Криминалци и криминални групи во МК

Член од
24 мај 2014
Мислења
5.305
Поени од реакции
5.911
Малку за противничката страна на Драган Стоименов Дацо. Односно за уапсените и осудените во акцијата Детонатор од пред 3 години.

Столе Трпевски
10013332_859637940718958_1120211399_n.jpg
Столе Трпевски е најстар и најглавен на противничката група на Дацо. Групата на Столе е поголема од групата на Дацо односно Столевци се некаде 15-тина души и ги има и од Кочани и од Виница. На Дацо екипата е помала дали 10-тина души. Сите бомби и атентати извршени врз Дацо се организирани од оваа група освен последниот инцидент со Дацо кога му пукаше во колено Нинџа. Столе лично како и другите од противничкава негова група изминативе 15-тина, 20 години се занимавале со рекет, лихва, нелегални коцкарници. Столе беше вмешан и кога беше убиен негов другар од страна на Тигар во 2003 година пред кафе бар во Кочани. Поради тој инцидент го осудија на 6 месеци затвор, но дали ги одлежа не знам. Многу информации за Столе немам ама има доста многу инциденти со него и неговата екипа.

Жан Железарски
18898_10205918344376454_4033021078944054122_n.jpg
Жан е десна рака на Столе и највлијателен после него во нивниот криминален чопор. Не е сигурна информација, но како што ми е пренесено Жан и Столе се во блиска роднинска врска. Иако доста млад Жан е (беше) доста влијателен низ Кочани и Виница и еден од главните иницијатори на Дацо да му се наместат бомби. Со него има многу многу инциденти тепачки, престрелки, разбојништва (демолирање локали) и ред други работи. Мислам и дека Жан е тој што и рекол на судијката на едно од последните рочишта за Детонатор "Ке ви ставиме и вас бомба и ке летнете." По што он и уште некој добија плус две години затвор за закана.



Подетално за криминалната група уапсена во Детонатор.

Екипата од Детонатор односно противничката група на Дацо е многу многу вооружана поточно беше вооружана. Луѓево имале пиштоли, рафални пушки, бомби, ракетни фрлачи и др. Јавна тајна а сепак добро сочувана тајна е дека овие луѓе беа луѓе на Дејан Митровски Урко. Апаратите за коцкање заедно ги имаат пренесно преку граница Урко и баткиве. Иако членови и симпатизери се овие на опозицијата сепак имале добра бизнис врска со Урко. Профит е во прашање нема играчка. Тиквата пукнува кога пукнува пријателството помеѓу Урко и Мијалков. Групата на Дацо и групата Детонатор на Столе си имале стари закачки, но бидејки имале ист газда кои ги води за поводник (Урко) имало некоја толеранција. Ама кога Урко се скарува со чичко Началниче ги уапсуат Детонаторци на Столе а паметниот Дацо противник на Детонаторци како ни две секунди да немал пријателство со Урко намирисувајки ја работава се мести во скут на Началниче него не го апсат и сега е главен човек на Мијалков за рекет бизнис во Кочани, Виница и околијата. На Детонаторци им беа дадени највискои можни затворски казни да неречам нереални на некој од нив дури и доживотно.

Нешто детали за убиството во 2003 во Кочани.
5 Септември 2003. Убиениот Игор Стојанов (22) другар на Столе Трпевски незнам поради што точно иде во конфликт со тигарот Кристијан Коцев (25) пред пивницата (Бир Паб) во Кочани. После вербална расправија во два наврати Игор со негова голема екипа меѓу кој и Столе Трпевски го претепуваат од ќотек тигаров Кристијан во пивницата по што тој едвај се искубува и испаѓа од локалот. Кога излегол надвор Кристијан пукнал два пати во воздух за да ги заплаши Детонаторци кои тогаш работеле обезбедување по локали во Кочани, но џабе тие не се исплашиле и продолжиле од влезот на пивницата кон него да маваат со сотлчиња по што тој пукал во неговата главна цел Игор и со три куршуми го усмртува. Два од куршумите завршиле во рамо а еден во глава кој бил фатален. Игор умира на пат за накај болница а Кристијан го однеле на лекување од тешки телесни повреди. Кристијан доби 12 години затвор за ова а Столе и другите соучесници од страна на убиениот Игор по 6 месеци затвор.

Сител за тоа кој се луѓето уапсени во Детонатор. (нема врска видеото со мене јас не сум за никоја партија...) https://www.youtube.com/watch?v=qVU2EAb_Jeg

МВР со снимки од акцијата каде се гледа лихварско должничкиот тевтер на Детонаторци. https://www.youtube.com/watch?v=AoMvICyx46c

Прес 24 за доживотните пресуди на Детонаторци. https://www.youtube.com/watch?v=y0PSlPuRodc

Доказ.Мк за инцидентот со семејствата и роднините на осудените кога во Јануари годинава го затворија патот Кочани-Виница бунтувајќи се против пресудите.
http://www.dokaz.mk/semejstvata-na-osudenite-vo-detonator-go-blokiraa-patot-kochani-vinitsa/

Вест и Дневник за убиството во 2003.

Вест за убиството. http://star.vest.com.mk/default.asp?id=62183&idg=3&idb=875&rubrika=Makedonija

Дневник за убиството. http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2170&stID=19153

Дневник за пресудата на Тигарот, убиецот. http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2327&stID=26478

Зоран Божиновски и неговиот Буревесник за позадината на случувањата во Детонатор. http://burevesnik.org/mk/2012-11-28-07-48-21/item/314-detonatorot-i-negovite-zad-kulisni-akteri-i-igri.html[DOUBLEPOST=1436560380][/DOUBLEPOST]Ексклузивни информации за најголемото убиство во нарко трговијата. Се работи за убиството од септември 2010 година кога беше убиен еден од најголемите нарко босови воопшто Јордан Јорданов Ркулот главниот на Франкфурт Мафија.

"Она што на контролираниот македонски суд во процесот против Тони Денковски, ниту еднаш не дојде на дневен ред, е причината за крвавиот пир на Денковски во „Биг Фиш„. Според моите извори мотив за пресметката на Денковски со Милошев и Јорданов е огромниот притисок кој двајцата му го вршеле, со попатни закани по живот на неговата ќерка, поради пратка на кокаин до Франкфурт која Денковски се обидел сам да ја транспортира, одбивајќи помош од курир на „франкфуртската мафија„. Таа пратка паднала во Унгарија, а Јордан Јорданов Ркулот му пресметал „фактура„ на Денковски во износ од 200.000 евра за да му ја надомести штетата. Критичната вечер пред да се случи масакрот во „Биг Фиш„, Јорданов извршил жесток уценувачки притисок врз Денковски за да си ги наплати еврата што ги барал, а на тој притисок Владо Милошев „додава„ и два боксерски удари по лицето на Денковски, за да му покаже дека не се шегуваат. Денковски нешто подоцна се пресметува со нив така што ги убива во ресторан „Биг Фиш„, а одмаздата стигнува деновиве. Судот на ВМРО ДПМНЕ конечно му пресуди доживотен затвор. Убил луѓе од нивниот криминален систем!"


И мало надополнување со битни детали за Франкфурт Мафија.

"Мои извори од Неготино тврдат дека додека бил жив Јордан Јорданов Ркулот, бизнисот со кокаин на релација Велес – Неготино, се одвивал беспрекорно. Љупчо Пецов Ѓаволот кокаинот му го плаќал на Јорданов со скапи возила, со што овој бил задоволен бидејќи можел веднаш да ги препродава. Правило кое секогаш го почитувале и Ркулот и Ѓаволот е никогаш со нив да не носат кокаин, за да не се случи некакво „случајно„ апсење и недоразбирање со МВР. Договорените количества кокаин помеѓу нив двајца, секогаш ги дистрибуирале тројца вработени кај Ѓаволот, дилери познати како Ѓмата, Шкреко и Васо Крејзи. Иако вработени како возачи во „Алма Комерц„ сепак и тие поседуваат луксузни возила, располагаат со многу пари, а поседуваат и скапи моторцикли корисни за брз транспорт на кокаин од Велес до Неготино, Кавадарци и Неготино."

Ова се извадоци од текстот "Адон не лае на домашни нарко дилери." објавен на страницата Буревесник благодарение на нејзниниот уредник и сопственик Зоран Божиновски.



Еве линк од целиот текст. http://burevesnik.org/mk/2011-07-09-13-25-27/item/318-адон-не-лае-на-домашни-наркодилери.html
 
Последно уредено:

Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
EEEE бе Ризец, ги искина мафијашиве. Од кај тие информации? :П
Има пуно криминал кај нас тука, централен дел е , гепекот на балканот.
Моја генерација криминалци знам пуно и нема смисла да ги именувам тука.
Кога ќе има некој посебен настан во весник ќе пишам нешто.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.305
Поени од реакции
5.911
EEEE бе Ризец, ги искина мафијашиве. Од кај тие информации? :П
Има пуно криминал кај нас тука, централен дел е , гепекот на балканот.
Моја генерација криминалци знам пуно и нема смисла да ги именувам тука.
Кога ќе има некој посебен настан во весник ќе пишам нешто.
Хахаха братец ја немам ништо против нив, со нив и со тоа што им е занает на криминалциве едноставно ми се интересни приказните околу нив. И целото однесување во тие кругови. Иначе црпам од кај ке стигнам за настаните од по интернетов, доста работи од луѓе што ми кажуваат случките... Иначе слободно пиши за кој мислиш и сакаш криминалци јас гледам тука да ги објавувам да речам овие поголемиве криминалци што имаат или имале име а не е проблем да се пишуваат и помалите. :)
 

Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
Хахаха братец ја немам ништо против нив, со нив и со тоа што им е занает на криминалциве едноставно ми се интересни приказните околу нив. И целото однесување во тие кругови. Иначе црпам од кај ке стигнам за настаните од по интернетов, доста работи од луѓе што ми кажуваат случките... Иначе слободно пиши за кој мислиш и сакаш криминалци јас гледам тука да ги објавувам да речам овие поголемиве криминалци што имаат или имале име а не е проблем да се пишуваат и помалите. :)
Јасно ми е ситуацијата, уживај.
Убаво е да се дискутира убаво околу ова.
Ќе стаиме некои што треба, пола другари у затвор ми се. :)
 

gug1

њњ
Член од
14 мај 2011
Мислења
330
Поени од реакции
101
Јасно ми е ситуацијата, уживај.
Убаво е да се дискутира убаво околу ова.
Ќе стаиме некои што треба, пола другари у затвор ми се. :)
Што убаво си се пофали со овоа последното. :vozbud:
 
Член од
29 септември 2011
Мислења
2.137
Поени од реакции
2.324
Imase nekoe ubistvo na pat kon nekoja vikendica vo nekoja suma nz mislam deka bese Velesko nekade samo nz za koj se rabotese znam deka bese nacekan i izreseten so kalasnikov.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.305
Поени од реакции
5.911
Imase nekoe ubistvo na pat kon nekoja vikendica vo nekoja suma nz mislam deka bese Velesko nekade samo nz za koj se rabotese znam deka bese nacekan i izreseten so kalasnikov.
Да да го паметам случајот во мај 2011 година се случи. Не го пишав зошто не се работи за некој големи криминалци, но околу случајот се крена голема галама. Штркот и Кучкарот и двајцата од Велес биле бизнис партенри, бизнис партнери за рекет и кражби. Штркот е од постарите бараби од девеесетите ама никогаш не бил нешто голем и моќен онака кражби и по нешто рекет а Кучкарот му беше потрчко и помошник во последните години иначе мочко од дечко најсериозно. И им извршија атентат во местото Исмеил Чешма близу Велес тоа не е село ниту населба него лозја има и бавчи... Штркот и Кучкарот иделе од Велес накај Исмеил Чешма односно оделе накај лозјето на Штркот во случајов возел Кучкарот зошто на Штркот не му било добро и на нај грмушестото место пред почетокот на лозјата повеке луѓе мислам дека точно тројца со калашникови им вршат професионално убиство точно незнам али поручек време некаде околу 6, 7 саатот и баткиве ги начекуваат и ги прават решето, ги испразнуваат шаржерите и ги снемува. Кучкарот умре на лице место а Штркот имаше доста прострелни рани главно во ногата и му ја пресекоа ранетата нога али преживеа. Не отркрија кој е убиецот/убијците ниту нарачателот. Меѓу народот се поврзуваа муабети дека двајцава пред незнам колку месеци пред убиството некој човек мислам дека дел од Франкфурт Мафија го тепале повеке пати а последниот пат пред жената и децата заканувајки му се дека ако не им го даде рекетот што го бараат готов е и мислам дека му ја запалиле и колата. Човекот го снемало од градот неколку месеци и денот кога се случи убиството се појавил првпат човекот по толку месеци. Многу луѓе шпекулираат дека тој е нарачателот и дека платените убијци не биле од МК, но не се знае пошто имале многу проблеми и многу дела фраерите. Али ситни криминалци ништо особено.
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Кога споменавте убиства, пред 10ина години изрешета едни двајца скопски бизнисмени на семафор некаде во Скопје, знам Застава 101 им се испречила, и ги изрешетаа со калашникови. Се збореше тоа време дека се платени убијци од Косово.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.059
Поени од реакции
74.687
Кога споменавте убиства, пред 10ина години изрешета едни двајца скопски бизнисмени на семафор некаде во Скопје, знам Застава 101 им се испречила, и ги изрешетаа со калашникови. Се збореше тоа време дека се платени убијци од Косово.
Тоа беше крвна одмазда за убиство на паркинг во Топанско поле.
Ако збориш за истото, ова е тој настан:
http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=2157&stID=74933&pR=2
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.305
Поени од реакции
5.911
^ Во 99% од случаите платените убиства се од албанци од косово низ целиот балкан а особено кај нас тие батки извршуваат секакви убиства и на секакви луѓе а исто така и бугарските криминалци во последниве десетина години се занимаваат највеке со платени убиства али на поголемо ниво и многу по професионално... Професионален снајперист, ракетни фрлачи. Ц4 бомби итн.
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Во Бугарија си има посебни банди што до некаде се специјализирани за насилниот криминал, убиства, грабнувања, тепања, сечење уши итн.
Таму имаше случаи со платени убијци Хрвати.
 
Член од
4 октомври 2014
Мислења
173
Поени од реакции
54
Хехехе какви сељачишта. А бе што не ги решавате со куршум во глава? Кој од кој сељак се овие "мафијаши".
Изгледа народот македонски е премногу плашлив.
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Хехехе какви сељачишта. А бе што не ги решавате со куршум во глава? Кој од кој сељак се овие "мафијаши".
Изгледа народот македонски е премногу плашлив.
Што не ги решиш ти ако си толку јак? :)
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
@Црноризец Храбар
За Тони Манџата да не имаш нешто повеќе ме интересира?
И тој има прилично дебело криминално досие...

едит: Гуглајќи ми излезе тема отворена од @ManowaR со интересно видео, цитирам:

По препорака на еден драг колега од Гевгелија, го изгледав документарниот филм за Тони Манџа, изработен од Марија Џиџева како дипломски труд во 2003 година. Филмот трае 30 минути, и нема да разоткривам ништо, туку топло ви го препорачувам да го изгледате.
Повелете:




Очекувам дискусија за изработката на филмот, за тоа што се говори во него, како и поопширни информации од гевгеличаните на форумов!

Па ако најдеш нешто повеќе пиши, мислам ако се вбројува во покрупниве апаши :) Инаку ги има 3 дела , да не ја полнам темава со видеа ќе ги најдете на јутуб.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom