Криминалци и криминални групи во МК

Член од
24 мај 2014
Мислења
5.305
Поени од реакции
5.911
Јане Павловски Тица
242BB5B969CE094BB9AC263668597AE4.JPG 3D2B3392A315E84EB2AC45C1390C2601.jpg
Јане Тица е веке добро познат член на скопското подземје. Деликвент е од малолетник. Многу пати е осудуван и е во најмала рака е соучесник на тешки кражби и пљачкосувања, насилства и нанесување тешки телесни повреди, физички пресметки и досега неколку престрелки. Тица бил и неофицијален телохранител во 2002 и 2006 на тогашните политички случувања и на некој од политичките функционери заедно со неговиот пријател кој пред неколку години ја уби жена си и сестра и во нас. Аеродром. Тица иако голем играч и добро познат низ Скопје официјално се прослави со убиството на Ромео Живиќ на 29 Март 2004 година. Убиството се случи пред кафичот Блу Кафе во центарот на Скопје во близина на Стоилко. После испаѓањето од кафичот наводно имало вербална расправија помеѓу Јане Тица од една страна а на противничката страна биле Ромео Живиќ и Љуљзим Рамадани Џими по што набрзо ги извадиле пиштолите сите тројца и почнале да пукаат. Ромео бил најтешко погоден и тој всушност му бил и целта на Тица. Освен Ромео немаше други повредени а за ова убиство му се судеше на Тица и одлежа затворска казна притоа и Џими лежеше за обид за убиство. Тица го осудија на пет ипол години затвор. После испаѓањето на Тица од затвор не престанаа проблемите околу него. Јане Тица имаше тепачка во кафичот Кинг во Горно Лисиче во септември 2009 каде брзо реагирала полицијата и немало посериозно повредени освен двајцата кој се тепале Тица и противникот. Во меѓувреме додека му се судеше сеуште на Тица за Ромео некаде 2006 година имаше голема фама дека побегнал од затвор или дека испаднал од државата зошто цели 40 дена го немало никаде Тица а била пуштена и потерница подоцна наводно докажаа дека се работело за недоразбирање и Тица за тоа време не се криел никаде него лежел во болница. Иначе во Август 2010 година Јане Тица повторно беше инволвиран во инцидент во кој наводно: Тица отишол дома кај свој пријател во алкохолизирана состојба при што не биле во добри односи со пријателот кај што бил и набрзо избувнала голема кавга која била пријавена во полиција од страна на комшиите и се сметаше дека кога пристигнале алфите на еден од нив Тица му удрил бокс по што полицаецот изгубил свест па набрзо го совладале Тица. Имаше наводни тврдења дека е местенка и дека Јане Тица никој не удрил, но си доби пресуда од осум сесеци затворска казна. Јане Павловски Тица беше инволвиран и во случајот Ореше каде е обвинет и новинарот Кежаровски. Во случајот се работи за платено убиство на старо лице од селото Ореше, но Тица не бил директно инволвиран мислам дека беше само привремено обвинет за што точно не знам во тој случај.

Вест. За пресудата на Тица за убиството на Ромео Живиќ. http://star.vest.com.mk/default.asp?id=103647&idg=6&idb=1560&rubrika=Crna+Hronika

Вечер. За апсењето и пресудата на Тица поради напад на полицаец. http://vecer.mk/pritvoren-jane-tica , http://vecer.mk/osum-meseci-zatvor-za-jane-tica

И наводно сведочење од непосреден сведок на настанот дека Тица е наместен од полицијата. http://kirilica.com.mk/vesti/alfite-go-namestile-tica[DOUBLEPOST=1435440211][/DOUBLEPOST]Тоше Зафиров Качакот
1497577_496724743778465_789556302_n.jpg
Многумина ке се прашувате зошто името на Тоше е извалкано овде, но за се си има докази. Тоше Зафиров е иначе по професија професионален бодибилдер со светски успеси али милионите му се од трговија со дрога. Ретко кој во Скопје не го знае или не го видел Тоше значи глуми фаца за да биде дел од елитата на јавните фаци низ Скопје. Го даваат по телевизија, интервјуа, издава цедиња за бодибилдинг итн. итн. Статусот и успехот на Тоше со текстов ке се обидам да го напишам на текстов од корен до сега. Значи тој јавно се дичи со тоа дека бил дете од село, колку му бил тежок животот кога отишол да живее во Скопје, спиел по подруми и сето тоа е за почит и за браво, но темната страна на Тоше почнува малку покасно. Со конфликтите 2001 година Тоше Зафиров станува член на специјалната воена единица Волци. Од таму и пријателството со Дејан Митровски Урко. По кариерата во Волци со помош на Урко, Тоше Качакот станува телохранител на Никола Груевски тоа е перидот кога Тоше ги направи своите милиони евра... Како ? Преку нарко бизнис, преку трговија со дрога. Пошто Тоше е од Неготино да неречам неготинско село уште од детството биле пријатели со Љупчо Пецов Ѓаволот еден од најголемите нарко босови што воопшто постоеле во МК па така Качакот со сигурноста и заштитата од власта и пријателството со тогаш големиот Ѓаволот, Тоше учествувал во нарко зделките за да заработи некое милионче и он е човек. Епа тоа траело и траело се додека Тоше Зафиров не го избркаат од работа однсоно од телохранителското место до Груевски. А знаете зошто ? Затоа што го фатил за врат да го дави некој од министрите на владата кој се обидувал да пренасочи тендери на неготинската фирма за снабдување јавни институции со нафта Алма Комерц сопственост на неговиот побратим Љупчо Ѓаволот. После тоа по две години груевско телохранителска кариера во 2008 од кога го бркаат од работа се влече со месеци по боледувања и се одлучува да не се срами како обичен полицаец да си даде отказ и да си ги троши милионите. Да не се лажеме поради пријателството со Урко заштитна врска и побратимството со Ѓаволот тој и понатаму си продолжува со нарко учеството во нарко трговијата, но се до скорешното паѓање на Урко нели на се има крај. После бркањето од работа нели и давањето отказ на Тоше главна занимација и бизнис му се неговите фитнес клубови на повеке локации низ Скопје со име (Гладијатор) фул опремени со најскапи справи и кафичот (Релакс) во Кисела Вода. Тоше Качакот учествуваше и во рекет обезбедувачките походи на Дејан Митровски Урко кога неговата Лупус работеше под полн гас нормално се додека нели господинот Мијалков не се освести дека рекет обезбедување е топ идеја за голема заработка. Тоше поседува луксузна куќа во една од луксузните населби во Скопје, има цел возен парк на автомобили од премиум брендовите и постојано го надополнува и зголемува возниот парк со одлични брендови на возила.

Повекето од овие информации се благодарение на Зоран Божиновски и неговиот Буревесник и како реакција на ова Тоше Качакот му имаше пратено пораки преку Фејсбук кој се јавно објавени иначе пораки при кој Тоше пробува да се вади и излаже дека он е многу просечен и е далеку од богат, дека куќата му е на кредит колата исто така итн. Дали е возможно телохранител од државна плата да заработи волку ? При две очи и здрав мозок напишете си реално мислење.




Животната приказна на Тоше Зафиров каде што се гледа неговата луксузна куќа иначе видеото негова лична промоција каде се фали дека е чесен човек. https://www.youtube.com/watch?v=WAkO5QPQeVc

Ова е нешто како кратко продолжение на првиот дел на неговава офарбана животна приказна каде се гледа речникот на Тошета Качакот. https://www.youtube.com/watch?v=nRPDvu8x08I

Линкови од Буревесник каде е спомнувано и образложувано крими нарко актерството на Тоше. 1. http://burevesnik.org/mk/2011-07-09-13-25-27/item/303-керозин-смрди-на-кокаин.html 2. http://burevesnik.org/mk/2011-07-09-13-25-27/item/318-адон-не-лае-на-домашни-наркодилери.html 3. http://burevesnik.org/mk/2011-07-09-13-25-59/item/321-цандо-новиот-big-boss.html 4. http://burevesnik.org/mk/2011-07-09-13-25-59/item/322-груевски-нарко-кока-премиер.html

И за крај инбокс разговорот помеѓу Тоше Зафиров Качакот и Зоран Божиновски. https://www.facebook.com/notes/zoran-bozinovski/se-javi-toše-zafirov-kačakot/505324829502408
 
Последно уредено:
Член од
8 јуни 2013
Мислења
299
Поени од реакции
198
Во вест сега скоро имаше за него статија , за слепилото на детето негово, кога ќе го прочиташ текстот воопшто не делува на криминалец туку баш напротив на човек со мачен живот.
http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=C1814CD594C7A44EBF2FADBB92C2AB5B
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.309
Поени од реакции
3.697
Ви текнува на едно списание пред 10-15 години за криминал, оружје такви работи. Како се викаше и дали го има на интернет негде? Мислам дека беше неделник од квалитетна хартија не како обичниве весници.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.305
Поени од реакции
5.911
Во вест сега скоро имаше за него статија , за слепилото на детето негово, кога ќе го прочиташ текстот воопшто не делува на криминалец туку баш напротив на човек со мачен живот.
http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=C1814CD594C7A44EBF2FADBB92C2AB5B
Знам знам за текстот во Вест и по списанија други го имаше и по телевизија е стално. Иначе не е насилник односно нема доволно муда за да биде насилник Тоше, но тоа не значи дека не е криминалец... Штом се занимавал со криминал тогаш е криминалец. Тешката судбина е и дело на неговата лоша карма само тој се маскира и се дичи со тешката судбина.
 

Ciudad Juarez

rothschild
Член од
18 март 2015
Мислења
385
Поени од реакции
403
Ви текнува на едно списание пред 10-15 години за криминал, оружје такви работи. Како се викаше и дали го има на интернет негде? Мислам дека беше неделник од квалитетна хартија не како обичниве весници.
За "Сведок" да не мислиш ?
Или јас сум некоја грешка.
Ама мислам дека "Сведок" беше.[DOUBLEPOST=1435485744][/DOUBLEPOST]
За "Сведок" да не мислиш ?
Или јас сум некоја грешка.
Ама мислам дека "Сведок" беше.
Знам дека тато го купуваше еден период.
Мислам дека некаде 2002-2003 година.
 
Последно уредено:

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.309
Поени од реакции
3.697
За "Сведок" да не мислиш ?
Или јас сум некоја грешка.
Ама мислам дека "Сведок" беше.[DOUBLEPOST=1435485744][/DOUBLEPOST]
Знам дека тато го купуваше еден период.
Мислам дека некаде 2002-2003 година.
хмм изгледа да
http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=1188&stID=3826&pR=2
Еве го спомнат овде. го имам читано ова за Легија.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.094
Ви текнува на едно списание пред 10-15 години за криминал, оружје такви работи. Како се викаше и дали го има на интернет негде? Мислам дека беше неделник од квалитетна хартија не како обичниве весници.
И јас мислам дека за списанието ,,Сведок,, се работи. И ако ме држи добро сеќавање Орце Коруновски-Пикадили, спомнат во темава, беше сопственик. Инаку за доста споменуваниот Чонгур, мислам дека нема средношколец кој учел,учи во средното угостителско во Скопје, а да не поминал пред неговата куќа, и да зјапат во автомобилите паркирани пред неа.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.305
Поени од реакции
5.911
Другарчиња темава не е за криминалците од другите земји али знаете како е тоа Балканот е едно колку и да е скаран колку и да се цепка и дели. Интересен податок е дека скопскиот бизнисмен (карикатура од бизнисмен како што би рекол З.Б.) Буцо Лазов е два пати тепан од Земунскиот клан поради многу зборување низ скопските кафичи.

Исто така се смета дека убијците на Тушевски и Јанев се професионални платени убијци од Србија.[DOUBLEPOST=1435489855][/DOUBLEPOST]
И јас мислам дека за списанието ,,Сведок,, се работи. И ако ме држи добро сеќавање Орце Коруновски-Пикадили, спомнат во темава, беше сопственик. Инаку за доста споменуваниот Чонгур, мислам дека нема средношколец кој учел,учи во средното угостителско во Скопје, а да не поминал пред неговата куќа, и да зјапат во автомобилите паркирани пред неа.
Овој Орце Коруновски Пикадили е тој што го убија во Бугарија ?
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.094
Другарчиња темава не е за криминалците од другите земји али знаете како е тоа Балканот е едно колку и да е скаран колку и да се цепка и дели. Интересен податок е дека скопскиот бизнисмен (карикатура од бизнисмен како што би рекол З.Б.) Буцо Лазов е два пати тепан од Земунскиот клан поради многу зборување низ скопските кафичи.

Исто така се смета дека убијците на Тушевски и Јанев се професионални платени убијци од Србија.[DOUBLEPOST=1435489855][/DOUBLEPOST]
Овој Орце Коруновски Пикадили е тој што го убија во Бугарија ?
Да.
И Ако ги најдам списанијата, бидејки ги имам сите купено до излегувањето на Сведок, ке постирам слики од неговиот погреб, и детали од истрагата, бидејки во неколку броја имаше пишувано и за тоа. Има и доста интересни други текстови, но на кој да му текне сеа за кого беа. Ке ме терате да барам по кутииве дома.
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.309
Поени од реакции
3.697
Да.
И Ако ги најдам списанијата, бидејки ги имам сите купено до излегувањето на Сведок, ке постирам слики од неговиот погреб, и детали од истрагата, бидејки во неколку броја имаше пишувано и за тоа. Има и доста интересни други текстови, но на кој да му текне сеа за кого беа. Ке ме терате да барам по кутииве дома.
Штета што немаше интернет тогаш па да ги ина на онлајн, интересни беа. Знал за Прчето имаше цела страна кога го отепаа.
 
А

Атлантист

Гостин
Знам знам за текстот во Вест и по списанија други го имаше и по телевизија е стално. Иначе не е насилник односно нема доволно муда за да биде насилник Тоше, но тоа не значи дека не е криминалец... Штом се занимавал со криминал тогаш е криминалец. Тешката судбина е и дело на неговата лоша карма само тој се маскира и се дичи со тешката судбина.
Можеби а можеби и не.
Односно провери ја информацијата од повеќе извори, ако изворот е само Божиновски најверојатно се работи за новинарско рекетирање, кое дотичниот го применува кон сите оние кои ќе ги намириса дека имаат пари .
Пр.. со Тоше Проески на времето.
Еве и за друг случај во кој е замешан Зоран Божиновски.
Ќе пишуваме дека жена ти е вмешана во трговија со органи, а ќерка ти и нејзиното момче во трговија со кокаин, вака бил уценуван бизнисменот и поранешен владин функционер Минчо Јорданов, од дел од обвинетите во аферата "Шпион", објавува "ПлусИнфо".


Денеска во Основниот суд Скопје 1, на главната расправа за шпионската афера, како сведоци на одбраната освен Јорданов говореа и бизнисменот Трифун Костовски и неговиот син Коста. Според исказите и тројцата биле уценувани од неколкумина од обвинетите. Минчо Јорданов требало да плати неколку милиони евра за да престане, како што рече, „неиздржливиот притисок врз семејството“. Јорданов во судот прстот го впери кон обвинетиот Миќо Насковски, за кој рече дека стоел зад уцените. Но уцени добивал и од новинарот Зоран Божиновски.

И Костовски бил мета на уцените на Зоран Божиновски. Според сведочењето, не им била побарана конкретна сума пари, но Трифун Костовски и син му биле уценувани дека на виделина ќе излезат наводни документи за наводно местење фудбалски и ракометни натпревари.

Милионска сума требало да плати бизнисменот Минчо Јорданов за да престанат уцените кон неговото семејство кои оделе и на штета на неговите фирми. Според тврдењата на Јорданов во судот, иако заканувачките пораки ги добивал од „трети лица“ чиј идентитет не го откри, сепак, бил убеден дека зад нив стои Миќо Насковски, поранешен директор во АД „Бетон“, кој е меѓу обвинетите во „Шпион“. Во уцените имал улога и новинарот Зоран Божиновски, за кого истрагата е прекината. Јорданов го познавал Божиновски од порано, му давал задачи за, како што рече, „да спроведе некои операции за бизнисот“ и во неколку наврати за задачите му плаќал од 5.000 до 10.000 евра. Но кога увидел дека информациите на Божиновски не се од корист, му го откажал ангажманот. Насковски, пак, го запознал во 2007-та година, и го поставил за претседател на бордот на директори, а го ангажирал да ја води постапката за акциите на АД „Бетон“. По неколку месеци од работењето, според тврдењата на сведокот, поради недомаќинско работење на Насковски, компанијата платила 250.000 евра повеќе за купување акции, што обвинетиот го направил свесно, па така Насковски и неговите соработници Јорданов ги избркал од работа. По извесен период почнале уцените, најпрво биле објавувани текстови од новинарот Божиновски на сајтот „Буре весник“, со како што рече Јорданов, гнасни и невистинити содржини, а почнал да добива и уценувачки мејлови и смс пораки. Од него се барало да плати „милионски суми“ по основ на побарувања на Насковски.

„Ми стигнуваа меилови со содржина: ’Треба да расчистиш со Миќо, бидејќи имаш обврски’, смс пораки: ’Да седнеш со Миќо да го расчистиш побарувањето’. Гнасни закани дека жена ми е поврзана со трговија со органи, а ќерка ми и дечко и' замешани во трговија со кокаин. За да престанат заканите бев принуден да свикам состанок со Миќо Насковски, кој на состанокот дојде со Марјан Маџовски, Зоран Витанов и техничкиот директор“, рече Јорданов пред судот.

Средбата била во октомври 2009-тата година, кога Јорданов им објаснил дека нема никакви обврски ниту кон Насковски ниту кон неговите соработници кои ги избркал поради како што посочи расипничко работење.

„Ако почнев да плаќам ќе требаше да влезам во кругот на оваа група“, рече Јорданов во Судот.

Според наводите во обвинителниот акт, во текот на 2010-тата година, Миќо Насковски поранешен директор во АД „Бетон“ и поранешниот шеф на кабинетот на претседателот на Собранието на РМ, Марјан Маџовски, двајцата обвинети во „Шпион“, како и новинарот Зоран Божиновски за кого истрагата е во прекин, му се заканувале на Минчо Јорданов дека во медиумите ќе пишуваат против него, односно ќе објават информации за „криминална приватизација и откуп на акциите во АД Бетон, како и негови други фирми“ ако не им даде голема сума пари. Обвинетиот Насковски, како што стои во обвинението, на Маџовски му дал 12.600 евра како надоместок да се ангажира и да најде начин Јорданов сериозно да ги сфати заканите и да му извлече голема сума пари, а тие за возврат ќе објават информации за наводна позитивна улога во приватизацијата и откупот на акциите во АД „Бетон“.

Новинарот Божиновски бил задолжен да врши притисок врз Јорданов заканувајќи се преку текстови во весник во кои пишувал за наводна криминална приватизација, стои во обвинението кое им е ставено на товар на обвинетите. Јорданов не ги сфатил сериозно заканите, па на обвинетите не им ги дал парите кои ги барале.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.305
Поени од реакции
5.911
Можеби а можеби и не.
Односно провери ја информацијата од повеќе извори, ако изворот е само Божиновски најверојатно се работи за новинарско рекетирање, кое дотичниот го применува кон сите оние кои ќе ги намириса дека имаат пари .
Пр.. со Тоше Проески на времето.
Еве и за друг случај во кој е замешан Зоран Божиновски.
Можеби а можеби и не. Не го бранам пристрасно Зоран, но навистина од плата се отвораат теретани и кафич и се купува цел возен парк ? Башка Зоран ако сакал да го уценува Тоше тогаш немало да испадне во јавност сето ова туку ке го малтретирал се додека не добие пари.[DOUBLEPOST=1435502942][/DOUBLEPOST]Емисијава од емисијата Код е истражување на новинарскиот тим на Код за нерешените убиства при мафијашки престрелки кај нас во МК во емисијата зборуваат и големи полициски функционери и истражувачи. Притоа се опфатени и убиствата на Џелал Ајети, Ромео Живиќ, Јордан Јорданов Ркулот и Горан Ѓорѓиевски Мујо. Топ истрага, топ емисија интересни факти и опфатени се позначајните убиства на поголемите криминалци кај нас.
https://www.youtube.com/watch?v=Hq5apC3-FGs[DOUBLEPOST=1435510344][/DOUBLEPOST]Многу многу луѓе ми пишаа досега па и некој пишаа на темава дали знам нешто за Рамбовци од Битола и ако знам зошто не објавам. Многу малку има за рамбовци податоци и повекето се шпекулации, но сепак доправ до нешто.

Рамбовци всушност се двајца браќа Зоки и Драги и нивна потрчковска екипа. Луѓето се од Битола и не знам со што точно од криминал се занимаваат. Знам дека криминалната контрола од пред неколку години ја имаат и врз Прилеп а притоа се и главните крими владеачи во Битола. Дали се луѓе заштитувани од власта не ми е познато. Точно не знам колку, но знам дека релативно просечно време се познати локални криминалци. Слушнав и дека Пелистерка е нивна фирма, но не гарантирам и не сум сигурен за оваа информација. Иначе со сигурност Рамбовци во Битола поседуваат ноќен клуб Давидоф кој претходно бил кладилница Депортиво. Ако се сеќавате пред неколку месеци кога УЈП во Битола затвори многу локали и после неколку дена на шест возила на УЈП во Битола им беа издупени гумите. Јавна тајна е помеѓу битолчани дека тоа е дело на одмазда на Рамбовци и нивната екипа.

Еве известување од Грид за оштетените возила на УЈП. http://grid.mk/read/news/509546970/9549786/izbusheni-gumi-na-vozilata-na-ujp-vo-bitola

Еве го Ford Mustang -от кој е во сопственост на Рамбовци.
979957_163547623826728_694370666_o.jpg
 
Последно уредено:
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.305
Поени од реакции
5.911
Никола Георгиев Командант Коки
67212_144208245626023_2373979_n.jpg
Командант Коки беше една од елитните фаци низ скопските кафичи и дискотеки до пред некоја година. Всушност најсилен беше во времето кога го бранеше власта, власта пред оваа власт. Не знам дали Коки бил телохранител на некој од политичкиве функционери или само тепач за по потреба, но еден од луѓето за подземните игри во времето на тогашната власт. Без разлика јавна тајна е дека Командант Коки има многу многу кривични дела за насилства, тешки телесни повреди и учество во масовни тепачки и пресметки и малтретирања. Исто така познато е дека никогаш не одговарал за кривичните дела и си поминувал само со условна пресуда дури и во времето на оваа власт. Голема позадина веројатно стои зад Коки а тоа кажува дека Коки најверојатно им е голем играч на неговата политичка партија. Последниот голем инцидент со Командант Коки беше некаде Декември 2012 година кога тој нападнал полицајци зошто го сопреле за пребрзо возење се сеќавам дека имаше некој избори тогаш ако не се лажам иначе имаше и доста шпекулации дека власта му мести на Коки нешто зошто го гледа како опасност. Коки си доби пресуда и се остана на муабети. Инаку на наводната пресметка со сообраќајците по што го уапсија Алфите во позадина стои малтретирање на член на политичката партија од власта кај паркингот на машинскиот факултет ден пред да се случи конфликтот со сообраќајците односно се тврди дека Коки со уште некој негов пријател на договорено се сретнале со некој си политички член по што веднаш Коки го нападнал со палка заплашувајки го и терајки го да му кажува информации што планира власта. И за овој настан Коки е пријавен во полиција. За нападот врз сообраќаец го осудија на шест месеци затвор. Исто така пред неколку години беше и запалено од подметнат пожар аудито на Командант Коки по што се шпекулираше дека е одмазда од некој за нешто.

За запалениот автомобил на Коки. http://kajgana.com/eden-od-zapalenite-avtomobili-bil-na-komandant-koki

На долго и на широко и малку калемено известување од сител за нападот на полицаец. http://www.sitel.com.mk/priveden-komandant-koki

За пресудата на Коки за нападот врз полицаецот. http://24vesti.mk/shest-meseci-zatvor-za-komandant-koki-za-napad-na-sluzhbeno-lice

Некогашен блог на Командант Коки кај што тој се фали и манипулира. http://komandantkoki.blogspot.com/[DOUBLEPOST=1435601389][/DOUBLEPOST]Мало освежување и надополнување на темата Франкфурт Мафија група кој е спомната уште во првото мислење со кое е отворена темава.

Браќата Муриќ

Браќата Муриќ Еко и другиот немам информација како се вика се или беа големи играчи во т.н. Франкфурт Мафија кога групата функционираше со полна пареа. Екипата Муриќ и неколку нивни послушници по потекло се од некое си велешко село Оризари кое е големо бошњачко село. Нивните тешки милиони евра потекнуваат од нарко трговија. Јавна тајна е во круговите на подземјето и помеѓу велешани дека Еко Муриќ работел за Јордан Јорданов Ркулот (Убиен во случајот Биг Фиш). Во времето кога Ф. Мафијата правеше огромни заработки од дилерските пратки за Виена и Франкфурт Еко Муриќ како пријател на главниот бос Ркулот се фалеше низ градот дека апсолутно мака нема и дека ништо никој не му може. Еко за кратко смени неколку жени купи луксузно Ферари скапо стотици илјади евра и за многу кратко време со неговата десна рака на некоја од пругите ги удри воз по што како ги влечел возот така евра летале низ пругата. Тоа остана како една легенда низ велес се случи некаде 2007 година. Неколку дена по сообраќајката со возот ако не и истиот ден Еко Муриќ го направил најголемиот сунет што се памети воопшто во Македонија, сунет на кој присуствуваа најголемите нарко дилери од Франкфурт Мафија и големи бизнисмени. Музиката на свадбата била по нивни вкус врв односно целата шабанска естрада од Гранд Продукција свирела и пеела на сунетот на помалиот син на Еко. За сунетот се слушна надалеку и снимките на јутјуб ги има сеуште и се со по милион гледаност. По оваа голема галама околу Муриќ следеше и голем пад... После сето ова Муриќовци од Велес односно Оризари се преселија во Франкфурт во луксузна куќа со луксузни коли и наводно решиле да си го тераат животот и повеке да не работат со дрога. Арно ама при апсењето на еден од локалните велешки насилници во Франкфурт кои работел како уличен дилер наводно ги наклеветува браќата Муриќ дека они го присилуваат да работи со дрога и набрзо германскиве власти ги апсат Муриќовци и им запленуваат доста возила па така наводно ни криви ни должни си поминуваат во затвор неколку години додека не се докаже дека не се криви или не им помина затворската казна не сум сигурен. Додека скапувале во затвор браќата односно Еко пратил "поздрав" до нивниот клеветник дека се што има дома од фамилија до куче, маче ке му убијат. Веке неколку години се пуштени од затвор. Нивниот главен потрчко и соселанец не му знам име зборувам за оној кој бил во ферарито со Еко додека ги удрил воз беше уапсен со најголемата последна акција за апсење на поглавните членови во 2010 година. Си живеат и понатаму во Франкфурт а понекогаш иделе и во родното Оризари и Велес.

Снимка од сунетот на синот на Еко 2008 каде за нив легендарниот Шабан Шаулич им пее на забавата лично на Еко и неговиот постар син. (забележете го бакшишот што се лепи по музичарите) Еко е возрасниот до детето во црна маичка. https://www.youtube.com/watch?v=AFSY4aESOtE

На оваа снимка нивнот идол Шериф Коњевич им пее качен на стол кај што они го маскираат со пари лепење. Еко кажав кој е со црната маичка и бели пантолони а дебелиот, келавиот со плава кошула качен на стол е десната рака на Еко во нарко бизнисот тој што бил со него во ферарито кажав уапсен во 2010 со големата последна акција и го осудија не знам точно, но околу десет години. https://www.youtube.com/watch?v=B8AS5u04eWk

На оваа снимка каде повторно им пее нивниот Шериф К. човекот со кафеава маичка што постојано го гушка Шериф е братот на Еко Муриќ не знам како се вика, исто така голем дилер поради нарко сметката на брат му. https://www.youtube.com/watch?v=MiCAqaJFc9c[DOUBLEPOST=1435602277][/DOUBLEPOST]Овој велешанец кој и те како бил голем играч во Франкфурт Мафијата со име како што ми пренесоа Павле Пајо беше екстрадиран од Петрич Бугарија до Истражен затвор Скопје. Стариот и исксуен дилер си нашол и во Петрич екипа за дилање па така и таму направил голема сума на пари иначе Пајо се криел во Петрич не бил на бизнис прошетка се криел од Интерпол пошто имало за него потерница пратено од пред неколку години кога се дигна голема галама околу големите апсења на познатата дилерска група. За ова не гарантирам и тврдам, но од доверливи избори разбрав дека Пајо бил и првиот велешанец кој работел нарко шверц и за Холандија и исто така дека е првиот во градот кој уште во девеесетите донел ново Ауди А6 во целата таа сиромаштија од тој период.

Снимки од МВР за апсењето односно екстрадицијата на Пајо. https://www.youtube.com/watch?v=KcHkCRqnOTc[DOUBLEPOST=1435602742][/DOUBLEPOST]И ова апсење е едно од неофицијалните големи апсења а сепак тесно поврзани со големата крими група Франкфурт Мафија. Како што ми е пренесено овде го апсат Ајдуран Уската кој е турчин или ром не знам а не е ни битно во однос на темава исто така многу богат член од крими екипата. Ајдуран со наркотрговијата ја крепел целата негова фамилија и роднини. Увезувал автомобили од странство што за свој кејф што за бизнис и исто така поседувал влечна служба и вулканизерска и механичарска работилница во Велес. По апсењето следело голем претрес а им биле запленети и возила. Ајдуран е осуден на повеке години затвор незнам точно и сеуште ја одлежува затворската казна.

Еве МВР снимки од неговото апсење на некоја бензинска пумпа во Велес како што ми е пренесено. https://www.youtube.com/watch?v=IC_1sHTTLUU
 
Последно уредено:
T

Torchyrus

Гостин
Go znaes li prezimeto na ovoj posledniot Ajduran? Dali e covekot za koj jas mislam deka e..ako e toj turcin e
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.305
Поени од реакции
5.911
Go znaes li prezimeto na ovoj posledniot Ajduran? Dali e covekot za koj jas mislam deka e..ako e toj turcin e
Не за жал не ако го добијам некако случајно презимето ке напишам. И мене ми стои како турчин по лицето по името повеке потсеќа на турчин одколу на ром.[DOUBLEPOST=1435612130][/DOUBLEPOST]Ова е единствената слика што можев да ја најдам од Аце Боцевски Циганот. Пошто ликот е спомнат уште при првото мислење а е и меѓу најголемите криминалци од девеесетите заслужува да знаеме како личел. Сликите ги превземав од Гугл. Иначе има многубројни шпекулации дека повеке пати Аце е виден како слободно се шета низ Скопје па дури и дека влегол во некоја полициска станица.
download.jpg 4411D268B7A8284B900CC89F52D9D7CE.jpg
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom