик

Ете гледате - за исто дело за властелин и за себар различна казна

Какво е Вашето мислење - дали со вакви одредби, да висината на казната зависи од богатството се повредува Уставот?
Ти ама си се засекирал за уставот......
Овој закон ќе се донесе против еден човек, на него се сите јаки фирми....ти текнува за кого станува збор?
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Претпоставувам дека паричната казна, меѓу другите нешта, треба да има и опаметувачки карактер. Казна од 300 евра изречена на некој што прави 5000 евра неделно не е иста за друг што не може за истиот период да заработи ни 5000 денари. За првиот е безначајна сума, нешто за што и не вреди да се размислува. И тоа е дискриминација.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.526
Поени од реакции
5.706
Прво, да бидеме на чисто дека се работи за популистички потег.
Некој се спрема за избори :)
Некои со подобро памтење, не забораваат дека истиве овие што предлагаат намалување на казните се истите што ги воведоа драстично високите казни.

Второ, самиот начин на различни казни ( во различни околности ), ГО ОПРАВДУВАМ.
Впрочем, и во сите наши постоечки закони, за исто дело, казните се различни, во зависност од околностите.
Пр. за тешка кражба имаш казна затвор од 3 до 5 години, па колку ќе добиеш на суд, зависи не само од делото, туку и од други околности.
И напротив, ова не е дискриминација
 
cYb3rc0re

~ место за реклама
Член од
3 мај 2005
Мислења
914
Поени од реакции
170
Сметам дека до сега беа високи казните и затоа оваа мерка ја оценувам позитивно. Даноци сите плаќаме подеднакво (освен во економските зони, за што како сопственик на фирма се осеќам обесправено, ама тоа е друга тема), ама за казните мислам требаше да се олесни малце, а и новата мерка - „опомена“ е нешто што одамна го кажувам. Не може на компанија која е нова и не е уште ушемана со сите мерки да влезе инспекција и заради одредена неправилност да и репне казна 5000 евра. Тоа е сосема контрапродуктивно, и до сега ако некој ме прашаше за совет дали да отвора фирма, би му рекол да не се замара.

Со ова мислам дека сака да се каже „ќе има казни, ама не се плашете многу“. Негативно е што малите фирми ќе можат и повеќе да прават намерни злоупотреби ради ниските казни. Што значи дека ќе има повеќе проблеми во иднина (неисплаќање на плати, разно разни злоупотреби итн).

Исто сметам дека треба да се воведе и база на податоци на прекршувачи закон од вакви „злобни“ газди, да не можат да прават дополнителни злоупотреби (пример од што знам - отвара кафич и работи до покасно од законски определено, не издава фискални, точи сомнителен алкохол итн, му маваат една казна, па уште една и го затвораат. Типот ја праќа фирмата под стечај, отвара нова и на исто место го отвара истиот локал, чист е ко солза со новата фирма). Законот би бил заштита од ваков тип на однесување. Ако ова се направи, олеснувањата што ги донесоа се позитивни, ако не, мислам дека не се на место.

Исто што ми падна на памет прв пат ко прочитав за ова е дека владава „пред заминување“ пробува да си отвори задна врата за сите неправилности кои ги направиле или планираат да ги направат (тендери на новоотворени фирми со 1 вработен, за полесно да ја измолзат и да ја затворат без високи казни).

Така да: Како сопственик кој чесно размислува - позитивна мерка. Ама сепак, искуството ми кажува дека има некоја финта во сево ова.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
А награди нешто нема да има?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom