Немој да бидеш толку сигурен, мачка е. Јас едно маче дадов во Скопје кај едни девојки, кои живееја на 6ти спрат, и мачето падна одозгоре неможеа да го спасат. Јас сум овде на спрат, не е многу високо, исто така и мојот мачор не е излегуван на улица сам никогаш во овие 5 години, излегува само на тараса, ама пак ми е страв и душа не ми дава сам да го оставам, па му ставив мрежа и заградив на критичните места од каде што може да падне. Околу целата ограда на долниот дел имам провлечено мрежа во висина од можеби 30 цм, добро затегната, а на горниот дел каде ми стои гарнитурата на тераса имам висока мрежа бидејќи сака таму да се пентари.
И мојот мачор е касно кастриран, пред неполна година, воопшто не мјаукаше после тоа нити бараше за надвор, така да веројатно зависи од карактерот на мачката дали ќе вика или не.
Него ние размислуваме да го потшишаме, мислам дека му е прежешко, крзното му е многу убаво, долго, негувано и сјајно, ама го гледам дека му е мака...