Ова е пред се за
@kooperativa и
@Атеист
Научниците се прашуваат: Што ако нашата вселена е лажна?
Веројатно сите од нас играле по некоја игра на компјутер каде што е креиран виртуелен свет во кој животот се одвива и без директно влијание на самиот играч.
Се менуваат денот и ноќта, ликовите во играта одат на спиење, на работа, сообраќајот тече... да скратиме, сето ова е виртуелна реалност.
Но, дали е можно нашата вселена да функционира токму на тој принцип? Дали е можно ние само да сме пиони во рамките на некоја симулација која што е креирана од некоја цивилизација која што е далеку понапредна од нас? Дали е можно ние да живееме во матрица слична на онаа од научно-фантастичниот филм "The Matrix"?
Дел од научниците секако дека се плашат дека тоа е можно. Сепак, станува збор за
многу „радикална“ идеја за која размислуваат веројатно само најхрабрите научници.
„Но, за разлика од The Matrix, можно е нашите мозоци да добиваат пораки од симулатори, можно е самите тие да се дел од таа симулација“, тврди Ник Бостром, филозоф од универзитетот во Оксфорд.
„Во тој случај постои можност ние да живееме во една голема компјутерска програма која го симулира секој дел од нас, сите неврони во мозокот“, вели Роберт Лоренс Кун кој својата цела детална теорија ја објави на
space.com повикувајќи се притоа на бројни физичари кои велат дека сето тоа може некогаш да биде докажано.
Марвин Мински, човекот кој се смета за еден од создавачите на вештачката интелегенција, објаснува дека целата вистина ќе можеме да ја дознаеме само ако
програмерот има направено одредени пропусти во комплексната симулација. Тоа, на пример би можело да биде неправилното склопување на одредени закони на физиката.
Пред неколку години и Силас Бин од Универзитетот во Бон сугерираше дека е можно веќе да постојат докази кои сугерираат дека ние живееме во симулација.
„Сè што можеме да направиме е да пронајдеме ограничувања, а за да ги пронајдеме ќе мораме да изградиме сопствена симулација на вселената. Симулирањето на физиката на тоа ниво е еднакво на симулирање на самата вселена“.
Реалноста на вселената ја проучувал и Платон - Грчкиот филозоф Платон во својата „Република“ во „Алегорија за кафезот“ тврдел дека повеќето луѓе живеат во
„илузија на егзистенција“ затоа што не знаат, или пак не можат да размислуваат.
Платон тврдел дека човекот може да ја спознае реалноста само со
добро познавање на геометријата и математиката. На тој начин запишал дека луѓето би можеле да ја дознаат „вистинската природа на работите“.