Каролина Гочева

  • Креатор на темата Креатор на темата Word$haker
  • Време на започнување Време на започнување
Прекрасна е во овој стајлинг, ама косата од блиску изгледаше искубано целата.
 
Ја пееше Кој да ми запее кај Иван, што не им ја испее Две лири на Србиве.
Кога Снеже ја интервјуираше после настапот, за време на рекламите, Каролина кажа нешто во стилот дека “Кој да ми запее“ е првиот сингл од албумот кој го промовираат, така што веројатно затоа не пее други песни моментално, затоа што оваа песна ја форсираат како прв сингл. :)
 
Каролина едно време се подизгуби од јавноста, но еве гледам дека повторно почнува да се појавува по телевизиите, што ми е многу мило. Од новиот албум Чалгиска и Две Лири и се одлично испеани и се многу заразни............., еднаш ги слушаш и во наредните неколку дена цело време си ги потпевнуваш.
:)
 
Не се појавува на македонски телевизии без причина. Моментално го промовира албумот во екс ју земјите, затоа ја гледаме по српските шоуа.
Мене Кој да ми запее ми останува омилена.
 
BANSKO BOHEMI BALKAN FESTIVAL
26 И 27 ЈУНИ 2015 ГОД.

КАРОЛИНА ГОЧЕВА - проект ''МАКЕДОНСКО ДЕВОЈЧЕ''
&
Zeljko Joksimovic

11036490_10153355905693236_462030541526068300_n.jpg

LINK https://www.youtube.com/watch?v=ocLRBD68zz8
 
Ќе утне некогаш со стајлингот?
Мислам дека е најдобро облечена јавна личност на цел Балкан.
 

ОВА ЛЕТО...

23.07.2015 - Хераклеа - Битола
24.07.2015 - Антички театар - Охрид
02.08.2015
- Градски парк - Дојран

11665781_924618920912577_9184586513761466632_n.jpg

Ве информираме дека Каролина со својот сега веќе историски проект „Македонско Девојче“, покрај настапите надвор од Македонија како Бугарија (Банско фест) и Србија (Егзит Фестивал) ќе одржи неколку големи концерти и во Македонија.

До сега потврдени се три концерти и тоа, на 23ти јули Каролина со својот бенд ќе има свој самостоен концерт во Битола во античкиот локалитет - Хераклеа, а следниот ден на 24ти јули Каролина ќе настапи во Античкиот тетар во Охрид. Оваа мини турнеја завршува на 2ри Август, кога Каролина на нашиот најголем национален празник ќе пее во Дојран во Градскиот Парк кој ќе биде голем празничен концерт за сите фанови од Дојран, Струмица, Гевгелија, Валандово....

Влезниците по цена од 300 мкд ќе можете да ги купите преку продажната мрежа на Купи Карти За Се.
 
Последно уредено:
Вечерва во 00:40, Каролина настапува на Fusion Stage на Exit Festival 2015

11745700_927103117330824_6577810157695777500_n.jpg
[DOUBLEPOST=1436650520][/DOUBLEPOST]
11709384_10152985999267078_4646248783073546436_n.jpg

11224215_10152985999237078_9068509558604374220_n.jpg
11698698_10152985999247078_195702974565866252_n.jpg
11702907_10152985999442078_3523971916535634018_n.jpg
11701089_10152985999392078_3945205038137373142_n.jpg

Karolina vo backstage studioto na Antenna 5 na Exit 2015!
Taa nastapuva vecerva na Fusion Stage-ot.


https://www.facebook.com/Antenna5/posts/10152986001712078
 
Последно уредено:
Каролина Гочева на Егзит: „Македонскиот мелос е секаде сакан и почитуван!“

Вчеравечер на фјужн бината на Егзит фестивалот во Нови Сад настапи Каролина Гочева, единствена од македонските пејачи кои оваа година настапуваат на овој најголем европски фестивал.

И како за изненадување, пред сцената се бараше место повеќе, затоа што освен Македонците кои оваа година на Егзит ги има во најголем број досега, Каролина дојдоа да ја видат и посетители од Србија, Унгарија, Англија, но и од останите земји каде допрел македонскиот мелос.

– „Секако дека проектот „Македонско девојче“, првиот и вториот албум, со самото тоа што се инспирирани од богатиот македонски фолклор е доволно за презентација на Македонија и македонската музика. И ова не е првпат. Порано кога го изведував поп репертоарот, знаев да отпеам и некоја од старите македонски песни кои се најпознати и секогаш реакциите беа одлични. Така што не сум изненадена од реакцијата на публиката беше одлична, бидејќи македонскиот мелос насекаде е препознатлив , сакан и почитуван.“ – изјави Каролина за Популарно.мк.

Освен во странство, Каролина ова лето има концертна турнеја и низ Македонија:

– „Сега следуваат концертите во Битола, Охрид и Дојран, кои минатата година поради познати причини ги откажавме. 23 -ти сме во Битола, 24 -ти јули сме во Охрид, на 2-ри август сме во Дојран. Така што, повторно сте поканети доколку имате време.“ – за крај додава Гочева.

DSC_0637.jpg


DSC_0622.jpg


DSC_0596.jpg


DSC_0627.jpg


DSC_0598.jpg
 
Изгледа подобро од било кога. Ноу комент за стајлингот за оваа пригода.
 
Браво за настапот кој го имаше на Егзит, затоа што ретко кој Македонски пејач до сега се појавил на тој фестивал!

Иначе шала на страна, но моментално Каролина е водечка сила на Македонската забавна естрада......:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom