Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

Член од
17 јуни 2015
Мислења
35
Поени од реакции
65
Ја фалат луѓето кои не успеаа да се „прешалтаат“ во овој систем и сеуште чекаат со зинати усти државата да им реши се. За жал, имаше многу луѓе кои беа колатерална штета како резултат на политичарите кои претставуваа продолжена рака на комунистите, кои ја направија најусраната транзиција и ја осакатија за навек и економски и политички Македонија, па реално е невозможно сега да очекуваме чуда и да бидеме Германија и да обичен работник да зема 2000 евра плата. Кој смета дека треба да биде така, бујрум нека отвори бизнис да види како е и да види што е капитализам. Ајде постарите можам да ги разберам, но помладите чија оваа доктрина „учи за да не работиш“ им е пренесена, после 25 години, во ера на интернет, во ера на можности како никогаш во историјата, каде што имаш секакви програми и субенции за самовработување, отворање сопствен бизнис, посебно ако си млад човек до 30 години, да се жалиш дека нема работа и е слабо платено а со прст не си мрднал ништо за да го промениш тоа, искрено, не жалење, ќотек ти треба (пак, со реални исклучоци).

Чинам дека најмногу што сме наследиле од СФРЈ е усраната работна навика лежи лебу да те јадам и живот под кредити, со таа разлика што тогаш кредитите ги земаше државата, а сега и државата и граѓаните. Со еден збор, сега ако си малку попаметен и самоиницијативен, можеш да живееш најмалку дупло подобро отколку во Југославија, каде што сакал-нејќел ако не си во кој и не си на некаква функција си осуден да бидеш обичен просек макар бил и гениј. Стив Џобс да се родеше во СФРЈ веројатно ќе беше обичен работник кој треба да биде задоволен што можел да отиде 2 пати на одмор. И тогаш переле масовно мозок многу повеќе од денес и секој интелектуалец или противник на идеологијата го јадел, и тогаш било леб и игри. Да не збориме за преувеличениот ЈУС стандард, автомобилската индустрија и тоа дека била 3та светска сила Југославија :facepalm:И тогаш го молзеле обичниот граѓанин и тие цехови ден денес ги плаќаме, и сега го молзат, со разлика што сега имаш избор повеќе да заработиш, па тоа да ти стане понеприметливо. Само, колку што гледам сите сакаат државни вработувања или да бидат платени „граѓански активисти“ (кои за огромното ништо, а некогаш и штета што ја прават) се преплатени. Патот не е лесен. Ако си одбрал да се возиш по автопат тогаш немој ни да се жалиш што не можеш да се искачиш по планина.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.198
Мислам дека 90% од жителите на бивша Југославија кои се денес од 40 години па нагоре, значи оние кои реално живееле и се сеќаваат на Југославија, со двете раце би прифатиле да се вратат во таа држава.
 
Член од
21 мај 2009
Мислења
876
Поени од реакции
466
Dete...
Zapomni, da ne beshe chopaviot, sega sigurno ke beshe blagonadezhno blgarce ili vo najmala raka juzno srbijanche...
Ete sega sme nezavisna "drzhava"i maka machime so NATO i EU...sekoj moment ochekuvame nekoj da ugasne svetloto.
Да не треба јас тебе да те наречам дете?

Инаку да не беше чопавиот загорец ние ке имавме држава 45-та.Размисли малку подлабоко,или прочачкај на нет да ја откриеш правата вистина.......[DOUBLEPOST=1435352456][/DOUBLEPOST]
Милиони жители на СФРЈ, нивни потомци, жалат за една земја во која обичен човек, работник, можеше да има стан, куќа кола да школува деца на факултет а при тоа да не си крати од јадење, годишни одмори,, сметки...
Таа земја им пречеше на хоштаплери, криминалци и остала багра која сакаше на нечесен и подол начин да се збогати со матни зделки. Денес тоа ни се случува.
Жалат хоштаплерите и барабите кои на плеките на работникот се шетаа на Јадранот и возеа Цитроени додека ние се радувавме на работничките кампови и скапаните 101 натоварени со пипер и домати.....
Жалат оние кои беа крлежи на општеството,а такви беа многу.Станови од фабриките добиени во кафеани,куки граени на трошок на градежните претпријатија,одење на одмор на сметка на претпријатието демек е на службен пат....

Обичниот работник добиваше чкембе чорба,скапан 101 и работничко одморалиште каде никој не избришал прашина со години.....

Тие што го прочитаа тој систем ја напуштија таа земја уште во 60-те и 70-те кога има најголем процент на имиграција од овие Балкански простори....

Е сега кога се смени тој систем,наеднаш почнавте да плачете по нешто што не заслужува да се спомене.Ако те бивало и тогаш да се снајдеш и да заминеш надвор,ке те бива и сега......

Ја крадевте државата со лопати и без усул,е сега кога не остана ништо за крадење бидејки бевте научени клати врата-земај плата,сега не ви чини.Ако те бива ке се снајдеш,а ако не те бива и да ти ја вратат назад џабе ти е.....[DOUBLEPOST=1435352525][/DOUBLEPOST]
Мислам дека 90% од жителите на бивша Југославија кои се денес од 40 години па нагоре, значи оние кои реално живееле и се сеќаваат на Југославија, со двете раце би прифатиле да се вратат во таа држава.
Наведи една добра причина зошто?

Сакаат да им се врати младоста а не државата...[DOUBLEPOST=1435352704][/DOUBLEPOST]
Србите останаа без територија поради својата генијалност,а сите останавме без асална држава ради изборот нивен да се борат за Србија а не за Југославија.
Проблемот со името бил ради Тито хах,кај ве штанцаат вакви. Македонија прв пат функционирала како држава во време на тито,за проблемот со името кој се создаде по распадот на Југославија пак е он крив?

Се ова што се случува е резултат на глупоста на народот на овие простори,неписмен и лесен за манипулација. Па за желба за територија се истепаа луѓе кој се израснале од мали заедно. Па сега ќе се мачиме да се помируваме...Немаше потреба од помирување, спорови со името,ни спорови за територии а уште помалце со гипсираните,нити кој регион беше побогат бидејки секако можеше да живееш таму.
А освен Словенија пак кругот е тој, и за звезде гранда и за балкански лиги и за дружба луѓето се тие.
Ова е од дедо ти што ти раскажувал кога си заспивал како бебе или од твое лично искуство.Судејки по бројот до твојот аватар,би рекол дека си бил во пелени кога постоела таа држава......Така да не дискутирај на памет или со наметнато мислење.....[DOUBLEPOST=1435352847][/DOUBLEPOST]
Gospodine chlenu.......
Da ne bideme skromni i cinichni kon auto industrijata vo eks Jugoslavija...(y)
Na mladata populacija koja diskutira na forumov po kazhuvanje na domasnite chlenovi koj slabo kotirale vo predhodniot sitem, od neznam kakvi prichini, da ne kazham od sopstvena nesposobnost ili treta prichina...
Da navedeme so kakva avto industrija raspolagala Jugoslavija.
Top 10: najpopularniji YU automobili
http://www.magazinauto.com/top-10-najpopularniji-yu-automobili/
Јака авто индустрија што да ти кажам.Преплатено со милиони,а не вредело ни 1/10 од таа сума
 
Последно уредено:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Жалат хоштаплерите и барабите кои на плеките на работникот се шетаа на Јадранот и возеа Цитроени додека ние се радувавме на работничките кампови и скапаните 101 натоварени со пипер и домати.....
Денес дете се крпари то што се изгради во сфрј, не можат во 20 години една хидроцентрала да направат не можат ни патишта ни пруги да одржаваат ни за фабриките да направат услови за да работат
Ако во тоа време во Македониаја се направија хидроцентрали, термоцентрали пруги патишта мостови тунели згради фабрики иригации рафинерија аеродроми болници школи.... како денес тоа не може ни да се одржава.
Кој е тој хоштаплерски план кој сакаа да го остварат со толку градења? Кои то мрачни цели се отстварија со асфалтирања, бетонирања, со електрификации, водоводи и канализации?? Каков перверзен план се криеше зад отварање на толку школи и факултети и описменување на народот на мајчин јазик?
Еве денес нема ништо од тоа и пема тебе то е природно и така требало а не ко комуњарите шо правеа вештачки да има патишта насекаде да има бесплатно здравство за секој да има вработувања и плати...ж
Еден пример, Хрватска денес има 400.000 население помалце од 1970 десетите и мислам 5 пати поголема невработеност од колку 70 десетите.
И кој систем е подобар за народот?
 
Последно уредено:

Ciudad Juarez

rothschild
Член од
18 март 2015
Мислења
385
Поени од реакции
403
Да не треба јас тебе да те наречам дете?

Инаку да не беше чопавиот загорец ние ке имавме држава 45-та.Размисли малку подлабоко,или прочачкај на нет да ја откриеш правата вистина.......
А што ако имавме сопствена држава уште во 45-та ? Косата ми се крева од самата помисла : Што би се случило ако Македонија станеше независна уште во 1945 ?

Многу се палите на тој факт СОПСТВЕНА ДРЖАВА.

Еве што ни се случува во сопствената држава.
 
Член од
21 мај 2009
Мислења
876
Поени од реакции
466
А што ако имавме сопствена држава уште во 45-та ? Косата ми се крева од самата помисла : Што би се случило ако Македонија станеше независна уште во 1945 ?

Многу се палите на тој факт СОПСТВЕНА ДРЖАВА.

Еве што ни се случува во сопствената држава.
Ако не ти чини во МК слободно имаш еден куп авио компании кои летаат за ич пари па напушти ја МК....Барем ке немаме конкуренција....[DOUBLEPOST=1435353546][/DOUBLEPOST]
Значи имаше 20 имиони хоштаплери кои живееа на грб на милион други?
Денес дее се крпари то што се изгради во сфрј, не можат во 20 години една хидроцентрала да направат не можат ни патишта ни пруги да одржаваат ни за фабриките да направат услови за да работат
Ако во тоа време во Македониаја се направија хидроцентрали, термоцентрали пруги патишта мостови тунели згради фабрики иригации рафинерија аеродроми болници школи.... како денес тоа не може ни да се одржава.
Кој е тој хоштаплерски план кој сакаа да го остварат со толку градења? Кои то мрачни цели се отстварија со асфалтирања, бетонирања, со електрификации, водоводи и канализации?? Каков перверзен план се криеше зад отварање на толку школи и факултети и описменување на народот на мајчин јазик?
Еве денес нема ништо од тоа и пема тебе то е природно и така требало а не ко комуњарите шо правеа вештачки да има патишта насекаде да има бесплатно здравство за секој да има вработувања и плати...ж
Еден пример, Хрватска денес има 400.000 население помалце од 1970 десетите и мислам 5 пати поголема невработеност од колку 70 десетите.
И кој систем е подобар за народот?
Слободно бладај за таа земја,остави ги другите да си ја бараат среката,ок.....

Да се разбереме една работа.Жалам само за младоста и по некоја невеста која сум ја промашил да ја забележам во мојот црн тефтер....

А за такви скапани работи и за скапана држава која дури и не заслужува да и се спомене името ич не ме засега.......
 

Ciudad Juarez

rothschild
Член од
18 март 2015
Мислења
385
Поени од реакции
403
Ако не ти чини во МК слободно имаш еден куп авио компании кои летаат за ич пари па напушти ја МК....Барем ке немаме конкуренција....
Без размислување би ја напуштил при првата прилика.

И да знаеш.Како што комунистичкиот систем и наштетил на твојата фамилија,така и овој систем и наштетува на мојата фамилија,а и мене лично.
И прекини со тие националистички филмови.
Народов за леб нема.
На повеќето веќе не им е гајле за Македонија.Македонија им ги упропастува животите.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
А за такви скапани работи и за скапана држава која дури и не заслужува да и се спомене името ич не ме засега.......
Te нервира то пто во тоа време и таа земја македонија од феудализам влезе во индустријализам, што се искоренија болести што се исшколоваа генерации млади, што се воведе струја до сите села, телевизија радио патишта, фабрики, иригации, што можеше да се кажиш Македонец на Македонски јазик, што можеше да си ја проучуваш историјата, јазикот фолклорот како свои?
тоа те нервира и вади од такт.
 
Член од
21 мај 2009
Мислења
876
Поени од реакции
466
Te нервира то пто во тоа време и таа земја македонија од феудализам влезе во индустријализам, што се искоренија болести што се исшколоваа генерации млади, што се воведе струја до сите села, телевизија радио патишта, фабрики, иригации, што можеше да се кажиш Македонец на Македонски јазик, што можеше да си ја проучуваш историјата, јазикот фолклорот како свои?
тоа те нервира и вади од такт.
Ајдееееее,значи комшиите на север ако не беа,ние ке умревме,така?

Слободно слушај си го Радио Белград,ок[DOUBLEPOST=1435354257][/DOUBLEPOST]
Без размислување би ја напуштил при првата прилика.

И да знаеш.Како што комунистичкиот систем и наштетил на твојата фамилија,така и овој систем и наштетува на мојата фамилија,а и мене лично.
И прекини со тие националистички филмови.
Народов за леб нема.
На повеќето веќе не им е гајле за Македонија.Македонија им ги упропастува животите.
Нема за леб велиш,а?

Па добро ако за тебе е немање леб,тогаш од каде тие силни телефони,дремење на кафе секој ден,возење Мечки и БМВ по Скопје,а?

Тоа за тебе е немање леб?
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Ајдееееее,значи комшиите на север ако не беа,ние ке умревме,така?

Слободно слушај си го Радио Белград,
Кои бе комшии од север, оти ја сметаш Македонија и Македонците за неспособни? па овде е градено со пари од македонски граѓани и од Македонски фирми. Македонија си имаше свој устав закони милиција влада собрание во време на СФРЈ. Во претседателсвото на СФРЈ седеше еден македонец, еден србин, еден хрват, еден словенец, еден црногорец, еден босаннец. Од сите републики по еден претставник. Македонските градежници имаа околу 30.000 вработени. Скоро се што е направено овде - направено е од народот и за народот.
Сега е како ти што велиш, школите ни ги реновира УС АИД истите кои му носат питка вода во селата во Занзибар, сега собираме пари по СМС да пратиме некое дете на операција, сега не смееме да си се кажиме кои сме и што сме, сега не можеме една хидроцентррала да направиме, сега распродадовме телекомуникации, рафинерија, електрична енергија на унгарци грци австријци, сега молиме странец да отвори лента во монтажна хала за да можиме да земеме 8000 плата и тоа го славиме како национална победа и успех, сега не смееме државното знаме да го развееме во западните делови и градови а на чело на државата ни се командати и борци на терористички единици, сега секој еврокомесар ни диктиира шо и како да правиме шо смееме да имаме шо не смееме и како да се понашаме, и бараат да смениме име и историја.
Али то тебе не ти пречи
 
Последно уредено:

Ciudad Juarez

rothschild
Член од
18 март 2015
Мислења
385
Поени од реакции
403
Ајдееееее,значи комшиите на север ако не беа,ние ке умревме,така?

Слободно слушај си го Радио Белград,ок[DOUBLEPOST=1435354257][/DOUBLEPOST]

Нема за леб велиш,а?

Па добро ако за тебе е немање леб,тогаш од каде тие силни телефони,дремење на кафе секој ден,возење Мечки и БМВ по Скопје,а?

Тоа за тебе е немање леб?
Ајдееееееееееееее.Дружеее бееее,немој толку површно да гледаш бе.
Кои BMW-ња,кои Мерцедеси ?
Ти гледај ја платата бе пријателе.
Секогаш гледај ја платата и стандардот.
Или некој тежок партиски пион си,па продаваш филмови тука.

Не постојат зборови да можам да ги опишам емоциите после овоа што го прочитав.
 
Член од
21 мај 2009
Мислења
876
Поени од реакции
466
Кои бе комшии од север, оти ја сметаш Македонија и Македонците за неспособни? па овде е градено со пари од македонски граѓани и од Македонски фирми. Македонија си имаше свој устав закони милиција влада собрание во време на СФРЈ. Во претседателсвото на СФРЈ седеше еден македонец, еден србин, еден хрват, еден словенец, еден црногорец, еден босаннец. Од сите републики по еден претставник. Македонските градежници имаа околу 30.000 вработени. Скоро се што е направено овде - направено е од народот и за народот.
Ајдеееееееее,наеднаш доби напад на патриотизам.Чудно од човек кој 3 дена ја брани неговата сакана сега покојна југославија(немам помал фонт на лаптоп,инаку уште ке беа поситни буквите).......

Што така те спопадна наеднаш,или ти проработија патриотските чувства,а господине поручниче/градежен што си бил таму....

Гледам многу си информиран за ЈНА,така?Едно просто прашање за тебе и ако успееш да ми дадеш одговор, ти си гение еј....
1.Колку генерали освен Боцинов беа во ЈНА од МК?
2.Колку пилоти во ЈНА беа од МК(Јас случајно служев во Жељава ако имаш поим што е тоа,каде имаше еден Циган роден во Скопје,ама ко копиљ неговите се преселиле во Белград,така да од Македонец нема ни М
3.Колку Македонци беа главни во генерал штаб на ЈНА

И сега шо праиме,а?[DOUBLEPOST=1435355102][/DOUBLEPOST]
Ајдееееееееееееее.Дружеее бееее,немој толку површно да гледаш бе.
Кои BMW-ња,кои Мерцедеси ?
Ти гледај ја платата бе пријателе.
Секогаш гледај ја платата и стандардот.
Или некој тежок партиски пион си,па продаваш филмови тука.

Не постојат зборови да можам да ги опишам емоциите после овоа што го прочитав.
Со 200 евра плата не се купува Самсунг Галакси и БМВ,чисто да се знае.....

Емоциите задржи си ги за себе,ок
 

Ciudad Juarez

rothschild
Член од
18 март 2015
Мислења
385
Поени од реакции
403
Ајдеееееееее,наеднаш доби напад на патриотизам.Чудно од човек кој 3 дена ја брани неговата сакана сега покојна југославија(немам помал фонт на лаптоп,инаку уште ке беа поситни буквите).......

Што така те спопадна наеднаш,или ти проработија патриотските чувства,а господине поручниче/градежен што си бил таму....

Гледам многу си информиран за ЈНА,така?Едно просто прашање за тебе и ако успееш да ми дадеш одговор, ти си гение еј....
1.Колку генерали освен Боцинов беа во ЈНА од МК?
2.Колку пилоти во ЈНА беа од МК(Јас случајно служев во Жељава ако имаш поим што е тоа,каде имаше еден Циган роден во Скопје,ама ко копиљ неговите се преселиле во Белград,така да од Македонец нема ни М
3.Колку Македонци беа главни во генерал штаб на ЈНА

И сега шо праиме,а?[DOUBLEPOST=1435355102][/DOUBLEPOST]

Со 200 евра плата не се купува Самсунг Галакси и БМВ,чисто да се знае.....

Емоциите задржи си ги за себе,ок
Значи,според тебе,луѓево во Македонија имаат месечни приходи многу повеќе од 200 евра.:popce::zver:.

Доста е.Се откажувам од дебатава.
 
Член од
21 мај 2009
Мислења
876
Поени од реакции
466
Има една изрека која е кажана од некој паметен човек,и гласи вака....

Расчисти со минатото,ако сакаш да имаш светла иднина.......

Очихледно некој не сака да расчисти со минатото....[DOUBLEPOST=1435356148][/DOUBLEPOST]
Значи,според тебе,луѓево во Македонија имаат месечни приходи многу повеќе од 200 евра.:popce::zver:.

Доста е.Се откажувам од дебатава.
Тој што има примања од 200 евра,сигурно нема да дреме некаде на кафе кое чини 100 денари и нема да вози убав автомобил......

Не ја убивај темата без везе,ок!!!

За себе можам да кажам дека во социјализмот ми беше полошо него сега.Не кажувам дека сега ми е се о.к,затоа и ке одам пак во пустина,но го осетив тој систем на моја кожа јас и фамилијата моја....

Е кога ке ти доага дома УДБА во 2 сабајле да ти земат член од фамилијата и да немаш никакво инфо за него 2 дена,ке те видам тогаш какво мислење ке имаш за таа пос***8на држава,ок.....

Кога ке ти го земат скоро целиот имот,со образложение дека ти имаш многу а тој некој копук немал ич,ке те видам како ке размислуваш.....

Така да не напињај многу зошто не си осетил ниту си видел 1/1000 од тој систем како може да биде суров и безмилосен,така да подобро ке и биде да дискутираш со факти а не со рибарски приказно добро....
 
Последно уредено:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Гледам многу си информиран за ЈНА,така?Едно просто прашање за тебе и ако успееш да ми дадеш одговор, ти си гение еј....
1.Колку генерали освен Боцинов беа во ЈНА од МК?
Стојан Аспровски - генерал полковник
Алекса Демниевски - генерал потполковник
Петар Димитриевски- генерал мајор
Живко Јовановски - генерал мајор
Васко Карангелски - генерал полковник
Блажо Кафеџиски - генерал потполковник
Јосиф Костовски - генерал потполковник
Методија Котевски - генерал потолковник
Димко Кочински - генерал мајор
Тихомир Милошевски - генерал мајор
Кирил Михајловски - генерал мајор
Ламбе Михајловски - генерал потполковник
Ангел Мојсовски - генерал потполковник
Мирко Ниловски - генерал мајор
Дане Петковски - генерал полковник
Димитрие Савевски - генерал мајор
Кузман Смилевски - контра адмирал
Александар Спирковски - генерал мајор
Методије Стефановски - генерал потполковник
Благое Стефковски - генерал мајор
Томислав Трајчевски - генерал потполковник
Миле Филиповски - генерал мајор
Борко Чаушев - генерал мајор
Тихомир Шаревски - генерал полковник
И сега шо праиме,а?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom