- Член од
- 7 август 2012
- Мислења
- 176
- Поени од реакции
- 11
колку е минимален влог за тргување на Forex??
Minimalen e vo zavisnost od brokerot, no od $1 pa nagore.колку е минимален влог за тргување на Forex??
Очигледно дека немаш баш доволно информации за тоа како функционираат меѓународните пазари. Веројатно мислиш дека единствен начин со купи-продај е да се заработи така што на кванташки пазар ќе купиш Тамче пипер и ќе го продаваш на Буњаковец за кеш во новчаник. Арно ама, има и друг начин да се заработи со купување и продавање. Јас заработувам исклучиво со работа на интернет и тоа од дома. Ниту имам потреба да работам некаква материјална работа, ниту чекам да дојде први за да земам плата. И Форекс како и други начини за заработка можат да бидат ефектни и да донесат добра сума пари, па дури и одлична или можеби незамислива за многумина во државава, само треба човек да се посвети на тоа, да совлада основи и да располага со некаков минимален почетен капитал. Тоа е целата приказна во куси црти за тоа како се заработува на Форекс но и на друг вид сајтови кои овозможуваат таков бизнис. И најпосле, верувај, многу е поисплатливо, поефектно и подобро, а и општествено пополезно да се тргува на Форекс или да се работи со инвестициски фондови од колку да се дреме по кладилници ѕверејки се во билтените!Добро вечер на сите,ај и јас малку да се замешам во оваа манџа наречена "како да заработиш пари со лежење".Ги прочитав буквално сите коментари(100%) и не можам да издржам а да не искоментирам дека FOREX е една добро-функционирачка измамничка машинерија која што служи да те намами да уплатиш пари (најчесто мала сума од околу 100 евра-за да не се жалиш никаде кога ќе ги изгубиш)...читам таму некој напишал дека можеш да уплатиш од 1$ па нагоре.Јас како буквалиста ќе прашам кој е тој при здрава свест и совест што ќе уплати 1$...што ќе купи...колку ќар ќе има откако ќе го продаде со заработка.Тргнувајќи од тоа дека тие што ја почнале дискусијата од поодамна ги нема во коментари(само ја фрлија јадицата со неколку линкови и си заминаа) а и читајќи на интернет што е уствари FOREX ме наведува на мислење базирано на цврсти аргументи дека не е ништо друго освен добро организирана група која оперира на "поштен" начин,дури сум слушал и дека се организирале курсеви во Скопје на оваа тема што е крајно нелогично.Друго ми беше муабетот.....
Никој...ама баш никој во изминативе 41 страна не праша како може да заработи некој денар со работа туку сите сакаме (ајде и јас да се ставам во истиот кош) да заработиме пари со лежење а некојси брокер да црнчи како коњ ден и ноќ за ние да сме заработеле добра пара-читам таму некои баснословни суми од по неколку илјади евра за еден месец.Е тоа другарчиња мои го нема-за жал...и јас би сакал али јбг туку зафатете се со некоја работа каде што ќе ги гледате парите пред себе и памет во глава кога ќе ги инвестирате.
Доволно сте паметни и интелигентни за некои муљатори,шибицари,дрндоши и измамници на евтин начин да ви ги земат и тие малку пари што ги имате.
Ви благодарам на сите Вас што ќе одвоите доволно време да го прочитате ова парче искрен совет без разлика дали ќе се сложите со мене или не.
Не е илегално. Почнав да работам со форекс пред три месеци, поточно почнав да учам форекс пред три месеци. Можам да кажам прилично е тешко треба да се вршат многу анализи, но и колку анализи да извршите маркетот пак може да појде против вас. Затоа треба да бидите трпеливи не можете да станете милионери преку ноќ. Кога почнав се зачленив на FXLIDER но ве предупредувам дека овој брокер е скам, само сакаат да ви ги земат парите. Се пријавив со демо акоунт и секоја недела главниот што му е таму ми се јавуваше по телефон и ми велеше да инвестирам вистински пари со нив прво ми рече дека минимум било $100 а потоа ми рекоа $150. Почнав да ги прашувам прашања за нивната легитимација и ми рекоа дека ако сакам да ги испитувам можам слободно да си одам. Велат дека нивната главна канцеларија се наоѓа во Србија но докажано е дека е од Русија. Јас само да го кажам моето искуство со нив па вие како сакате.Случајно деновиве налетав на банер од Форекс,се регистрирав спуштив една книга и на крај си реков ај ќе разгледам што и како,е сега видов некој клипови кај што некој се фалат со некој си добри заработувачки и сл.
Ај ако може некој во кратки црти да ми објасни што и како функционира Форекс?
Дали е легално кај нас,и дали стварно може да се заработи нешто?
Доказ?Не е илегално.
Форекс не е илегален начин на зароботување на пари и не е лесно да заработиш на форекс некои мислат дека одма ќе станат милионери но се лажат. Тешко е да се најде брокер кој нема да ви ги земе парите, затоа секогаш добро истражете со кој брокер ќе работите и видете што велат луѓе кои го испробале брокерот.Доказ?
Тогаш зошто добив ваков меил кога сакав да префрлам пари на фџ лидер?Форекс не е илегален начин на зароботување на пари
Согласно законот за девизно работење физички лица резиденти на Република Македонија не смеат да вложуваат во хартии од вредност во странство преку интернет платформи. Според тоа, тргувањето, односно вложувањето во акции, обврзници, инструменти на пазарот на пари, деривативни финансиски инструменти и во други финансиски инструменти на странските финансиски пазари преку интернет-платформите е забрането.
Побарав на интернет и навистина сум разочарана во тоа што најдов. http://www.dollarshower.com/forex-trading-banned-countries/. Македонија е на листата на држави што го банирала форекс тргувањето. Значи само можи да се инвестира во Македонија. Само да кради пари Грујо ова е навистина безобразно.Тогаш зошто добив ваков меил кога сакав да префрлам пари на фџ лидер?
Мислиш само ме заплашувала банката?
Се додека постои неттелер можеш како прокси да го користиш и никој нема да знае дека тргуваш.Побарав на интернет и навистина сум разочарана во тоа што најдов. http://www.dollarshower.com/forex-trading-banned-countries/. Македонија е на листата на држави што го банирала форекс тргувањето. Значи само можи да се инвестира во Македонија. Само да кради пари Грујо ова е навистина безобразно.
Но сепак можеби има спас не е само форекс постојат и binary options. Тоа е скоро исто како форекс само имаш поголема добивка и го избираш времето кога ќе земиш профит. Не знам дали и ова е банирано во нашава држава најдобро прашај ја банката. Имаше и на телевизија реклама за нив но на српска телевизија таму ништо не е банирано, блазе си му. Платформата се вика 24Option. И јас незнам што да речам.
Најдов конечно нешто. Овде http://www.dailyfx.com/forex_forum/opening-account/104955-banned-country-list-others.htmlСе додека постои неттелер можеш како прокси да го користиш и никој нема да знае дека тргуваш.
Имаш пак проблем, Македонскиот пејпал не може да прима пари, само може да праќа.Најдов конечно нешто. Овде http://www.dailyfx.com/forex_forum/opening-account/104955-banned-country-list-others.html
Пишува дека можи да се инвестира само не директно преку картичка само преку payza или paypal. Незнам дали е точно најдобро е пак да се праша банката и убаво да се разгледа законот. А за прокси пак не е сигурно. Јас мислев да зароботам пари на нет со пишување на артикли и потоа тие ќе ми пратат парите на paypal и тие пари директно да ги инвестирам. Ќе прашам дали е легално така. А со прокси е ризично и навистина форекс не е ништо илегална работа не знам зошто вака прават.
Ама преку Payza Mooneybookers можеш и да примаш и да праќашИмаш пак проблем, Македонскиот пејпал не може да прима пари, само може да праќа.
Sprotivno e na zakon za devizno rabotenje na R.M.Форекс не е илегален начин на зароботување на пари и не е лесно да заработиш на форекс некои мислат дека одма ќе станат милионери но се лажат. Тешко е да се најде брокер кој нема да ви ги земе парите, затоа секогаш добро истражете со кој брокер ќе работите и видете што велат луѓе кои го испробале брокерот.
Форекс не е илегален начин на заработка на пари ти само предвидуваш според твоите анализи дали валутата ќе се крени или опадни ако сте во право го земате профитот од спредот (разликата за која се покачила или опаднала валутата) тука нема ништо илегално, не крадите пари за да биде илегално.