Наоѓање злато

Член од
24 мај 2014
Мислења
5.309
Поени од реакции
5.926
Има една тема слична мислам дека беше (Наоѓање богатства) али оваа е сосема различна. Значи дискусиите во темава нека бидат и за големи и за мали наоѓања на злато и општо сите други благородни метали и било какви предмети од тие материјали. Тоа што ме натера да ја отворам темава е рандом видеа низ јутјуб каде обични дечки со мал рачен детектор се шетаат по плажа, река, планина и наоѓаат со килограми златни, сребрени предмети за помалку од еден час. Интересно хоби кое не бара многу машинерија и посебен ангажман а и притоа се заработува. Кило злато и не е така малку. Слободно дискутирајте и за детекторите за наоѓање злато и за законите околу наоѓање злато. Главно целта на темава е пред се ке напоменам е наоѓање, барање злато со речен детектор. Иначе не би било проблем и за големи откопи со големи машинерии да се дискутира.

Еве практично да видите како изгледа наоѓање злато од хоби со рачен детектор.

Ова обавезно да го изгледате. Што направи дечково за 18 минути на плажа во Австралија. https://www.youtube.com/watch?v=kQZasbwb9yM

И барањето злато во река е доста интересно таму покрај прстени, часовници, белегзии се среќаваат и други разни метални предмети меѓу кои и пиштоли и пушки.
https://www.youtube.com/watch?v=UhFM2Lsskl8

Постои и ваков начин на барање злато кои се одвива по ист принцип само што овие луѓе откопуваат цели парчиња необработено злато. Онака изворно како што го создала природата. На видеово имате одличен пример. https://www.youtube.com/watch?v=xuj5pRwpymo

Многу интересен и редок случај е човеков. Дневно заработува околу 300 долари барајќи злато по улиците на Њу Јорк. Ако не е и единствен наоѓач на злато во урбани средини. https://www.youtube.com/watch?v=0xvgCGhTWJk
 
Памтам дека имаше една ваква тема каде дискутиравме за златото во реките.

Иначе пронаоѓањето на златото и не е така едноставен процес и работа кој би се нарекол хоби. Повеќе припаѓа во групата напорна работа, зошто ако така беше лесно пронаоѓањето на златото во вид на хоби, сите ќе баравме злато и ќе бевме богати.

Исто така имам слушнато дека во Маркова Река во песокот (или незнам во што таму) имало застапена одредена количина на злато, кој со преработка овозможува да се добие чисто злато.

:)
 
Не заборавајте дека ако ве фати полиција го јадевте за ова во Македонија. Според некои Ш закони ако најдеш нешто е државно а не на тој што го нашол.
 
Не знам колку би било мудро некој да признае дека нашол злато xD мислам дека следува затворска казна доколку не се пријави затоа што автоматски ако не е твое и припаѓа на државата, за другите земји не сум информирана како е...

Инаку и јас еден период се интересирав за злато и како тоа може да се најде, дознав дека најефтиниот детектор е 150.000 евра ама сигурно не е толку добар колку некој од 300.000 или повеќе so i gave up xD
 
Последно уредено:
Тетка ми пред 20 години сонувала некој чуден сон со инструкции каде има ќуп со злато и му го кажала сонот на братучедот како на шала
(еј братчед онаму има злато , на сон ми се прикажа , да не ти се верува бе хаха ),
после некое време била на тоа место , видела ископана дупка под тоа дрво ,
внатре имало празен ќуп ...
... во меѓувреме , тој братучедод се отселил во Русија :свиркам:

tumblr_lz3ldksuS21r5yswh.gif
 
Деца, размислете кој би закопал некаде злато и после никогаш не би дошол ни тој ни некој негов близок да го откопа и земе? кои се тоа ситуации да натераат чоек да закопа злато и никогаш не го откопа.
Се случуваа војни, се наближува неприателот и се крие се што е вредно, е сега не секогаш вредностите биле златни. Најчесто биле пари кои во 90% случаеви биле од бронза или друг метал. Исто ко сега да откопаш сандаче со 10 милиони српски динари од 1941 кои сите на куп не вредат 50 евра. Или да закопаш сега 50.000 евра кој ќе ги најде некој после 500 години кога нема да важат појќе.
Од ко ги закопал и скрил, треба тој и неговите најблиски сите да загинат или умрат и тајната каде се закопани да замини со нив во гроб. Никој не е будала да знае дека татко му или дедо му закопале некаде злато или ако знаеле дека го има - да не појдат и го побараат. До сега се откривани сепоа на пари значи скриени и никој не дошол да си ги земи, од време на рим или византија но ретко кога тоа се златници. Нивната вредност е нумизматичка, вредност на бронзена пара а не вредност на металот. Некогаш тоа се вредни монети ретки кои достигнуваат големи суми по аукции но најчесто се ефтини секојдневни монети од време на рим или византија. И во турско златници беа реткост и не се оставаа наоколу туку така, и тука најголем број пари се бронза и бакар и со уште помала вредност од античките.
Тргнете од себе ако се наближува некоја криза или војна, најубо е да си ги имате парите при себе, ќе ви се најдат и ако бегате и ако ве фатат па да си откупите слобода или ако останувате, значи негде уз вас, ако се бега од катастрофа, прво највредното се зема, се остава мебел, алишта, постелнини, садови а се земаат парите.
Така да прикаски како многумина нашле грниња со злато - се фантазија, јас 8 години работев службено со метал детектор низ познати историски локалитети и не најдов ни еден златник ни златен предмет. Но најдов предмети од бакар или железо чија вредност изразена во грами го надминуваше далеку златотото. И секогаш ко ќе ме видеа со детектор на терен, луѓето викаа “еве кој ќе го најде грнето“ или “ Ај да те земам кај мене в село дедо ми ми велеше имале турци или комити или французи..“ закопано 2 сандаци злато. Се е тоа детска прикаска
Ако барате вредност од минато, најдете античка скулптура. Само глава на таква античка фигура, со скршен нос, изабена од времето.... достигнува вредност и до 100.000 долари. Како да сте нашле 2,5 кила злато и то само во вредноста на скршената глава.
 
Има многу луѓе што закопувале злато во минатото, посебно во време турско, и златото е таков метал што е подвижен во земја ако пред 500 години е закопано под некое дрво сега сигурно неколку метри е одалечено од дрвото, така да без детектор ништо, а скапи се детекторите инаку лесно би било...
 
@Let 3 A што мислиш зошто секоја пронајдена статуа е само торзо без дланки и глава. Се одкопува цела, се крши главата, се закопува торзото на некоја недела и после при повторно одкопување се викаат телевизии кога веќе е цела надвор. За злато има легенди но има и „анти легенди“ неретко во преданијата за тие на сон на луќето им се вика да фрлат пепел по местото каде долу има демек закопано нешто а да се вратат другиот ден и видат што има на пепелта. Многу од нив кажале дека другиот ден виделе детски стапалки на тоа место. Тоа според преданијата е ако копаш ќе оди твое дете „курбан“. Многу од нив умреле без да кажат каде е тоа место...
 
@Let 3 A што мислиш зошто секоја пронајдена статуа е само торзо без дланки и глава. Се одкопува цела, се крши главата, се закопува торзото на некоја недела и после при повторно одкопување се викаат телевизии кога веќе е цела надвор. За злато има легенди но има и „анти легенди“ неретко во преданијата за тие на сон на луќето им се вика да фрлат пепел по местото каде долу има демек закопано нешто а да се вратат другиот ден и видат што има на пепелта. Многу од нив кажале дека другиот ден виделе детски стапалки на тоа место. Тоа според преданијата е ако копаш ќе оди твое дете „курбан“. Многу од нив умреле без да кажат каде е тоа место...
тоа е зато што кога се населиле овде словени и други варварски племиња, ги кршеле статуите како за нив невредни белези и најчесто користеле како градежен материјал, така да имаш делови од скулптури вградени во зидови или во под или како скалило. А главата веројато ја уништувале можеби од обредни причини
 
тоа е зато што кога се населиле овде словени и други варварски племиња, ги кршеле статуите како за нив невредни белези и најчесто користеле како градежен материјал, така да имаш делови од скулптури вградени во зидови или во под или како скалило. А главата веројато ја уништувале можеби од обредни причини
Можеби на тие што се пронајдени пред 50 години, на тие што се последниве 10-15 сите се лева рака десен џеб, бар на тие пронајдени стибера-бонче-бакарно гумно
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom