Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

Член од
20 јули 2014
Мислења
3.178
Поени од реакции
8.364
Јас ги имам дома сите книги на Ниче. Моите се издание на Графос Београд од 1988 година. Се сеќавам дека имаше изданија на Ниче од Реч и Мисао постари од моите книги. Воља за Моќ беше издадена подоцна, јас имам издание на Дерета од 1991 година.

Јас да те прашам нешто, колку книги на Ниче се преведени и издадени во независна Македонија, во овие 20 години? :)

Си слушнал за едицијата Поларис? Знаеш колку капитални дела од научната фантастика се преведени во рамките на таа едиција? За Кентаур?

Знаеш колку книги се преведена на македонски од областа на научната фантастика? :D
И ова.
000-00.jpg
(нe дeка сум ги читал во ЈУ, ама ги имам Кeнтаур, Поларис и Галаксија во pdf)
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Затоа додека приврзаниците на СФРЈ правеа митинзи и каравани, оние кои сакаа да ја растураат добиваа шлепери оружје и остреа ками и ножеви.
и Македонија го има истиот пример, во 2001 година група од можеби стотина екстремисти од кои некои дојдени од страна успееа да направат воен конфликт овде каде беа вовлечени и Америка и каде имавме преку 100.000 раселени лица, мртви ранети исчезнати малтретирани и измачувани и како последица на тоа имаме поделена македонија со нивни и наши општини нивни називи на улици школи , споменици од една страна на УЧК и ОНА на друга на бранители охридски договор со кој капитулиравме во еден дел на нашата сувереност и дозволивме странци и терористи да ни диктиораат закони, вработувања, територијални поделби. И македонија ја доживеа сличната судбина на СФРЈ па можам и тебе да те прашам оти дозволивте такво нешто да се случи? толку ли беше вештачка творевина Македонија што постојано е на раб на распаѓање?[DOUBLEPOST=1435656802][/DOUBLEPOST]

Немаше такво во ЈНА такви испади се казнуваа најстрого, ти или не си пријавил таков настан или ова си го измислил, Инаку еве повеќе 20 години независност и тоа земјоделие и овоштарство - пропадна, најголем успех сега е продадени гајбиња праски и јаболка на пазар, инаку македонија во СФРЈ не беше водечка ни во земјоделство ни во овоштарство уку во производство на неметали за земјоделие мислам на 3-4 метсо од 6 републики беше, ете колку си ја знаел државата пна која плукаш заслепен.
Maкедонија во СФРЈ го имаше и овоштарството и земјоделието и теккстилна индустрија и туризам и транспорт.... сега ништо не остана од сето тоа, пропаднаа и гиганти и успешни фабрики, а бе пропаднаа пекари кои правеа леб за цели градови зато што на некој му сметаа како конкуренција, се исклаа крави замре сточарството а земјоделие се сведе на “снајди се кој како знае и умее“ 3 дена дожд - поплавена е пелагонија оти немаме пари канали да исчистиме, се разболе некој, шетај по улици и бери пари за операција или објавувај на ФБ да се донираат пари по СМС, најголем камп не е појќе градиште (и тој пропадна) туку пред влада, секретари во подкомисии од ЕУ идат овде и ни кажуваат што и како да правиме, ни еден попис не успеавме да направиме кој е законска обврска на власта и никој не смее ни да праша зошто, јас мислам зато што ќе испадне дека сега не има околу милион ипол наместо 2,1 милиони оти масовно народот избега од овде и побара спас во други земји
Не ми збори за ЈНА, ја познавам одлично! 70% старешини срби, 15% црногорци, остатокот од другите националности. Знам добро како функционираше. Мене за обична тепачка 10 дена затвор а србинот за бегање дома цел месец 2 прекуредни дежурства.
 
Член од
21 мај 2009
Мислења
876
Поени од реакции
466
Кога бе пиле?
лани?
Национализам се казнуваше. Секаков. и Српски и Албански и Хрватски и Босански и Македонски.
СФРЈ се распадна кога на власт дојдоа националисти. Во Хрватска Туѓман кој ради национализам и нацоналистички пораки за голема Хрватска беше осуден на затвор, Алија Изедбговиќ кој ради пропагирање на исламска држава Босна како и за исламска држава од кинески зид до балтичко море беше осуден на затвор, Шешељ, ради национализам беше осуден на затвор, Милошевиќ, националиста поборник на голема Србија - не беше затворен али дојде на власт во време кога веќе СФРЈ се распаѓаше и на власт сегде беа националисти, па дури и Македонија во тој период еше зафатена со бран на национализам, (следен конгрес на ВМРО во СОЛУН) одење на грчка граница со знамиња со сонце од вергина, барање за ревизија на букурешки договор, барање за обединување на македонија, македонска војска македонска полиција македонска телевизија.....
СФРЈ се бореше против таков национализам, зато што се знаеше дека се тие најголемата опасност по државата, кога националистичките партии дојдоа на власт со свои програми дека нивен народ заслужува да живее подовбро од другите народи - почнаа колења убивања војни. Кога на УДБА и ЈНА им одзедоа можност да се справува со такви закани - настапи хаос војна и уништувања.
Сега од словенија до Македонија - сите живеат национално али сиромашно. Невработеност презадолженост уништено стопанство и раселени лица. Тоа го добивме а изгубивме мир, социјална сигурност фабрики, пазар, меѓународен респект, квалитетно здравство и школство и мноооогу основни човечки права.
:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
:pos::pos:

Југославија имаше фантастична издавача политика. Чисто како пример, еден од првите преводи на Хајдегер (кој нели беше наци професорот), на неговото капитално дело Време и Битие беше направен на хрватски јазик.

Србија имаше неколку издавачки куќи кои во време на комунизам (замисли) печатеа книги за мистика, или преводи на езотерични филозофи како Плотин.

Да не зборуваме за научна фантастика и стрипови. Денес е невозможно добар стрип да купиш. Си зел некогаш Стрипотека во раце?

Не лупетајте глупости за работи за кои појма немате.
А ти освен Стрипотека некогаш си земал во рака стрип што не е печатен и издаден во СФРЈ или можеби Мирко и Славко во комбинација со стрипотеката ти беа супер?[DOUBLEPOST=1435660803][/DOUBLEPOST]
Сето та беше со деценија задоцнување во СФРЈ!
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
А ти освен Стрипотека некогаш си земал во рака стрип што не е печатен и издаден во СФРЈ или можеби Мирко и Славко во комбинација со стрипотеката ти беа супер?
Ако разбираш ти што кажа сега, јас ќе се обесам.

Немој да зборуваш за стрипови и да споредуваш Југославија и Македонија. Смешно е.

Алан Форд, Корто Малтезе, Мандрак...

Југославија беше држава што живееше, пулсираше. Еден куп ентузијасти во различни сфери од животот. Македонија е мртва пустелија.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.273
Не ми збори за ЈНА, ја познавам одлично! 70% старешини срби, 15% црногорци, остатокот од другите националности. Знам добро како функционираше. Мене за обична тепачка 10 дена затвор а србинот за бегање дома цел месец 2 прекуредни дежурства.
Не ти се точни процентите!
ЈНА си спроведуваше (према мене мене погрешен) национален клуч
Така да према процентуално застапеност на население - имаше и процентуална застапеност на старешини во единици. Тоа беше некаква си политика која лично јас не ја подржавав али ете се спроведуваше. Се одеше на тоа дека во претседателството на СФРЈ сите ќе бидат застапени подеднакво (по еден претставник од секоја република) како и рамноправно ротирање на претседател на СФРЈ додека во сојузните органи ќе бидат пропорционално застапени. Македобнци во СФРЈ имаше отприлика 5,8% и се гледаше толкав процент на старешини да бидат на командни места во единиците. Тоа е и денеше пример со ЕУ, ко ќе стане членка на ЕУ Македонија ќе има свои преставници колку е процентуално голема со население, ќе има помалце и од србија и од бугарија и од германија а како шо тргна работата и од косово.
Е сега не секогаш можеше да се одржи тој процент, причината е што не од секоја република се кандидираа доволно за воени школи, пример најбројни беа од црна гора, помалце имаше од словенија и македонија, процентуално најмногу (во споредба со население) имаше офицери црногорци, прво што им е војската традиција и во “крвта“ воениот позив, и воро што во Црна Гора и немаше многу друго што да работат младите, така да кај нив имаше отстапувања, али кај Македонците процент на тарешини се движеше околу 6%. Од средина на 70 десети па речиси до крај, се повеќе се изјаснуваа (нарочно во ЈНА) како Југословени па и во тој процент ојдоа доста Македонци, Срби, Хрвати..) И од Србија имаше многу кандидати за воени школи посебно срби од хрватска (краина) и од босна.
Интересно е дека СФРЈ се распадна кога на чело на СФРЈ беше Хрват за претседател (Стипе Месиќ), премиер на СФРЈ беше Хрват (Анте Марковиќ) a на чело на Армијата беше Вељко Кадиевиќ од хрватска крајина од татко србин и мајка Хрватиња а Хрватите се жалеа дека сите клучни места во Југославија ги држат - Срби
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Ако разбираш ти што кажа сега, јас ќе се обесам.

Немој да зборуваш за стрипови и да споредуваш Југославија и Македонија. Смешно е.

Алан Форд, Корто Малтезе, Мандрак...

Југославија беше држава што живееше, пулсираше. Еден куп ентузијасти во различни сфери од животот. Македонија е мртва пустелија.
Алан Форд го издаваа хрватите, Мандрак излегуваше повремено како стрип во средина на Политикн Забавник, инаку во Германија редовно го имаше како засебен стрип. Корто Малтезе се појави некаде пред распадот на СФРЈ. Освен Алан Форд, нешто друго кое би можело да се вброи во некое поквалитетно стрип-издание во СФРЈ, немаше. Ентузијасти имаше зашто се беше на грб на оние што работат и го создаваат приходот. Сега ги нема зашто конечно нештата доаѓаат на свое место па професионалци работат за пари а не за тапшање по рамо и пофалници урамени на ѕид.[DOUBLEPOST=1435661794][/DOUBLEPOST]
Не ти се точни процентите!
ЈНА си спроведуваше (према мене мене погрешен) национален клуч
Така да према процентуално застапеност на население - имаше и процентуална застапеност на старешини во единици. Тоа беше некаква си политика која лично јас не ја подржавав али ете се спроведуваше. Се одеше на тоа дека во претседателството на СФРЈ сите ќе бидат застапени подеднакво (по еден претставник од секоја република) како и рамноправно ротирање на претседател на СФРЈ додека во сојузните органи ќе бидат пропорционално застапени. Македобнци во СФРЈ имаше отприлика 5,8% и се гледаше толкав процент на старешини да бидат на командни места во единиците. Тоа е и денеше пример со ЕУ, ко ќе стане членка на ЕУ Македонија ќе има свои преставници колку е процентуално голема со население, ќе има помалце и од србија и од бугарија и од германија а како шо тргна работата и од косово.
Е сега не секогаш можеше да се одржи тој процент, причината е што не од секоја република се кандидираа доволно за воени школи, пример најбројни беа од црна гора, помалце имаше од словенија и македонија, процентуално најмногу (во споредба со население) имаше офицери црногорци, прво што им е војската традиција и во “крвта“ воениот позив, и воро што во Црна Гора и немаше многу друго што да работат младите, така да кај нив имаше отстапувања, али кај Македонците процент на тарешини се движеше околу 6%. Од средина на 70 десети па речиси до крај, се повеќе се изјаснуваа (нарочно во ЈНА) како Југословени па и во тој процент ојдоа доста Македонци, Срби, Хрвати..) И од Србија имаше многу кандидати за воени школи посебно срби од хрватска (краина) и од босна.
Интересно е дека СФРЈ се распадна кога на чело на СФРЈ беше Хрват за претседател (Стипе Месиќ), премиер на СФРЈ беше Хрват (Анте Марковиќ) a на чело на Армијата беше Вељко Кадиевиќ од хрватска крајина од татко србин и мајка Хрватиња а Хрватите се жалеа дека сите клучни места во Југославија ги држат - Срби
Ти очигледно не ме разбираш. Не се работи за никакви проценки. Јас ја кажувам реалноста каква што беше! И искрено одговори ми веќе еднаш на прашањето дали си живеел во СФРЈ и колку долго?
Во СФРЈ немаше ни Д од демократија посебно во политиката. Навидум многу нешта достапни ама уште повеќе недостапни. Се има ама ништо нема. Тоа беше СФРЈ!
 
Последно уредено:
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Алан Форд го издаваа хрватите, Мандрак излегуваше повремено како стрип во средина на Политикн Забавник, инаку во Германија редовно го имаше како засебен стрип. Корто Малтезе се појави некаде пред распадот на СФРЈ. Освен Алан Форд, нешто друго кое би можело да се вброи во некое поквалитетно стрип-издание во СФРЈ, немаше. Ентузијасти имаше зашто се беше на грб на оние што работат и го создаваат приходот. Сега ги нема зашто конечно нештата доаѓаат на свое место па професионалци работат за пари а не за тапшање по рамо и пофалници урамени на ѕид.
Јас колку што се сеќавам Хрватска беше дел од Југославија. Темата е дали подобро се живееше во Југославија тогаш или во Македонија денес, а не во Југославија тогаш и во Лондон тогаш.

Можеш да ми кажеш каде сега во Македонија излегуваат Алан Форд, Мандрак и Корто Малтезе?
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.273
Алан Форд го издаваа хрватите, Мандрак излегуваше повремено како стрип во средина на Политикн Забавник, инаку во Германија редовно го имаше како засебен стрип. Корто Малтезе се појави некаде пред распадот на СФРЈ. Освен Алан Форд, нешто друго кое би можело да се вброи во некое поквалитетно стрип-издание во СФРЈ, немаше. Ентузијасти имаше зашто се беше на грб на оние што работат и го создаваат приходот. Сега ги нема зашто конечно нештата доаѓаат на свое место па професионалци работат за пари а не за тапшање по рамо и пофалници урамени на ѕид.[DOUBLEPOST=1435661794][/DOUBLEPOST]
Ти очигледно не ме разбираш. Не се работи за никакви проценки. Јас ја кажувам реалноста каква што беше! И искрено одговори ми веќе еднаш на прашањето дали си живеел во СФРЈ и колку долго?
Сум го видел Тито на парада по повод 9 мај 1975, сум бил карши бина преку улица полево
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
Јас колку што се сеќавам Хрватска беше дел од Југославија. Темата е дали подобро се живееше во Југославија тогаш или во Македонија денес, а не во Југославија тогаш и во Лондон тогаш.

Можеш да ми кажеш каде сега во Македонија излегуваат Алан Форд, Мандрак и Корто Малтезе?
Како немало издаваштво кај нас во моментов, не претерувај. Клик :icon_lol:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
:pos::pos:

Во право си, вакво антологиско дело заслужува внимание.
Јака е корицата, не можам да најдам слика а и разбирам зашто нема, ја видов на факултетите на битпазар, ќе ја сликам некој ден :D
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.753
Поени од реакции
7.571
@Ставрогин @Ilumious

Да не го заборавиме crème de la crème на соврeменото македонско издаваштво.Наскоро очекувам да "никнат" вакви дела и за други значајни личности од аналите на декаденцијата на ова општество.

Заебанции на страна, кога станува збор за теми од областите уметност и култура, творештвото во Југославија го надминува она на сите пост-Ју републики заедно и највероатно така и ќе остане со деценни. Што реално е прилично жалосна слика.

Ninja edit : Typos
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom