Дрекселмаер – Фабрика на смртта

  • Креатор на темата Креатор на темата Notepad2
  • Време на започнување Време на започнување
Тие што мислат дека од земјоделие се живее, бујрум, им давам нива. Нека живеат. Јас пари се наполнав.
 
ако се вадеа пари од земјоделие , во дрексл , и од било која поштена работа во дупкава , значи ПОШТЕНА , немаше 200к бг пасоши да се изва до сеа, а уствари и кае крајот :) само грујо заев и компанија ги боли кур , сите се за фотељите фатени и никако пуштање , за жал е се бетар и бетар , таа е реалноста , битно вемеро е тука , грујо е нашио спасител , месија , македонија е прва во европа во биџипи миџипи имаме најквалитетно здравство , народот е задоволен платите се екстра , најдобри сме во европа , а уствари во заир и сомалија се живеј поубо, во оваа дупка нема никаква надеж за жал ...
 
Соопштение од концентрациониот логор Дрекселмаер, лично од СС бригадирот Лукас Мурингер. Немало други починати Евреи.

Фабриката Дрекслмајер во Кавадарци во вторникот изезе со соопштение во врска со срмтта на една вработена, која почина пред една недела на работното место, при што се наведува дека причина за смртта бил мозочен удар. Во соопштението се наведува дека вработената на 16.06.2015 на кратко изгубила свест, по што веднаш бил повикан медицинскиот персонал од амбулантата која работи во рамки на фабриката. Истовремено била повикана и брзата помош од Кавадарци. Откако е дадена прва медицинска помош нашата колешка била пренесена во болница, а за целото време таа била придружувана од страна на нејзината претпоставена. За жал, нашата вработена починала следниот ден на клиниката во Скопје, како последица на мозочен удар, се вели во соопшението. „Ова е прв случај во ДММ да изгубиме вработен на овој начин. Изгубивме ценета и почитувана колешка, која ќе ја чуваме во нашите спомени. Раководството на компанијата, целокупниот персонал и одборот на вработените на ДММ изразуваат длабоко сочуство до семејството на почината, за ненадоместливата загуба“, изјави Лукас Мурингер, технички раководител во ДММ. Од Дрекслмајер Мануфактуринг Македонија ДММ истакнуваат дека редовно се спроведуваат инспекциски контроли од областа на здравјето и безбедноста при работа. Воедно се информира дека медицинскиот персонал кој работи во амбулантата во фабриката брои осум лица меѓу кои и доктор, кои во секое време им стојат на располагање на сите вработени.
http://press24.mk/drekslmajer-so-soopshtenie-za-smrtta-na-vrabotenata

Веднаш бил повикан медицинскиот персонал. Како бе така, јас мислам дека требало да почекаат да се освести и да поработи уште малку пред да интервенираат, за една несвестица да се галами бидува ли а?
 
ебате медицинскиот персонал вчера едно девојче се онесвести на болничарот од носилката му падна врска немат :confused:
 
А кој рече дека е подобро да работиш во маркет за 8 000 ?
И прво гледај што пишуваш,па после кажувај дали некој плука нешто контра.КОЛКУ ЗЕМЈОДЕЛЦИ ВО ДРЖАВАВА ИМААТ ХЕКТАР ИЛИ ПОВЕЌЕ ?
Убаво ти објасни членот Goldie за јачменот.Епа сега ти види дали вреди да ги фалиш овие 8 000 денари.

Правам муабет за обичната раја,а не за некој земјопоседник со многу земја.
Колкумина од тие што ги познаваш лично имаат 4-5 ниви × 12 хектари ?
Абе тешко на тебе ако решиш да живееш од една култура јас го зедов тоа само како пример инаку има толку земјиште на располагање ама знаеш зјае празно и баш коа на некој ќе му текне да прави нешто со него ќе ти се нацртат минимум 5-6 луѓе и ќе ти тврдат дека е нивно. Нај лесни пари се од лешници,ореви,бадеми ,капини,малини,рибизли и аронија откуп стабилен цена ненормална. Плус имам слушнато дека некаде во Гевгелија некој одгледувал некој скап индиски зачин откупна цена 500 денари кг , а работа минимална. Пак ќе кажам може нема да се збогатиш ама бар си сам свој газда. Во однос на парите конкретно за јачменот подобро е да ја имаш ти подршката од семенски материјал , па и да добиеш субвенција плус за откупен јачмен 2 ден кг , а откупната цена лани беше неверојатни 18 денари сеа ако ти е со никаков квалитет може и 10 да ти дадат некаде ама високо квалитетен може да достигне откупна и по 25 денари + субвенција. Најјака откупна цена има овесот и `ржот ама па тоа е со рача работа за жнење и вршење.
 
Извини вака, дали си запознат колку време е потребно за орев и лешник да добијаш како производ?? Или во штаб така ве учат денеска садиш и оп утре лешници и ореви , пред да трескаш вакви глупости читај малце, лешник о орев даваат род после 7 до 10 години, ако ти си решен да живејш тука наредниве 10 години и да ги чекаш првите лешници и ореви , good luck :)

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
И ти вака како економист се преориентираше на земјоделие... Браво, нема што :) Подржувам претприемачки дух, компониран со земјоделски...
 
Овај е изгледа кај јанко буреко шо се јавува тој земјоделецо:)))

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Тие што мислат дека од земјоделие се живее, бујрум, им давам нива. Нека живеат. Јас пари се наполнав.
Што е најсмешно сите стануваат експерти одма за бадеми,лешници за све имаат и план и пласман. Како беше она,математиката дома и на пазар не е иста.
 
Извини вака, дали си запознат колку време е потребно за орев и лешник да добијаш како производ?? Или во штаб така ве учат денеска садиш и оп утре лешници и ореви , пред да трескаш вакви глупости читај малце, лешник о орев даваат род после 7 до 10 години, ако ти си решен да живејш тука наредниве 10 години и да ги чекаш првите лешници и ореви , good luck :)

Sent from my iPhone using Tapatalk
Не бе просветли ме ти колку време треба знам јасно е по 3 години почнува да раѓа ама ќе ти летнат и така тешко дека од коа би завршил нешто ќе најдеш работа плус јас веќе си живеам така не ми кажувај ти мене математики сум нашол како и живеам подобро од колку некој да те ебава за 250 евра месечно.
И ти вака како економист се преориентираше на земјоделие... Браво, нема што :) Подржувам претприемачки дух, компониран со земјоделски...
Не се страмам јас од работа и не ме учеле чекај удобна фотелја па и 10 факултети да завршам што има врска битно работам не седи и кукај нема работа и државата ми е крива за се.
Што е најсмешно сите стануваат експерти одма за бадеми,лешници за све имаат и план и пласман. Како беше она,математиката дома и на пазар не е иста.
Море откупот ти е сигурен ако сакаш ќе ти кажам дури и човек кој ќе ти ги плати садниците и ќе се задолжи да ги откупи родовите по пазарна цена.
 
КАВАДАРЦИ - Германската фабрика за производство на кабли за автомобили „Дрекслмаер“ во Кавадарци работи под полна пареа и со над 5.000 вработени моментално е најголем работодавец во земјава. Но, дел од работниците реагираат на условите во кои работат. Се жалат дека нема доволно вентилација во производствените хали, што им создава големи проблеми, особено во овој летен период.

„Во погоните е неподносливо жешко. Бидејќи во една смена има многу вработени, а вентилацијата е лоша, како да нема доволно воздух. Има клима-уреди, но како да не работат. Навистина не се чувствуваме добро додека сме на работа“, се жалат работниците.

Во една смена има над 1.000 вработени во погоните. Никој не сака јавно да говори за проблемите, но се жалат дека се' потешко ги извршуваат работните задачи поради несоодветните услови за работа. Стравуваат дека поради лошата вентилација и климатизација може да се случи уште еден немил настан, како што беше тој кога почина една работничка од Велес.

„Речиси во секоја смена им се слошува на пет-шест луѓе. Најтешко е кога се предава смената, бидејќи тогаш во погоните има и повеќе од 2.000 работници и не се дише, нема воздух“, велат вработените и ги обвинуваат и нивните тим-лидери дека им вршат притисоци и дека ги навредуваат, и тоа без знаење на германските газди.

Од друга страна, се жалат дека некогаш добиваат и премногу задачи кои ги исцрпуваат и не стигнуваат да ги завршат. Велат дека во текот на осум работни часа имаат само по 20 минути пауза за ручек и два пати уште по пет минути. Раскажуваат дека во фабриката често доаѓаат нови работници, бидејќи многу си заминуваат поради големите обврски, лошите услови за работа и несоодветните плати за работата што ја извршуваат.

Но, од компанијата ги отфрлаат сите шпекулации кои се шират од вработените. Тврдат дека во „Дрекслмаер“ се спроведуваат високи стандарди. „Сите производствени хали се климатизирани и во нив е инсталиран соодветен вентилациски систем. Температурата на воздухот е секогаш во рамки на стандардизирани и пропишани вредности, а системот за разладување е вклучен 24 часа. Поставената опрема е високомодерна и далеку над воспоставените домашни стандарди“, објаснуваат од фабриката.

Од таму тврдат дека досега ниеден вработен не се пожалил на здравствени проблеми поради работните услови, а вработената што почина е единствениот случај, но оти таа починала откако и' се влошила здравствената состојба во болница. Од менаџментот објаснуваат дека вработените знаат дека амбулантата во фабриката им стои на располагање 24 часа, дека има 8 медицински сестри и доктор, а во смена задолжително работат по две медицински лица.

„Доколку некој има потреба да го напушти работното место, има т.н. џокери како замена. ’Џокери‘ се нарекуваат оние вработени кои се обучени да работат на различни работни места и да ги заменуваат своите колеги кога е потребно. Токму поради ова нема никаква причина на еден вработен да не му биде дозволено да го напушти работното место. Нашите вработени се најголемиот капитал во компанијата и грижата за нив е наш најголем приоритет. На направената анкета на вработените во ’Дрекслмаер‘, спроведена на светско ниво во сите фабрики, одговорите на нашите вработени се околу просекот. На прашањето за задоволство од работните услови во ДММ, одговорот е и над просекот“, велат во „Дрекслмаер“.

Негираат дека се врши мобинг над работниците. Појаснуваат дека фабриката постојано инвестира во обуки на тим-лидерите и другите претпоставени и дека има воспоставено соодветен систем, при што вработените се обучуваат како да препознаат мобинг, односно вознемирување на работното место и веднаш да пријават до одговорното лице кое е обврзано да преземе понатамошни мерки. Оттаму додаваат дека за вработените се организираат бесплатни курсеви по германски јазик и други бесплатни тренинзи и обуки, со цел полесно да напредуваат во работата. Работниците добиваат бесплатен топол оброк во прва и втора смена и ланч-пакет во трета. Сите вработени добиваат бесплатен превоз до фабриката и назад, а за оние за кои нема автобуски превоз, им се исплаќа месечен надомест за транспортни трошоци. Во една смена превозот на работниците го извршуваат околу 40 автобуси.

Во оваа фабрика се' уште нема формирано синдикална организација. За правата на работниците се бори Одборот на вработени, тело за кое од компанијата велат дека е значајна алка меѓу менаџментот и вработените.

„Вработените се обраќаат до Одборот, а потоа сите забелешки и предлози се презентираат до раководството кое детално ги разгледува и се обидува да им излезе во пресрет на вработените. Покрај ова, големиот број апликации за вработување кои пристигнуваат се јасен показател дека нашата компанија е посакуван работодавец во регионот“, велат од компанијата и додаваат дека најниската исплатена плата е во просек 20 отсто повисока од законскиот минимум во земјава.

Инаку, по основ на плати и придонеси за вработените, „Дрекслмаер“ месечно исплаќа околу 2 милиони евра.

http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=047540617FA0BB4FA560DEE28120175B
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom