Dani
1 + 1 = 10
- Член од
- 22 јуни 2010
- Мислења
- 24.542
- Поени од реакции
- 59.222
Свонси е велшки фудбалски клуб основан во 1912 година во истоимениот град. До 1969 бил познат под името Свонси Таун, а после тоа како Свонси Сити.
За прв пат во фудбалска лига играле во 1921 година.
Најдобар пласман имале сезоната 1981/82 во тогашната Прва дивизија (лига по најголем ранг во Англија во тоа време) под водство на Џон Тошак. Ова за нив била и дебитантска сезона во Прва дивизја. Веќе наредната сезона испаднале од оваа лига.
Третото место во Чемпионшип сезоната 2010/11 им овозможи да играат плеј-оф за влез во Премиер лигата. Во полуфиналето го добија двомечот против Нотингем Форест со вкупни 3-1, додека во финалето беа подобри од Ридинг со резултат 4-2, така што после 20 години пауза повторно изборија пласман во елитното натпреварување, станувајќи прв Велшки клуб кој заиграл во Премиер лигата.
10 пати се освојувачи на Велшкиот куп. Во ФА купот најдобри резултати оствариле во 1926 и 1964 година стигнувајќи до полуфиналето. Три пати се освојувачи на третата англиска лига и еднаш на четвртата. Во 1994 и 2006 година се освојувачи на Трофејот на фудбалската лига.
Сезоната 2012/13 Свонси се освојувачи на англискиот Лига Куп, победувајќи го тимот на Бредфорд Сити со убедливи 5-0. На патот до финалето Свонси успеа да ги совлада тимовите на Челзи и Ливерпул. Оваа победа им обезбеди учество во Лига Европа што претставува еден од најголемите успеси на клубот.
Во ЛЕ пак, со победите врз екипите на Малмо и Петролул Плоиести избори пласман во групната фаза. Таму во конкуренција на Валенсија, Сент Гален и Кубан Краснодар, Свонси успева да ја помине групната фаза како второпласирана екипа. Но веќе во 16 финалето Свонси е исфрлен од ова натпреварување од тимот на Наполи со вкупен резултат 3-1 во корист на Италијанците.
Под водство на Гери Монк, нивни поранешен играч, Свонси последната сезона во Премиер Лигата ја заврши како 8мо пласирана екипа со 56 бодови.
Во текот на сезоната Свонси остана без еден од најдобрите играчи во тимот, Вилфрид Бони, кој замина во тимот на Манчестер Сити. Бони во тимот на Свонси дојде летото 2013 година од тимот на Витезе за сума од 12 милиони фунти. Со тоа Бони стана најскапиот трансфер во историјата на клубот.
Ривали на овој клуб се Бристол Сити, Бристол Роверс, Њупорт Каунти и секако Кардиф. Ривалството помеѓу Свонси и Кардиф преставува едно од најлутите ривалства во британскиот фудбал. Овој дуел е уште познат и како јужновелско дерби.
(Liberty Stadium)
До 2005 година Свонси гостите ги пречекуваше на стадионот Веч Филд, по што се преселија на Либерти стадион кој го делат со рагби клубот Оспрејс. Капацитетот на овој стадион изнесува 20750 места, а изградбата на истиот чинела 27 милиони фунти. Првиот меч на овој стадион Свонси го одигра на 23 јули против екипата на Фулам (тогаш менаџирана од Крис Колман, поранешен играч на Свонси). Овој натпревар бил од пријателски карактер и завршил без победник со резултат 1-1.