Абе доктор бизнисмен, имаше во кралевина Југославија во битола едно семејство на доктори кои така доста се збогатоиа, велат биле школовани во Франција татко - син и скапо ги наплаќале услугите, а ако неко јнемал пари, морал да даде земјиште или неговото семејство да го одработи лекувањето работејќи на имотите на докторите.
Во медицината мене подраг ми е Салк кој се откажа од сите придобивки за своето откритие за добробит на човештвото.
Али си имаше СФРЈ доста светли точки кои ете веќе не можеме да ги достигнеме. ОСтанаа легенди за мирниот и спокоен живот, останаа сеќавања на реки работници кои секое сабајле одеа во фабрики, останаа патишта, централи, далекуводи, пруги, објекти.... за кои се чудиме кој ги направи (како пирамидите во Египет) и во неверица си повторуваме “немогуќе е ова нешто ние да смо го направиле самите“ Се чудиме шо мајка толку фабрики граделе во Југославија кога сега стојат празни, кој ли таму работеше, не ни е јасно како е можно сами да си управуваме Телефонија, Рафинерија, Производство на струја.... денес ни објаснија дека тоа не можеме сами, дека мора то да се Грци Австријци Унгарци Турци пошто ние не знаеме.... заборавивме текстилна индустрија како се води па моравме да им дадеме на грци и фабрики и робови тоа да го работаат, Изгубивме и осет за змјоделство, исклавме крави и напуштивме нивја па увезуваме млеко жито пченка домати пиперки, мермерот од Прилеп со кој се поплочувани и облагани светски зданија, не сме го задржале - сме го продале, 70% од струја се уште ни ја испорачува РЕК пуштен во работа пред 40 години а ние со децении се обидуваме една хидроцентрала да направиме па само ни пропаѓа работата....