Грција излегува од Еврозоната?

  • Креатор на темата Креатор на темата Xibalba
  • Време на започнување Време на започнување
ЕУ е и политичка, не само економска унија. Излегување на Грција од истата би бил тежок пораз и обезличување на европската идеја. После такво нешто, се во Европа би требало да се ревидира и редефинира.
Затоа сега ќе ги казни па да почнат да питачат и да послужат како пример на другите коу сакаат да отстапат од еу
 
Грците неќат да се откажат од вработувањата во администрација, високи отпремнини 13 плати во годината високи пензии. За тоа гласаа НЕ. И сега треба да најдат некој кој ќе им дава пари да си живеат како што навикнале пошто самите не создаваат толку пари. Па можи Америка или Кна или Северна Кореја или Брегот на Слоновата коска... ќе се нафати да ги финансира понатаму.
Кој сака да се откаже од бенефиции да беа избирачите рационални, немаше да има ниедна диктатура ни еден банкрот ни една криза ниедна војна...
 
све нешто ми вика дека ќе ги спасат пак, не знам зш,... ама колку што малку пратев, многу луге губат пари на берзине, така да тоа ми дава малку надеж дека сепак некој ќе треба да ја плати сметката.
 
А кој ја бира таа влада на избори што ги поддржува лошите чичковци од банките и олигарсите? Народооооот. А зошто? Затоа што им даваат кикирики (14та плата, екстра бонус за измиени рачиња, екстра бонус за доаѓање точно на време) за да не им се мешаат во големите игри. Епа сега ајде да го жалиме административецот на кого не му беше битно кој го лапа медот се додека тој зeма 14та плата (СК2014 much?) :)
 
Да да така е се разбираме. Истото и нас не чека, во некоја форма, за едно 10-ина години, можда и порано.
 
Да да така е се разбираме. Истото и нас не чека, во некоја форма, за едно 10-ина години, можда и порано.

Само што ова што ја снајде Грција кога (неизбежно) ќе не снајде и нас наскоро, нема да биде ЕУ и Германија да ни дава милијарди евра кредити за да не одржи во живот.
Не друже, ние ќе си изгниеме како лешеви кога ќе дојдат сметките за плаќање.
 
Малце оф топик
Сметките кај нас ќе си ги плаќа само администрацијата зашто стопанството прикажува профит толку колку што е потребно за преживуваање а се друго е под тезга
 
Сите на Балканот се во слична состојба. Од Грција до Хрватска. На цел регион му се ближи банкрот.
 
Грција се држи на последното конче пред да падне во провалија. Веројатноста дека ќе излезе од еврозоната е најголема досега. Вчерашните состаноци на Еврогрупата и мини самитот не вродија со плод, освен што створија дополнителна нервоза кај останатите. Грците не поднесоа никакви предлози, а судејќи според сериозните и оштри изјави на главните играчи, веќе е дојден "т`канди, се затнало" моментот. И не беа тоа дипломатски изјави, туку blunt изјави.

Сите се согласија дека имаат само до крајот на неделата да најдат common ground за понатамошно решение. Односно, имаат помалку од 5 дена да договорат услови за спас на Грција, кои после референдумот ќе бидат далеку пооштри и кои не можеа да ги договорат во последните 5 месеци. За во недела е свикан (тентативен) самит на сите земји членки на ЕУ (не само на оние од еврозоната) и доколку се одржи во целосен состав, темата ќе биде излегување на Грција од еврото, заштитни мерки за останатите земји членки и веројатно хуманитарна помош за Грците во деновите што следат.

Недела ќе биде официјален d-day, а во сабота веќе ќе се наѕира каква ќе биде одлуката. Жежок викенд, а уште пожешко лето ги чека Грците. Да не си им во кожа, но секој еден од нив сноси одговорност за ситуацијата во која се наоѓаат. За клиентелизмот, мрзливоста и лежерниот живот во кој уживаа, а друг им го плаќаше, самите се виновни.
 
..ништо нема да се случи...грците ќе си останат грци, таму каде што се , такви какви се......
..нашиот ал треба да се гледа, ние изгледа наебуеме и со име и со презиме и со држава....
 
Како ке искочи крајниот исход за Централните банки, ќе видиме дали одлуката да се превземе долгот од приватните (Goldman Sachs) била исправна (жими ашимов). Врти сучи, ако паднеа приватни банки гарант ќе имаше некој bailout кој ќе беше на товар на даночните обврзници, а вака дефинитивно ќе биде на нивен товар. Работата на ЕУ владите засегнати со подмирување на загубата ќе биде како да го амортизираат ударот да не се осети кај нивните гласачи. Можеби е ситна пара за Германците, можеби не е, време ќе покаже. Можеби ќе научат лекција дека се што лета не се јаде па ќе бидат малце попретпазливи и не толку инертни кога нивните влади ќе носат одлуки за кредитирање на некредитоспособни субјекти со нивни пари.

А за комшииве доле, дефинитивно им остана само лажната гордост дека покажале храброст на реферндумот. И да ги "спасат" магично, тоа ќе биде со цена. Па нека му ја мислат.
 
Мислам дека кај нас маките од земените кредити ке почнат догодина. За нас големи суми пристигнуваат за враќање во 2016 година така да одгодина кај нас ке игра камшикот по народот како никогаш досега... И играта околу власта е слична како во Грција, само незнам кој ке биде нашиот наивен Ципрас на кого ке му ја тутнат власта во раце како жежок компир... оти очигледно е дека ПАСОК и НОВА ДЕМОКРАТИЈА намерно направија место за СИРИЗА односно намерно ги изгубија изборите за да немора да се соочат со лајната кои ги направија, намрено му ја дадоа власта на Ципрас кој е исправен пред изборот змија или магаре. Откако Ципрас ке ги направи работите кои ке мора да ги направи и народот него ке го гледа како виновник за состојбата во која се наоѓа, пасок и нова демократија ке се вратат на власт на грбот на тогаш омразениот Ципрас и во наредните 20 години ке владеат со девизата Ципрас (Бранко) е крив....
 
...е сеа.... не пробај ти Herr Бранко да го аболираш у гужвава...си има тој свој путер на глава, остај ти Ципрас, циле-миле... ;)
 
Малце оф топик
Сметките кај нас ќе си ги плаќа само администрацијата зашто стопанството прикажува профит толку колку што е потребно за преживуваање а се друго е под тезга
:icon_lol:
Тебе гарант ти е најлесно на свет.

Сите на Балканот се во слична состојба. Од Грција до Хрватска. На цел регион му се ближи банкрот.
Абе, до некаде ова е таман, ама емппириските докази знаат да бидат замка.Не е баш лесно да се "одговори" на вакви тврдења.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom