Сакаш да кажеш дека вистините од макро-светов се доловуваат по начелото „...точно е она кое најмногу пати се повторува на идентичен начин...„?
А што со нештата кои не се „уклапаат“ во тоа начело?
Тое се не однесува општо за сите настани во макро светот, туку конкретно за мерењата. Врз основа на повеќе мерења, се создава интервал на доверливост околу најверојатната вредност на мерењето. Тој интервал на доверливост ни кажува на пример „Со 95% сигурност ширината на Х се наоѓа помеѓу 0,00001 и 0,00002мм“ и најверојатната вредност е на (најчесто) на средина на интервалот (те молам не се зафаќај за самите бројки, тие само така ги траснав произволно). Но бидејќи за повеќето мерења во макро светот тој интервал е премногу мал, во таквите случаи се кажува едноставно вредноста на средината на интервалот како резултат на мерењето.
Конкретно за било кој настан значи, ако тој повторливо може да се во контролирана средина, значи тој настан може да се проучува од страна на науката. Ако некој настан се случил еднаш некаде некогаш, и доколку нема некој доверлив запис за тој ист настан и истиот не може да се повтори во контролирана средина, значи тој настан не може да се проучува и не постои доверлив доказ дека истиот настан воопшто се случил.
Слично на претходото мое прашање, т.е. заклучок: ако медицинското истражување на некој нов лек или вакцина се покаже како недоволно ефикасно или штетно на мал број од испитани случаи/субјекти, тогаш, како ќе ги квалификуваш тие случаи? Како проблематични, како неуспешни, какои невклопливи во истражувањата, нешто „шеснаесетто„?...
Не сум некој експерт за тоа поле, затоа што таа квалификација најверојатно ја прават докторите врз основа на самите ефекти на лекот кај тие индивидуи. Доколку тие ефекти не се смртоносни или можат да исконтролираат со лекарска помош, и доколку се случуваат кај навистина мал дел од испитаниците, тогаш тие ефекти се запишуваат како несакувани дејства на лекот и сл. Самиот корисник на лековите потоа треба да биде информиран за самите несакани дејствија од самиот лекар или со читање на упатството за употреба. Ама како што реков, ова се само мои претпоставки, за поточен одговор најдобро е да прашаш некој од фармацевтската индустрија.