Malazan Book of the Fallen - Steven Erikson

  • Креатор на темата Креатор на темата Tegla
  • Време на започнување Време на започнување

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.154
Поени од реакции
9.135
Локација
Skopje
Malazan Book of the Fallen од Steven Erikson

Имаме пост за Lord of the Rings, Harry Potter, A Song of Ice and Fire па време е и за Malazan.

Кога завршив со читање на A Dance with Dragons (GRR Martin) во летото 2011 сакав да започнам нов серијал кој ќе ми попуни време додека ја чекам новата книга во A Song of Ice and Fire. Се двоумев меѓу краток завршен серијал (трилогија) и долг епик во стилот на ASoIaF. Прогуглав малце и наидов на многу препораки на интернет но око ми фати серијалот на Steven Erikson – Malazan Book of the Fallen за кој прочитав многу позитивни критики. Малку бев скептичен по искуството со Martin но сепак се одлучив да започнам нов масивен, до тогаш сеуште незавршен, серијал и така ја порачав првата книга Gardens of the Moon. Книгата стигна но не сакав да започнам веднаш со читање поради неколку причини, главно поради тоа што бев при крај со факултетот а знам колку внимание треба да се посвети на ваквите епици. Исто така сакав да го имам комплетниот серијал на полица пред да почнам да ги читам за да имам континуитет.

Да не должам многу, конечно го комплетирав серијалот и започнав со првата книга Gardens of the Moon. Прочитав околу половина од првата книга и сеуште сум нов во овој свет на Erikson но штом ме инспирира да напишам воведен текст и препорака тогаш значи сигурно вреди нешто. Дали публицитетот кој го има на рандом Fantasy форуми и блогови е издржан? Апсолутно целиот хајп е на место.

Книгата почнува со gibberish и nonsense текст и јас се чудам што ли се случува и која мајка ме натера да инвестирам толку пари во серијал од 10 книги. Но ајде си викам не може милиони луѓе во светот да се идиоти и да дигаат фама за ништо па продолжив да читам. Значи јас сум навикнат на комплексност и не сакам авторот се да ми спелува и открива, туку сакам некои работи сам да ги поврзам (па макар и пропуштил на првото читање) или да ги дознаам неколку глави подоцна, можеби и во следната книга. Неколку страни понатаму и веќе работите стануваат појасни, ликовите добиваат на тежина и нивните мотиви стануваат појасни. Значи книгата по прекраткиот пролог те носи дирекно во средина на дејствието. Бум out of nowhere авторот те фрла на бојно поле по завршена битка со нови ликови за кои не знаеш ништо, не знаеш на која страна се борат ниту знаеш што се случило. Нормално тоа е така не затоа што Erikson не знае за build-up туку едноставно тоа е неговиот стил – grand entry. Нормално подоцна ништо не останува необјаснето но не во таа мера да ти го изџвака одговорот. Деталите се таму во текстот, твое е да ги најдеш и поврзиш. Ништо, макар и да изгледа безначајно, не е напишано да попуни страници.

Нема да пишувам за текстот нормално ради спојлери но можам да кажам дека има голема доза на магија и интересен magic system со нешто што Erikson го нарекува Warren (има повеќекратно значење и намена, не е лесно да опише). Јас искрено иако сум фан на Fantasy жарнот магијата ми е малку одбивна и сакам да ја има во минимална доза (пр. Westeros, Middle-Earth). Но некако во овој серијал ептен одговара и не делува смешно и детски. Понатаму, Erikson светот го исполнил со уникатни и многубројни раси од кои произлегуваат mages, assassins, thievesи сл. Светот има богата историја која оди наназад со милениуми.Во овој свет опстојуваат и Ascendants, нешто како богови но не клише богови кои се семоќни и на кои сме навикнати да читаме и гледаме на ТВ. Овие Ascendants/gods (да со мала буква) се впуштаат во битки и се вклучуваат на директен или индиректен начин во судбината на ликовите. И секако како и насловот на серијалот во средина на се е Malazan Empire со нејзиниот поход и освојувања.

Да го тргнеме Almighty Tolkien на страна, паралели се прават со GRR Martin и неговиот A Song of Ice and Fire серијал. И со право. Искрено не очекував нешто да дојде приближно до Martin и некако со скептицизам влегов во Malazan.Искрено не треба повеќе од 200 страни за да сфатиш дека Steven Erikson е рамо до рамо со Martin, двајцата се heavyweight и би било дрско да кажам дека Martin е подобар автор само поради што неговиот серијал го пронајдов прв. Јасно е дека некои работи Martin ги прави подобро од Erikson и обратно.

На пример лично сметам дека Martin има многу подобри ликови и нивна трансформација. И двата автори не ги штедат своите миленици и секој во секое време може да цофнат (кој збор а? :D ).

Erikson од друга страна има поинтересен worldbuilding и не го тупи многу на детали во стил на што пиел Wendel Manderly -“washed down with a cup of bullshit” if you know what I mean. Тоа не значи дека Erikson нема детали, напротив има толку многу детали што некои се директно поврзани со приказната. Кај Martin за одреден настан гледаме преку призмата на одреден лик и целата таа глава е посветена на настаните, емоциите и мислите од негов агол. Наспроти ова кај Erikson во една иста глава или помеѓу дијалози перспективата ја добиваш од секој лик засебно преку неговиот PoV и многу често рипа од еден на друг лик (PoV) што признавам кога претставува нови карактери е малку комплицирано за следење но се навикнуваш.

За приказната на Malazan не можам објективно да дискутирам како се носи со Ice and Fire затоа што имам премалку навлезено но дефинитивно го има оној gripping ефект. Штом книгава те остава жив неспан до 5 сабајле се е кажано. Очи ти паѓаат а ти сакаш да прочиташ само уште тој пасус, само уште таа страна, само уште таа глава и така заглавуваш до заборав. Инаку препорака дека дефинитивно овој серијал бара да бидете одморни и фокусирани додека читате и нека не ве плаши фактот што понекогаш можеби ќе треба да се навраќате и препрочитате некоја реченица, пасус, страна.

Комплексноста ќе ги одврати обичните читатели кои по некоја причина дошле до оваа прва книга, дали затоа што некој им ја препорачал или ја добиле за поклон. НЕ е за секој дефинитивно. Јас најискрено им ја препорачувам на сите вистински фанови на Fantasy кои се истрајни и кои сакаат масивни епици од типот на A Song of Ice and Fire. Ако ви се допаѓа GRR Martin 90% шанса ќе ви се допадне и Erikson. Malazan има многу детали и дефинитивно мислам дека ќе може да се пречитува и пречитува и секој пат да се открива по нешто ново.

Целта на овој пост е да се промовира Malazan Book of the Fallen. Знам дека има веќе неколку фанови од Македонија, но бидеќи за Malazan не постои ТВ серија/филм со која популарноста ќе се вивне во облаци задачата паѓа на нас неколку да ги запознаеме останатите потенцијални фанови. Па кој знае можеби по неколку години кога ќе се емитува на HBO серија за Malazan ќе бидеме среќни дека сме навлегле во ова пред да стане мејнстрим. А прашање на време е само кога ќе се екранизира.

Има и други книги сместени во овој свет но Malazan Book of the Fallen главниот серијал се содржи од:

1. Gardens of the Moon

2. Deadhouse Gates

3. Memories of Ice

4. House of Chains

5. Midnight Tides

6. The Bonehunters

7. Reaper’s Gale

8. Toll the Hounds

9. Dust of Dreams

10. The Crippled God

Не верувам дека Икона или некоја книжара кај нас ги носи пошто не се доволно популарни, но ете проверете. Со сигурност книгите може да ги набавите од интернет на Abebooks.com, Amazon.com, eBay.com и сл. Знам дека ќе има прашања па да кажам дека јас го комплетирав серијалот во целост од Abebooks. Книгите се во hardcover формат зашто сметам дека да држиш книга од 1000 страници во paperback е прво незгодно а второ нема да издржи повеќе препрочитувања пред да почне да се распаѓа. Плус изгледа подобро на полица <3.Е сега секој според буџетот и преференциите, не наметнувам мислење туку чисто само совет.

Напомена дека книгите се масивни од 500 па прогресивно стигнуваат до 1000 страни. Потребно е време и истрајност и секако ќе бидете наградени со една фантастична приказна!

TLDR верзија: Вреди да се прочита Malazan серијалот. Зошто? Прочитајте го текстот!

П.С. Читајте ги на англиски доколку сте во можност.

П.П.С. Се извинувам за користењето на англиски во текстот но според мое лично убедување превод на македонски на Sci-Fi и Fantasy ми делува смешно и губи од магијата. Плус полесно е за наоѓање на наслови по странските страници и форуми.
 
Ах, Малазан Книгата за Паднатите... моментално сум на половина од Полноќните Плими.
Што да кажам, sucker сум за жанров и упорно читам скоро се што ќе ми падне во раце. Макар и кога квалитетот е... сомнителен. Но по се изгледа упорноста не е секогаш добра работа и некогаш се прашувам дали вредеше толку време да потрошам на серијал како Тркало на Времето. Серијал каде по првата книга се гледа дека авторот оди на масовност и на квантитет, и дејствијата се влечат и се развлекуваат до бескрај.

Такво чувство имам и за Малазан серијава. Не дека работите премногу се развлекуваат, туку дека изгледа како авторот за главна цел да има пред се масовна продукција на текст.
Не можам да мислам поинаку кога постојано и без престан се нафрлаат нови и нови работи. Премногу протагонисти и премногу антагонисти. Премногу плотови, премногу ликови. Плетора од плитки, невпечатливи ликови кои не успеваат емоционално да инволвираат.
Ох да, има исклучоци. Но тие покомплетни ликови во книгите се присутни во само 10% од дејствијата... заради тоа што во другите 90% авторот еднакво време им посветува на огромното мноштво од други бледи карактери, кои сите како да излегуваат од само неколку психолошки шаблони.

Во врска со споредбите со Мартин и Песната за Мразот и Оганот.
Да се каже дека карактерите од сагата на Мартин се подобро напишани од тие во опусов на Ериксон... тоа пријателе е understatement. Ликовите на Мартин се така интимно и детално представени, што за секој од нив се чуствувам како лично да го познавам. Во секое време чуствувам дека знам како ликот би постапил во одредена ситуација, што може да направи а што не. Не само тоа туку чуствувам дека не ми е сеедно што ќе се случи понатаму.

Не и со ликовите во Малазан. Впрочем и едноставно толку многу ги има, што по некое време не е лесно ни имињата да им ги разликуваш и памтиш. Доаѓаат и си одат, понекогаш се враќаат но тоа што им е заедничко е дека не недостигаат. Поголемиот дел од нив.

Светот во кој се случуваат дејствијата е добар и обемен. Шетањето на акцијата од гледиште на еден актер во гледиштето на друг, и тоа не е лошо. Но описите на битките се бледи, некако неуверливи. Акционите моменти се генерално послаби во однос на тие од други книги.
Фали чуството на епски момент во големите битки, нешто во што Толкин е сеуште недостижен (како за пример).


Со Песната за Мразот и Оганот, не може да има споредби. Барем не од аспект на квалитет. Со мајсторот Толкин, грев правам и со самиот факт дека се дрзнувам да ги споредувам.
Но не е дека Малазан серијата е лоша. Проаѓа, посебно кога нема нешто подобро на лагер. Во мојот случај, едноставно малку ги спуштам очекувањата и тогаш Малазан е ОК. :)



Искрено не треба повеќе од 200 страни за да сфатиш дека Steven Erikson е рамо до рамо со Martin...
Навистина? 200тата страна?
Oh boy you are in for a surprise...

Особено на почетокот а и воопшто, светол момент во Малазан серијата се моментите кога главните актери се војниците на Малазан Империјата. Војничкиот аспект е она што плени (и она што очајно фали понатаму во серијата).
Ако ова е тоа што ти се допаѓа, ти препорачувам некогаш да ја ѕирнеш Црната Чета од Глен Кук.



П.С. Сериозно, очекувам линч за цитираното (и заслужено ќе биде).
Всушност, очекувам гром од гневот божји, од ведро небо да удри во колекцијата од Ериксон и со тоа заслужено да ги прекине ваквите сквернавечки споредби. ;)
 
Хммм... би сакал да посочам еден балкански форум каде имаат „лабави правила„ за постирање линкови за безплатно симнување на книги, меѓу другите и целата колекција на Malazan Book of the Fallen на српски (мора регистрирање, ама вреди).

Не можам да ви постирам директни линкови за симнување, пошто тоа е против правилата на форумов. Но постирање линкови кон други форуми, е тоа не е забрането. ;)
 
Ја барав под дрво и камен првата книга (ја на српски читам). Бев у Топер, мопер, Матица... али нашиве имаат една многу добра навика, а тоа е никако да не ги носат првите делови од серијалите (одкога ќе се потрошат).
Океј, пратив човек у Београд, да побара. Јок бе, нема. Сеа не знам колку добро барал, али тој беше резултатот.
После доста време, успеав преку купикнига сајтот, да си ја нарачам од Србија и ми стигна за 20-тина дена.
Среќен седнав да ја читам и да не го тупам многу, само ќе кажам дека 100% се сложувам со Vanlok.
Сеа, стварно, у меѓувреме купив/читав од Сандерсон - Ред Магле (Мистборн), која трилогија нема да ја дочитувам/купувам и од Гај Гавриел Кеј - Тигана и стварно ова е нешто боље од нив, али со Мартин, па и со Толкин, нема везе (види постот на Vanlok). Ја изглеа сум low fantasy fan.

Што ќе направам сега:
Ќе ја дочитам Месечева Капија, после ќе ја нарачам Оштрица (Blade Itself) од Аберкомби, па ако ми се свиѓа, ќе ја почнам таа трилогија. Сепак како и да е, најверојатно, потоа (а можда и пред тоа) ќе ја прочитам уште еднаш повнимателно Месечева Капија и планирам внимателно да ги дочитам/докупам сите малашки делови.

Иначе мене серијалов на Мартин ми е низ цел стан и више не ги читам од почеток, пошто тоа го направив неколку пати, него, само помини замини, си читам по некоја глава, онака од која и книга да ми е на дофат. Сеа постудиозно ја препрочитувам енциклопедијата TWOIAF.[DOUBLEPOST=1429479687][/DOUBLEPOST]И стварно не знам зашто упорно цело време си ја викам Месечева Капија, а книгата си се вика Месечеви Вртови (Gardens of the Moon).
 
Последно уредено:
Ја прочитав првата книга од серијалов на Ериксон. Ја започнав и втората. Само, има тука работи кои ми се потешки за варење. Премногу ликови и сложеност, но не и доволно длабочина. Не сум воодушевен. Секако, си има книгава и убави страни (одредени делови се добро напишани, има извесна динамика во раскажувањето, некои нешта се добро замислени), ама мене лично не ми остави голем впечаток. Изгледа јас нема да бидам еден од тие на кои книгава им е прекрасна. Сепак, ќе оставам простор за промена на ставот, ќе ја дочитам втората и третата па ќе видам што понатаму.
 
Ја прочитав првата книга од серијалов на Ериксон. Ја започнав и втората. Само, има тука работи кои ми се потешки за варење. Премногу ликови и сложеност, но не и доволно длабочина. Не сум воодушевен. Секако, си има книгава и убави страни (одредени делови се добро напишани, има извесна динамика во раскажувањето, некои нешта се добро замислени), ама мене лично не ми остави голем впечаток. Изгледа јас нема да бидам еден од тие на кои книгава им е прекрасна. Сепак, ќе оставам простор за промена на ставот, ќе ја дочитам втората и третата па ќе видам што понатаму.
Ја богами не ја купив втората. Не и дадов шанса подалеку од првата. Премногу плитко некако ми беше, па се префрлив на Аберкромби, а после откоа прочитав све што има на српски преведено од него, сум на Ротфус, по твоја препорака чинам. Ја купив и ја читам првата (Име Ветра) и не е лошо. Боље ми е од Ериксон, Гај Гавриел Кај и Сандерсон, али полошо од Аберкромби, Толкин и Мартин. Најверојатно ќе продолжам со серијалот, (за разлика од серијалите на првата група автори, од купив само по една книга).
 
Ја богами не ја купив втората. Не и дадов шанса подалеку од првата. Премногу плитко некако ми беше, па се префрлив на Аберкромби, а после откоа прочитав све што има на српски преведено од него, сум на Ротфус, по твоја препорака чинам. Ја купив и ја читам првата (Име Ветра) и не е лошо. Боље ми е од Ериксон, Гај Гавриел Кај и Сандерсон, али полошо од Аберкромби, Толкин и Мартин. Најверојатно ќе продолжам со серијалот, (за разлика од серијалите на првата група автори, од купив само по една книга).
Kingkiller Chronicles јас ги имам препорачано во темата за епска фантазија. Добар е Patrick Rothfuss пошто не се обидува да биде нешто што не е и хуморот му е баш на место. Лесен е за читање и разбирање.

Втората книга до душа му е многу развлечена а од третата ни трага ни глас ала Winds of Winter.
 
Ја богами не ја купив втората. Не и дадов шанса подалеку од првата. Премногу плитко некако ми беше, па се префрлив на Аберкромби, а после откоа прочитав све што има на српски преведено од него, сум на Ротфус, по твоја препорака чинам. Ја купив и ја читам првата (Име Ветра) и не е лошо. Боље ми е од Ериксон, Гај Гавриел Кај и Сандерсон, али полошо од Аберкромби, Толкин и Мартин. Најверојатно ќе продолжам со серијалот, (за разлика од серијалите на првата група автори, од купив само по една книга).

Аберкромби е прилично добар и влева надеж во жанров. Има фино заокружена приказна и добро осмислени ликови и заплети. Неговата втора трилогија, за жал не се разликува премногу од претходно напишаното од него (го имам читано само првиот дел).

Kingkiller Chronicles јас ги имам препорачано во темата за епска фантазија. Добар е Patrick Rothfuss пошто не се обидува да биде нешто што не е и хуморот му е баш на место. Лесен е за читање и разбирање.

Втората книга до душа му е многу развлечена а од третата ни трага ни глас ала Winds of Winter.

Да, ти имаше уште од поодамна поопширен текст за Ротфус, ако добро памтам.

Линков со препораки за фантастика за вас не нуди нешто ново, ама мислам дека е добар водич за почетници, посебно ако не се земе рангирањето здраво за готово. Може и ќе излезе нешто што не сте знаеле дека е напишано. Периодично се обновува.

Јас наскоро ќе започнам со читање на делата од Глен Кук и Скот Линч, па ќе видиме што ќе испадне.
 
Да, препораката беше од Тегла.(y)

Инаку, колку што знам, на Аберкромби не му се вторите три книги трилогија, туку посебни дела, со дејствие во тој свет.
Мене Освета (Best Served Cold) ми беше прилично ОК (прво неа ја читав, а после ја читав трилогијата).

А ова Ериксон, можда ипак некад ќе продужам....чисто, епскоста да ја осетам.

У меѓувреме се прашувам дали после Ротфус да почнам со Вичер? Тоа добро ли е или бљуткаво и безлично?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom