Битуменска шиндра

  • Креатор на темата Креатор на темата Kangchenjunga
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.424
Поени од реакции
9.316
Би сакал оние кои имаат кров со битуменска шиндра да ги споделат искуствата и мислењата, да споредиме цени, монтажа, изолација, трајност и отпорност на високи и ниски температури со останатите видови кровови (ќерамиди/лим).

Разгледав неколку каталози на градежни фирми кои нудат монтажа на битуменска шиндра, цените се движат од 410 ден. за m2 до 480 ден (за споредба, цените на пластифицираниот лим се ~250 ден. за m2). Шајките за шиндрата чинат 250 ден. по килограм, а лепакот е 250 ден. за 310ml. Отпорноста на високите температури е +120 °С и се монтира под нагиб од 10°-85°.

bim-mk-proizvod-bitumenska-shindra-kjeramida.png

DFA92193107549118FDF431FCDD23F57.ashx.jpg
 
Гледам се повеке куќи кои имаат ваков кров и највеке ми се допаѓа од сите останати. Ние сеуште сме на керамида али здравје за во иднина ова ме привлекува највеке.
 
Гледам се повеке куќи кои имаат ваков кров и највеке ми се допаѓа од сите останати. Ние сеуште сме на керамида али здравје за во иднина ова ме привлекува највеке.
Ко ќе пекне едно сонце, уште толку ќе ти станат привлечни :icon_mrgr:
 
Мене лично шиндрата ми се свиѓа, зошто ем добро изгледа, ем поефтина е, ем ја има во различни бои, но сепак би се одлучил за керамида, зошто е најдобар покривен материјал.

Во споредба со другите покривни материјали, поевтина е од керамидата, а тука некаде е и со лимот (пластифицираниот лим од 210 денари не ми се верува да е некој квалитет).

Во однос на трајноста се зависи од квалитетот и производителот. Има луѓе кои по 10 години се жалат за тоа како почнала да се распаѓа, но има и такви кои се фалат и по 30 години користење. Се смета дека векот на траење како здрава шиндра е 30 години, но неможе човек на таа бројка да се држи, зошто се зависи од квалитетот и условите под кои се наоѓа, што значи дека може да трае и 10 години, но и 50 години. Така да врти сучи пак керамидата најдолг век на траење има:)

Се поставува најчесто со ковање, но може и со лепак, на ОСБ табла. Не се поставува секогаш изолација под шиндрата, но пожелно е да се постави воднонепропусна парапропусна хартија која ќе штити од влага, а ќе овозможува пареата да излегува. Брзо се монтира.

Јас имам чуено дека кај нас многу често не ја користеле поради тоа што не била нај нај погодна за нашава клима, демек топлото имало штетно дејство врз неа. Е сега дали тоа е вистина, незнам.

:)
 
Мене лично шиндрата ми се свиѓа, зошто ем добро изгледа, ем поефтина е, ем ја има во различни бои, но сепак би се одлучил за керамида, зошто е најдобар покривен материјал.
Не е поевтина шиндрата, најскапа е. Најевтината што можев да ја најдам е 410 ден. по квадрат. Плус на тоа додај ги шајките и лепакот, по 250 ден. за двете. Лимот е поевтин.

Што се однесува до трајноста и јас прочитав дека пластифицираниот лим е доста подолготраен и поотпорен на времето (зборам стриктно за тука). На повисоките температури шиндрата се шири и намалува. За битуменската шиндра некои од фирмите кај што разгледував, нудат гаранции од 15 години.
 
Бидеиќи долго време(со децении)работам покрај други метали и со Пластифициран лим,рекламации и немаме,
но каде тоа е цената 250 ден за 1м квадрат, мислам дека е двојно.
 
Шиндрата може да биде поефтина од лимот само ако станува збор за лим од 210 денари, за кој колку и да викаат дека е квалитетен, самата цена ти кажува.

Керамидата е најскапа, затоа што едно парче е од 30 денари, па нагоре, што значи 400 денари од квадрат, додади ја работната рака која е скапа, зошто редењето керамиди не е така лесна работа, додади ја цената на летвите на кои се редат керамидите, додади ја цената на металните ливни канали низ кои треба да минува водата кога врне дожд (секако ако станува збор за прекршен кров) и еве некоја минимална цена на шајки/фиксирачи доколку керамидите се фиксираат на летвите. Башка ако ставиш од старите керамиди си направил доживотна инвестиција, тие гајле немаат, отпорни се на се.

Не викам дека е лоша шиндрата, но векот на траење можеби нема да стигне ни до 50 години. Но ако си тргнеш сега пари за во иднина за реновирање на кровот или ако мислиш дека ќе собереш пари во наредните 10 години, тогаш ставај шиндра, најефтино ќе те фати, па за 20 - 30 години ете ти нов кров.

И нека не те буни лимот. Јас лично попрво би ставил шиндра отколку лим, освен ако не е бакарен:)
 
Бидеиќи долго време(со децении)работам покрај други метали и со Пластифициран лим,рекламации и немаме,
но каде тоа е цената 250 ден за 1м квадрат, мислам дека е двојно.
Тоа беше најевтината понуда што ја најдов, 250 ден по m2, меѓутоа плус 10 ден./m2 ребрување. Иначе во право си, со целосна монтажа е 500 ден. по m2.
 
Тоа беше најевтината понуда што ја најдов, 250 ден по m2, меѓутоа плус 10 ден./m2 ребрување. Иначе во право си, со целосна монтажа е 500 ден. по m2.
Сепак тоа е некој бугарски производ, а не скопски,
пред да купиш лим,нека ти дадат податоци која дебелина е наносот на прајмер а која на лакот (и гаранција 1 век)
 
Тоа беше најевтината понуда што ја најдов, 250 ден по m2, меѓутоа плус 10 ден./m2 ребрување. Иначе во право си, со целосна монтажа е 500 ден. по m2.
Ако толку се буниш за тоа дали да биде лим или шиндра, еве ти златна средина......., метална керамида. Незнам која цена е, распрашај се, но станува збор за лим чија површина не е пластифициран слој, туку имаш ем цинк - алуминиум слој, ем имаш завршен слој како кај шиндрата - кварцен песок:)

http://www.integra.com.mk/index.php...-28-16&catid=44:2011-02-28-21-44-13&Itemid=81
 
Сепак тоа е некој бугарски производ, а не скопски,
пред да купиш лим,нека ти дадат податоци која дебелина е наносот на прајмер а која на лакот (и гаранција 1 век)
За битуменската шиндра што мислиш, дали е исплатлива?
 
Оти ? Не ги бива за функционалност, изолација ? :D
Сака да ти каже дека кога температурите се високи и надвор сонцето пука шиндрата како битумен се шири, а со самото ширење - намалување не е онаква здрава каква што си ја купил:)
 
Оти ? Не ги бива за функционалност, изолација ? :D
По материјалот не дава надеж дека ќе прави некоја изолација (во смисла топлотна) а ќе прави изолација во смисла ваздушна што во секој случај е срање пошто ќе нема добро луфтирање на воздухот а со тоа и поволни услови за образување на еветуално влага, при нагла промена на клима.
 
За битуменската шиндра што мислиш, дали е исплатлива?
Јас не би ја ставил никогаш на куќа. освен на настрешница-тераса-летниковец...
само лим на кров,сега го има и во облик на керамида, побарај таков,го прават по мерка,една табла цела должина на кров.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom