Значи.... подфорумоив е религија, еден атеист нема потреба да мудрува, значи ако нешто го интересира, поставува прашање, добива одговор, и не мудрува. Ако не е задоволен од одговорот тоа е негов проблем, не настојува да се прави помудар од религиозните!!!
Не може да добиете одговори какви што вие сакате.
И требе да бидете малку спремни кога давате одговори околу религиозните прашања, инаку испаѓате смешни.
Прво, кажи ми во која инстанца јас мудрувам, посебно кога се работи за некое прашање од духовниот свет. Тие работи кои ги дискутирав со Мики се директно поврзани со науката и со материјалниот свет.
Од друга страна, не ми е страм ако испаднам смешен, ако ми се одговара ќе одговарам така како што знам, па ако има некој попаметен одговор може и да научам нешто. Јас не гледам ништо лошо тука.
Еве едно прашање до тебе:
Дали постои судбина, или дарма, или секој човек сам си ја “крое“?
Глобалните случувања во универзумот па дури и во нашата планета се во голем степен детерминистички или предодредени, Но на индивидуално ниво, сметам дека нашите одлуки во голем дел влијаат на патот и исходот на нашиот живот.
Сега е прашање дали тие наши одлуки се детерминистички или предодредени, затоа што доаѓаат од физичките процеси во мозокот. Доколку овие физички процеси се апсолутно детерминистички, тогаш и не може да се речи дека нашите одлуки не биле предодредени уште од почетокот. Но ако квантната механика е точна, тогаш во физичките процеси кои се одвиваат во нашиот мозок има и квнатни несигурности, што значи дека тие не се апсолутно детерминистички. Овие квантни несигурности на некој начин може да ја претставуваат нашата слободна волја, затоа што поради нив во никој момент не е апсолутно одределиво како физичките процеси ќе се одвиваат во мозокот, а со тоа не се ни апсолутно предвидливи нашите одлуки.
Значи, нашите одлуки, кои не се детерминистички одредени, во голем степен го обликуваат нашиот живот. Што значи дека нема такво нешто како апсолутно предодредена судбина, иако има многу работи во нашиот живот врз кои ние немаме никакво влијание.[DOUBLEPOST=1436193754][/DOUBLEPOST]
Ја' не мислам така, ама ај...
Што се однесува до моето непознавање на теоријата на веројатност, истото тоа можеш да го кажеш, на пример, и за моето непознавање на кинескиот јазик и ќе испаднеш во право.
За возврат, можам да ти поставан серија прашања од мојата професија, за која сум сигурен дека немаш ниту површни познавања...
Твоето познавање на мојата вероисповест се сведува на твоите предрасуди кон истата.
Проблемот е тоа што статистиката е теоријата на веројатност се основните алатки за евалуирање на набљудувањата во науката. Така да ако не ги познаваш тие алатки, не го познаваш ни основниот механизам за тоа како се ствара научното познавање.
Тоа е еднакво со тоа што јас не знам како преку молитва може да се осознае некое си натприродно битие. Значи знам дека постои нешто како молитва и имам некоја замисла за неа, но тоа најверојатно нема врска со она што навистина претставува молитвата за некој религиозен. Затоа велам дека сме на исто ниво.