Абе реално и играчите шо идат во Македонија не вредат ни 1/3 од парите шо ги барат(со секоја чест на исклучоците)...
Ама да дајш 1000+ евра за играч шо до вчера имал аматерски договор во Будванска Ривиера или некој друг клуб шо не го знај никој на мапата е глупо...
И со мал буџет можи да се напрај екипа...
И со 100 ина К можиме да напрајме добра екипа,ама ако ги одберат правилно играчите...
Има играчи колку сакаш,Србија и Црна Гора се голем пазар....
Нема потреба од фрлање пари како на времето во ерата на Тушнико Volume 1,2,кога за една полусезона спичкаја +200К,а

свиткаја...
А и ако се земат играчи,не мора наеднаш цел ростер да се пополнува,ко порано шо праеја,по 4 играчи шибаја на позиции...
Небаре Кил сме..

Еве се спомнува лев бек ќе носеле...

Нема потреба од лев бек,зошто ни е?
Ко јасно кажват дека главен приоритет е да се задржат Дрогата и Фитило глупо е да носиш уште еден играч за да му зема минутажа...
Освен ако е Оса,за него можи да има место,можи да игра и среден...барем проверен играч е ако ништо друго...
Шо ќе беше на времето ако на Кире му донесеа замена?Никогаш немаше да биди ова шо е денес..
Нека го остат Дрогата сам на лев бек,и поголема самодоверба ќе има,а Фитило нека биди бекап,и двата ќе напредват,а и клубот ќе добие..
Млади се,посебно Дрогата е надежен,и можи да се напрај во класа бек,само да поработи малку на движењата,пред се на влезот во просторот од 9до6 метри..
Некако како да бега од тој простор и гледа да завршва однадвор,ако успеј да се подобри овде,пред се на финта,и на игра еден на еден ќе биди далеку подобар......
Фитило според мене има подобра техника,ама некако нема толку во глата ко Дрогата,посебно ко ќе му тргни на удолу се губи,а и во одбрана е доста слаб,сепак млад е многу и можи да му се прогледа низ прсти...
Ако му донесат уште еден лев бек ќе ги запустат,посебно ако биди некое тркало ко Филиќ,освен ако ги ротират и да ги форсират и на среден,ама така мислам дека полошо ќе биди,не се снаоѓаја добро ни едниот ни другиот на среден,освен за укрстување...
За ова екипа сеа шо ја имаме според мене треба...
Еден посолиден десен бек,поарно него нека го платат за тројца,.отколку да фрлат пари за некој просеци..
Замена имаме во Рајатоски....ветува детето,само треба да го исчеличат малце...
Пикер обавезно,и то некој висок шо ќе игра во двата правци...
Ете Јанев е слободен,ама прашање е дали ќе дојди уште еднаш тој овде,сто пати го издупија...
Голмани има,ете и онај со зелените патичиња се покажа на некоја утакмица,не е лошо детето,високо е,знај да се постави,ако го изделкат можи да биди нешто..
Е сеа заебано е шо немат најдено некој тренер за голмани,поарно Фацата нека го вклучат во тренинзите,барем чоеко цел живот беше голман и ако ништо друго ќе се посвети на голманите..
Не знам Џинксо дали уште е во ракомето,мислам дека работи негде,и е тргнат одамна,и не ми се верва да можи да иди..
Иначе тој дури беше во Пелистер ги напрај голмани и Диви,пред то Мисовски....
Мора ова да го средат,Цревото знај најдобро дека голманот е пола екипа..
Поарно парите од буџетот да се искористат за подобрување на условите за тренинг,функционирање на клубот,а после спонзорите кога тогаш сами ќе дојдат...
Ама ако немаш здрава основа за тренинг,за работа џабе е се....
Да се вратам на екипата..
Среден бек обавезно,клучна позиција,заедно со десен бек...
Овде мора да ги насочат сите сили.....
Лево крило обавезно,а и не е морално,пак Игорче е тука,плус Коко ако не се повлечи како замена,салам сме покриени овде..
Десно крило мора,едно салам,и една замена....
Штета шо Иве го лапна Обама,барем за замена ќе бркаше работа...
И ако се ископа некој висок играч,искусен,само за одбрана,ова беше најслаба позиција лани...
Или пак нека ги облечи патиките пак Ќани,или мојме да напрајме некоја финта со Фарук...

Таман му помина суспензијата,по млатењето на судиите и играчите од маркетите и е желен за игра и ќотече..


Не мора ни да тренира,само нека иди на утакмици...

Ајде би требало да биди нешто,барем да има ред,и да завршиме една сезона ко шо треба,позицијата не е важна толку...[DOUBLEPOST=1437115626][/DOUBLEPOST]
Нека го вратат и Менде од Прилеп... Можи како браќа не, ама ко за први брачеди ептен личат
@BilboBaggins Ќефој ќе биди ако се врати Менде...
