Прво, да напоменам, дека зборам само за размена на плунка, ништо повеќе

Мислам дека некои различно го сфаќаат зборот мување....
Сега на темата, ми се има случено и ќе ми се случува... Не гледам ништо лошо во тоа, ако ми се свиѓа многу типот.... Тоа лесна тешка, тие муабети ми се за деца, најискрено... Никогаш не сум помислила на такво нешто кога се работи за мување, нити пак сум слушнала машко да каже такво нешто... Ако се случи и нешто повеќе, тоа е веќе друга тема....
Околу интересното... Нормално дека е поинтересно кога се трудиш околу некој и на крај го добиеш, ама не е дека ова не е интересно.... Уствари, многу е слично, само што ова е убрзан процес

А и ако типот не е од тука, а сакаш да се муваш, да не ќе чекаш некогаш пак да дојде, АКО дојде? А и често се случува да видиш некој тип во дискотека и ти се свиѓа и ништо не се случува и после никаде неможеш да го најдеш, нити знаеш кој е, нити кај искача... И толку од приказната за типот....
Околу карактерот... Значи, прво ќе напраиш муабет ваљда со типот.... Нема да биде Здраво и наредна сцена мување.... Така ќе видиш горе доле дека не е манијак или што ти ја знам.... Ама факт е дека за едно мување не треба да има незнам каков карактер, доволно е само да не биде кретен некој и после да збори што било и не било... Не за друго, не вреди за едно мување после да кружат невистини за тебе... Ако во текот на мувањето сфатиш дека типот е стварно на место и слично, си разменувате броеви и натаму зависи од двајцата како ќе се развива... Ако не, чао пријатно, и ако се видите некогаш пак, едно здраво чисто од култура и толку...
Околу сигурноста... Не е дека ќе идеш кај типов дома, или ќе влезеш со него у кола... Во дискотека сте, или негде кај што има луѓе... Што може да направи ако ти не сакаш ништо?