Let 3
The Nipple Erector
- Член од
- 13 јули 2008
- Мислења
- 30.896
- Поени од реакции
- 31.277
Oва ти е С451, млазен авион од Југословенско производство настанат 1954 година кој во 1960 го собори светскиот рекорд во брзина за ултралесни млазни авиониДизајн препишан од французите у соработка со романците, мотор англиски дизајниран во 1951 година (ама важно првиот лет е во 1974 ) митролез руски, ракетите на него се уште у тоа време застарени руски и амерички. Да не си пилот на овој авион, еден шип со ластегарка ќе го кутне.
Единствено југословенско е знамето на опашката.
[DOUBLEPOST=1436441111][/DOUBLEPOST]
Недостатоците беа отклонувани уште во тек на тестирање на прототипот, така е уградено хибридно крило, а на моторите Вајпер кои имаа 1841 кг потиоок, ставени му се уреди за накнадно согорување со што му е покачена максималната сила на 2250 кг, истовремено е и олеснет авионот така да доби на преформанси (максимална брзина, брзина на искачување, тежина на борбен товар, скратена е должината на залет... така изменетиот авион носеше ознака Орао-2 и тој пробиваше звучен зид при понирање од 25 степени
не паламуди .....единствена маана му беа моторите Вајпер кои беа недоволни за него, ама се правеа скоро во целост во Босна .По еден таков имаше на Галебот...и Јастребот. Конструиран е целиот во ЈУ, во Романија се правеа крилата и стабилизаторите, труповите во Сокол каде беше и Југословенската монтажа, Романците имаа своја монтажа.Хидраулката и подвозјето во Петолетка Трстеник, гумите исто во ЈУ .Опремата секој своја....Телеоптик, Чајевац и многу други. Она црното: капак на антената......... на Новоселски пат б.б. у Ѓорче.....
Седиштето за катапултирање Бомбардиер ( за тоа пак имам приказна заради која ќе побараш после шеќерче и вода...)
Добар авион за своето време, едино не му се погодил тајмингот ..., но тоа е така и не е ретка појава во светот. Еве и овде на форумов 80% го имаат истиот проблем.наречен: во погрешно време , на погрешно место....
Се работи за авион со специфична намена за специфичен терен и во посебни доктрини на водење на војна, затоа не секогаш врвни амерички или руски авиони се погодни за други земји или терени или начини на употреба, само како пример израелскиот тенк Меркава кој е на самиот врв по квалитет и можности, е крајно неповолен за употреба на европско ратиште, тој настана како одговор на специфичните услови и барања на израелската војска за нивен терен и нивни услови за борба и нивна стратегија. Па и Абрамсот беше креиран за судир и борба против советски тенкови низ европа па се најде во пустините на блискиот исток каде не му погодува баш многу теренот и условите
Последно уредено: