Заклучив дека е глупаво да разговарам на овие теми (тоа ми е редовен заклучок пак ќе си дојдам за некој месец)
Решив дека ако не работам тогаш нозете на висока перница и ќе гледам работна акција на макс тв
И си пуштив алфа, работна акција од вчера епизода мислам, и си гледав... заврши работна акција почна некој документарец. Некој поски новинар кажува бил во скопје па видел егзорцизам и јас застанав да гледам И ликот од тој Константин ми беше познат ама не ќе е православен... не е важно. Сите паднаа во некој транс, во вообичаен случај тука би сменила канал или би седнала да работам место тв. Молитвата за мене е секогаш тивка и тајна. Никогаш не бурна и страшна барем не физички. Јас кога се молам - молчам никаде ме нема.
Сега пред малку ја изгледав документарната до крај. Што беше она на крајот? Едно парализирано девојче стана на нозе...
Што беше она? Зарем и она го имаме во близина? Духовна себичност или што и да е кај мене, ама ако веруваат дека неговата молитва ќе им помогне зошто не веруваат во сопствената молитва? Зошто не си се помолат за сопствените луѓе? Зошто толкава драма? Прашањава и не се за вас .... така си се прашувам, само да ви кажам дека баш после муабетот видов нешто такво со очи...