- Член од
- 16 декември 2013
- Мислења
- 1.856
- Поени од реакции
- 1.203
Во време на изопачени морално-духовни вредности, кога духовноста е сметана за заостанатост,кога неморалноста за достиг и слобода...Се наметнува прашањето од каде дојде и како упеа да се всади во современиот човек оваа изопаченост.Одговорот на ова прашање не би бил тежок, а можеби и не е толку важен колку што е важен одговорот како да се заштитиме од оваа појава и како да се спречи понатамошното ширење.Што мислите вие?
Ќе ја започнам темава со еден прекрасен текст за оваа состојба од монахот Мојсеј Светогорец*.
Времето на кризата и кризата на времето
Денес прашањето за тоа која е главната цел на животот звучи рамнодушно во еден свет кој не е заинтересиран за суштината, вистината и вредноста на нештата. За жал, многу луѓе не знаат точно зошто живеат .
Од пред извесно време сме сведоци на падот на вредностите на животот. Станува збор за сериозна криза, не толку економска, социјална или културна, а најмногу духовна. Она што беше стекнато низ вековите, сега се хули, исмева, гази. Постои недостаток на каква и да е трогнатост, чувство и почит кон нешто свето. Брза и брутална десакрализација на сè тука и сега. Вечерва не дојдов тука да се правам на учител, катехизатор, укорител и обвинител. Дојдов да ја изразам смирено мојата болка, љубов и искрена мисла.
Човекот ја заборави основната цел на своето постоење. Тој помисли дека е бесмртен на земјата. Тој цврсто се врза за материјата, парите, имотот, предметите. Го зеде своеволието за слобода, нечесноста за напредок, измамата за генијалност, гревот за ослободување, чесноста за глупост. Во животот на современите Грци(читај Македонци и не само) влезе сомнежот, двоумењето, сомневањето , отфрлањето. Обожени беа љубовта кон парите, хедонизмот, арогантноста, славолљбието. Лицемерието беше претворено во нешто убаво,нормално.
Во овоа клима Црквата беше сметана за иритирачка. Така некои скандали со нејзини заблудени претставници беа претерани, други измислени, одржувани за да можат луѓето да негодуваат дури само кога ќе видат расо на патот. Црквата не е продавница на ситно. Црквата постоела пред нас и несомнено ќе постои и по нас. Душата бара светлина надвор сончевата и вештачка светлина. Совеста се тревожи. "Битието" на секој сериозен човек бара чисти водни извори, за да ја задоволи вистински својата жед. Различните рецепти за привремена наслада доставија обилно страдање.
Многумина чувствителни луѓе во наше време се затвораат во себе и ако не многусловат запаѓаат во меланхолија, смислено монологизират за насилна промена на времињата. Во дискусиите преовладува ќор-сокак. Градот се покажа маглив и негостољубив. Селата се сметаат за многу мали и безрадосни. Современиот човек полуде по достигнувањата на технологијата.Животната средина е бучна, загадена и вознемирена. Луѓето се индивидуалисти, непостојани, нервозни, брзи, несериозни. Деградација во политика и корупција меѓу политичарите. Црковни владетели викаат и се закануваат, а други молчат и се кријат. Уметниците се привлечени од модата, а научниците од гордоста. Краина и болна констатација, едно општо разтление која создава горчина, болка, длабока болка.
Расипаноста стана општа појава. Никој не очекуваше толку брз пресврт на сè. Главното место во домот зазеде божество телевизор(копјутер,смартфон). Тој го зеде местото на древното огниште и иконостасот. Телевизорот стои буден како кандило. Да свети и да помрачува, да ја искривува, да зачинува, да хипнотизира, да пласира нови идеи, нов морал, нова животна позиција. За да се наметнеш, треба да си млад, убав и богат. Веќе не се зборуваза етос, вредност, карактер, достоинство и др телевизиските водечки станаа обвинители и поттикнувачи. Емисиите предават за ослободување хомосексуалноста, слободен соживот, право за абортусите, дури и за т. Нар. Лесни дроги. Бедниот човек замислува дека се ослободува целосно преку анархијата и своеволието. Тој ја заглушува својата совест, го помрачува својот ум,ги задавува своите чувства, се фрла неразумно во уживањето на материјата, во едно чудна прослава на распаѓањето.
Расипаноста настапи со експропријацијата на човекот од Бога и ближниот. Изгубенбеше длабокиот смисол на животот. Ривалството, нелојалната конкуренција, вообразениот протагонизам создадоа големи внатрешни празнини и силни пукнатини во човековата личност. "Сега е суд (на овој свет)". "Еве сега благопријатно време, ете, сега е денот на спасението". Потребни се искреност, сериозност, доблест, директна помош. Нема време за оправдувања.Обвинувањата,викањето,укорите не се од корист. Светлата треба да се насочат внатре кон нас. Сите да видиме себе очи во очи, без трикови и долги воведи. Средствата за информација постојано ги насочуваат светлата моќно кон другите. Тие сакаат лесна критика, но не и строгата себекритика. Обично се споредуваме со најлошите. Аморалните зборуваат за морал, а оние кои непомирисале темјан за очистување на Црквата.
Расипаноста е утврдена длабоко во душата на човекот. Таму треба да се лоцираат проблемот. Нека не бараме далеку од нас нешто што е во нас. Христос инсистира врз внатрешното трезвение, себекритика, себеспознавање, себеукорувањето и себеобвинувањето. Слободата значи најмногу ти да правиш што сакаш со твоето јас, а не тоа (со вас). Доблест е да победиш ги твоите страсти. Денес човекот, дозволете ми да го кажам е имагинарно слободен. Тој мисли дека е добро, додека воопшто не е добро. Тоа е ужасна несреќа. Овој многознаечки, слободен и важен човек често се самозаблудува и самоиронизира. Тој се подведува од суеверија, верува во среќа, судбина, предопределувањето, магии, хороскопи, предвидувањата на ѕвездите.
Материјалистите одамна ја отфрлија религиозноста и, како што велевме порано, ја обожествија плотта и парите. Човекот денес не сака да има обврски и долгови. Тој сака да има само права. Права, за кои страшно страда. Единствената и постојана љубов кон материјата никогаш не може да создаде непокварен човек. Човекот стекнува етос, кога госака духот. Ако Христос не присуствува меѓу човечките односи, овие односи се подготвени да пропаднат. Ако човекот не премине од тврдокоравото "его" во човекољубивото "ти" и нема лична средба со живиот Бог, тој ќе се бори залудно. Ако не се довериме на Бога и ближниот, ќе страдаме од осаменост. И покрај сите напори животот нема да се промени. Тој секојдневно ќе тоне меѓу досада. Меѓу духовната празнина се развива хипокризијата. Бидејќи под влијание на западниот начин на живот, совремниот човек се оддаде на безгранична хиперконсумацијата. За жал во нашиот свет управуваат фарисеите.
Автономизирањето во еден демонски индивидуализам со единствена визија среќата и луксузен живот ја продлабочува кризата. За тоа придонесува и телевизијата. Успешни се, како што рековме, само млад и убав, најсилниот, богатиот. Ниту збор за воспитување, вера, идеали, етос и карактер. Во домовите е зголемен бројот на телевизорите и е намален бројот на разговорите. Треба да ја разбудиме совеста, да се потсетиме на детската невиност, повторно да се загрее верата, да се развие блага вознемиреност за покајание, преуредување и извишување. Треба да го преоткриеме Божествениот страв, длабоката смисла на постоењето на човекот, сакралността на единствена човечка личност. Вреди да се открие непорочната религиозност, меѓусебното почитување, меѓусебно разбирање, заемна помош. Совеста не може повеќе да го толерира признавањето на злото. Таа е повикана да се крене, да се спротивстави, да го проповеда словото на вистината.
Не треба да се ограничуваме само до опис, што доведува до очај. Потребена е оптимистичка борба. Секој во постоечкиот мрак нека ја запали својата свеќа и постепено ќе се разсее темнината, која не’ изморува. Алатката за трансформација на светот е во рацете на секој од нас. Кризата не треба да не остави во монотонна, ропотна и голословна критика. Да почнеме од себекритиката. Оттаму ќе започне повторното обновување. Нека солзите ги измијат нашите беззаконија.
Словото на Црквата Христова не завршило ниту се расипало. Нека да биде слушнато повторно и најнапред од нас кои го проповедаме. Во еден свет на изопаченост, измама, сомничавост, лага, ласкање и безчовечност треба да бидат чуени Христовите блаженства, зборовите на светителите, мудроста на пустинските старци. Нека не не’попречува некаков страв, мрзливост,бегство од болката и одложување. Со помош на светото љбочестие, за кое што зборува старец Паисиј, сме повикани кон храбар подвиг на лично противење и мистериозен бунт кон постојано отсекување на страстите и жнеење на добродетелите. Човекот е повикан слободно да го избере доброто, убавото, светото, вечното, да се подвикува моќно и смирено, а не однапред да се откажува и да бега од болката.
Животот, кој е лишен од слобода и морални принципи, создава здодевност, страв, досада, болка. Целта никогаш не ги осветува средствата. Доброто ќе дојде само по добар начин. Поради некаков заедничко добро не може да се укине личнита димензија. Достоевски мудро рекол: "Не можеме да имаме светски мир, кој ќе се базира врз пролеаната крв на едно невино дете!" Човекот е цел, а не средство.
Уште една причина за сериозната криза на нашето време е континуираната потрага на уживањето. Една апсурдна наслада, која според св. Максим Исповедник води до страдањето. Уживањето не се состои само во служењето на телото, но и во вулгарноста, нечесноста, незапирливиот евдемонизам и неодговорност. Тоа страдање, кое доаѓа од неразумно уживање, може да стане будилник или отскочна даска за ослободување од бесрамниот живот. Болката треба да доведе до себеизцеление. "Досега и не понатаму. Не може повеќе. "- Треба да каже човекот моќно на себе уште сега. Очајот за нашето заблудено „јас’’да ни даде надеж, храброст и сила. Чувството за осаменоста, што во крајна сметка се создава од постојанатапотрага на уживањето, треба да провоцира храброст за ослободување од лошата навика.
Похотливостта веќе е отворена. Страстите се галени и фалени. Во телевизиските игри човекот се самопонижува, му плаќаат и тој се радува за своето јавно соголување. Лицемерите се претставуваат за нелицемерни. Од друга страна, како велеше мудриот старец Емилијан Симонопетритски, "обично неморалните зборуваат многу за моралот и се крајно ригорозни!" Навистина морализм'т на аморалните е голема болест. Писателот Ангел Терзакис велеше дека денес луѓето имаат исклучителни достигнувања главно во две сфери: во технолошкиот напредок и во усовршувањето на лицемерието! Етосот на вистински нелицемерните луѓе го крепи нашиот свет. Чесниот живот често создава поразени победници. Може да не нуди први места, но донира тивка совест и ова несомнено е нешто многу важно.
Во своите познатите зборови за љубовта св. Максим Исповедник вели дека во зависност од тоа како ги користиме нештата стануваме порочни или добродетелни. Постои употреба и злоупотреба, погрешна употреба, бујност, презаситеност и екстраваганција. Св. Јован Златоуст вели дека грев не е виното, а пијанството. Отфрлањето на секоја граница не е вистинска слобода. Светскиот човек, бидејки е иритиран од присуството на Бога во светот, Го оддалечи од себеси, мислејќи дека на тој начин непречено ќе се радува на својата целосна слобода. Она што денес го интересира човекот, е да освои многу пари, да живее луксузено, никој да не го загрижува. Така тој ја оглувува својата совест. Стигнавме дотаму да имаме висока технологија и крајно ниска човештина.
На крајот на краиштата, мноштвото "олеснувања"го отежнаа животот и најголемата удобност создаде обилна здодевност. Често се зборува за "квалитет на животот", "зголемување на животниот стандарт" "растот на доходот по глава на жител", но не и за намалувањето на духовните вредности, отфрлањето на светите закони, негирањето на живоносните вистини. Чувствителните, срамежливите, чесните, благородните луѓе немаат место во индивидуалистичкиот, суров, горделив, конкурирачки и властољубив свет. Недостатокот на суштинската радост во животот на многумина, сепак ќе ги покрене љубопитните прашање за тоа каде одиме. Актуелниот живот е местото за испити за нашиот прием во вечниот живот. Никогаш не треба да заборавиме тоа. Ние не сме бесмртни на земјата. Ние сме гости и привремено престојувамена земјата. Пред ќелијата на еден светогорски монах пишува: "Денес моја утре на друг, и никогаш на кој и да е." Ние постоиме на овој свет, за да Го познаеме Бога. Падот на тоа суштинско запознавање со Бога е најголемата трагедија на човекот. Средбата на човекот со Бога ќе го изполни и ќе му подари целосна радост.
*
Монахот Мојсеј Светогорец се родил во Атина во 1952 година. Тој бил иконописец, поет, критичар и писател. Издал 52 книги и напишал повеќе од илјада статии. Неговите трудови се преведени и издадени во многу земји од светот. Отец Мојсеј зел учество во повеќе од 80 научни конференции. Бил основач и главен уредник на Светогорското списание „Протатон“.
Цели 25 год. тој беше старец на Каливата (на скитот) посветен на св. Јован Златоуст, којшто припаѓа на манастирот Кутлумуш (посветен на Св. Пантелејмон).
Старец Мојсеј беше еден од најпознатите Атонски монаси и писатели.
Се упокои на 03.06.2014. Царство му небесно.

Последно уредено: