Може ли Македонија да ги врати воопшто кредитите што ги зема?

  • Креатор на темата Креатор на темата Mister No
  • Време на започнување Време на започнување
и ќе има уште повеќе.

Дали?

ЗАГРИЖУВАЧКИ ТЕНДЕНЦИИ: Паѓа извозот
Падот на извозот е загрижувачки. Во април, во споредба со април лани изнесува 24 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Намален е и вкупниот обем на трговската размена на земјава за 18,8 отсто во однос на истиот месец лани. Минусот кај увозот изнесува 15,3 проценти.
 
Македонија не може, но не ни мора да врати кредитите. Ќе им органзира Грујо еден протест пред Светска Банка, пред ММФ или каде веќе најмногу должиме, ќе им однесе 100 000 сендвич луѓе таму, МРТВ ќе јави дека протестот е успешен и дека кредиторите се договориле дека повеќе ништо не должиме, и тоа е тоа.

Демократија, што не ви е јасно?
 
Дали?

ЗАГРИЖУВАЧКИ ТЕНДЕНЦИИ: Паѓа извозот
Падот на извозот е загрижувачки. Во април, во споредба со април лани изнесува 24 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Намален е и вкупниот обем на трговската размена на земјава за 18,8 отсто во однос на истиот месец лани. Минусот кај увозот изнесува 15,3 проценти.
А која е причината?
Се разбира обидот за дестабилизација на Македонија
 
Го молам @Branchez да не не држи во неизвесност толку време и нека дај веќе еднаш конечна дата кога ке банкротираме или што и да предвидува дека ке се случи па да го чекаме денот. Вака само предвидува предвидува ама никако да дај конечна дата па да видиме дали лупа безвезе или разбира нешто човекот. Ете речи дека најкасно за месец, година, до 2020 или било кога само дај некоја опиплива цифра па заедно да го чекаме денот Д.
 
штом се земаат кредити за да се исплати пензија и плата и тоа од пред неколку години ние сме банкрот.На кој не му е јасно ќе му се разјасни ама касно.
 
Ете речи дека најкасно за месец, година, до 2020 или било кога само дај некоја опиплива цифра па заедно да го чекаме денот Д.

Едно пет пати ме прозиваш за истово, пет пати ти одговарам денот Б ќе биде некаде до крајот на 2020-та. Само за првите 4 месеци имаш 100 милиони дефицит во буџетот, сам пресметај уште колку ќе биде во следните 5-6 години. Плус дефицитот ќе се зголемува заради покачените плати за 20% на 10.000 цајкани и неконтролираното вработување на рамковните во администрација. Веќе излишно е да го парафразирам најупатениот за парите во буџетот, за немањето пари за леб а трошење на чоколади. Тоа се негови зборови, не мои.
Едно време имаше едни кои уверуваа дека економија како југословеската не може да пропадне, мислеа вечно социјализмот ќе трае, знаеме како завршија. Да не ја правиме истата грешка повторно.
 
Добро фино. 2020 рече. Ајде ке почекаме. Чекаме веќе безмалку 10 години, ке почекаме уште пет. Само чисто онака за да ти го вадам низ нос тоа очекуваш на почетокот или на крајот од 2020. Додуша арно шо не рече 2080, кој настарост во паркот ке правеше криви дрини. Туку остај тоа имаш вака некое црно економско предвидување за побрзо, ете за некој месец до година максимум. За да имаме шо да тепаме време не за друго.
 
Последно уредено:
Туку остај тоа имаш вака некое црно економско предвидување за побрзо, ете за некој месец до година максимум.

Имам, ќе поскапи Нутелата во тек на годинава и ќе го укинат к-15 догодина.
 
Имам, ќе поскапи Нутелата во тек на годинава и ќе го укинат к-15 догодина.
Ајде баш да видиме. Значи за оваа 2015 нема да се дели К_15 на почетокот на 2016?
А за Нутелата сигурен си?
 
Заклучно со првиот квартал од годинава Бруто Надворешниот долг на Македонија (вкупен долг во кој освен јавниот се вбројува и долгот на фирмите, осигурителни друштва, банки…) изнесува 6,1 милијарда евра, покажуваат новите податоци на Народната Банка. Во однос на состојбата на крајот од декември, 2014 та година, заклучно со март, долгот е зголемен за 230,8 милиони евра.

Со сегашните позиции, Бруто надворешниот долг на Македонија изнесува 68,68% и според овој параметар, земјава е во групата на високо задолжени економии.

Ако се анализира стуруктурата на бруто надворешната задолженост, најголем дел од долгот или 2 милијарди евра се на име на државата, следуваат компаниите, осигурителните компании, домаќинствата кои должат 1,9 милијарди евра, зад нив според висината на задолженоста кон странство се банките со долг од 602 милиони евра и на крајот е Народната Банка со долг од 336,7 милиони евра.

Ако пак се анализира надворешниот долг според рочноста на кредитите, тогаш најголем дел од долгот или 4,6 милијарди евра се долгорочни задолжувања а 1,5 милијарди евра се краткорочен долг.

Според податоците на НБМ, на крајот од првото тромесечје Јавниот долг изнесувал 3 милијарди евра и во однос на крајот од ланската година се зголемил за 178 милиони евра.

Според податоците на Министерството за финансии пак, Јавниот долг изнесува 3,9 милијарди евра или на крајот од првиот квартал од годинава тој изнесувал 43,6%, што по ланската година ( кога долгот изнесуваше 46% од БДП), претставува едно од највисоките нивоа на задолженост измерени во последните 11 години.
 
Интересно, нели....
Колку и да држиме теза дека Македонија е ниско задолжена, ПОСТОЈАНО зголемување на надворешниот долг треба да биде аларм !
Тоа не може да оди до бесконечност....
 
Vo sporedba so drugite zamji Makedonija e najmalku e zadolzena.
Истата ситуација се случува со бездомнициве во државава кои питаат на камен мост...Во споредба со вработените во администрација гарантирам дека се помалку задолжени.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom