Крф

Член од
26 јуни 2006
Мислења
288
Поени од реакции
24
Јас сум во размислувања и за Крф ова лето. Каде е најповолно да се сместам за да можам да прошетам на убавите места (Палеокастрица, Глифада, Сидари, Керкира...) ? Како се движат цените за храна и лежалки? Ако сум во Агиос Георгиос дали има авотбус до Главниот град и до убавите плажи, каква е цената? Каква е цената за изнајмување кола и дали го има во тоа место (Агиос Георгиос јужниот)?
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
402
Поени од реакции
88
Јас бев минатата година, во Агиос Георгиос, сите поубави плажи ти се подалеку.Местото е мало и навечер беше мртво, рент а кар има неколку али беа многу скапи(ние плаќавме 45 евра од ден).Јас не би отишол на истото место повторно.
 
Близу ипсос има ли убави плажи? Ти познатите плажи како палеокастрица, глифада, имаат ли бич барови, лежалки или во главно треба да носам чадор и лежалки? Какви се цените ?
 
Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
Ако планирате да одите на Крф без кола обавезно да земете рентакар. ВО спортивно одете на друго место. Крф е остров со многу контрасти кој излегува на 3 мориња и е долг 80км. Има многу(на број) убави места за посета, но не се најубавите плажи/места кои ќе ги видите и на најголем број од тие места не се наоѓа смештај. Најдобро е секој ден да одите на различно место, а за да го исшетате убаво ви требаат 10 дена. На плажите има биџ барови и лежалки со чадори, но може и да си носите кога веќе одите со кола.
Рента кар ќе најдете од 20 евра па нагоре, па така ако сте на пример 4 души рента кар ќе ви биде далеку поисплатлив него било кој јавен превоз.
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.227
Поени од реакции
14.561
Близу ипсос има ли убави плажи? Ти познатите плажи како палеокастрица, глифада, имаат ли бич барови, лежалки или во главно треба да носам чадор и лежалки? Какви се цените ?
Има една "убава" плажа близу Ипсос ама не е песочна - Барбати и не се оди пеш зашо има едно 5 километри.

тие познатите се скроз на другата страна и ќе треба да одиш со јавен превоз или со рента кар.

со моторче ќе ти биде мачно зашто има и по 30 километри до некои плажи
 
Член од
30 јуни 2015
Мислења
3
Поени од реакции
2
Ова лето ќе одиме на Крф. Може ли некој да ми даде информација за плин на патот до Крф?
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.284
Поени од реакции
15.426
Sekoja den go gledam Krf, ne trgam pogled od nego( vo Ksamil sum):pos:
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
53
Поени од реакции
2
Планирам да одам на Крф, поточно Кавос, па би сакал да ве замолам ако можете да ми дадете некоја интересна понуда. Под "интересна понуда" подразбирам смештај за двајца (од прилика да биде од 20 до 30 Јули), по пристапна цена, на добра локација... и нормално, да не биде некоја прчвара. Поздрав.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Планирам да одам на Крф, поточно Кавос, па би сакал да ве замолам ако можете да ми дадете некоја интересна понуда. Под "интересна понуда" подразбирам смештај за двајца (од прилика да биде од 20 до 30 Јули), по пристапна цена, на добра локација... и нормално, да не биде некоја прчвара. Поздрав.
Цел Кавос ти е прчвара :D
 
Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
Кавос е дното на Крф. Интересно е за средношколци кои немаат каде да се изживљаваат и себеоштетуваат. Не е за полнолетни и не е да одиш со девојка.
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.155
Поени од реакции
6.363
ај разлики Ипсос - Кавос? и како е таму во септември ако може некој да пише.
 
Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
Ипсос е нормално местенце каде нема изрогирана и пијана дечурлана која блудничи и развратува. Од тие причини во Ипсос има драстично помалку кафичи, но работат и навечер и има забава. Можеш да излезеш со девојка без секое второ пијано и издрогирано теле да ја фаќа за гз и да и се пушта.
Морето е каде-каде почисто на Ипсос, впрочем мислам дека секаде морето е почисто од Кавос. Како и да е, на Крф се оди сам ако шеташ по островот, ако мислиш да седиш на едно место тогаш воопшто немој да одиш. Има многу поубави места отколку било каде да си на Крф, а кои се многу поблиску до Македонија и се поефтини.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom