Ретко се согласувам со тебе - да не речам никогаш - но еве барем еден исклучок, се согласувам дека ти реплицираше чисто ради реда, а не дека имаше нешто да ти каже.
Но интересна логика - зошто овие профитерскиве неоколонијалисти не инвестираат на Косово, во Албанија или во западна Македонија, туку инвестираат исклучиво таму каде што се македонските гладни голтари ?
Па и Албанците се луѓе, и тие заслужуваат работа, но изгледа имаат нешто што македонските гладни голтари го немаат - одлучност да си го бараат тоа што законски им следува, како што се редовните плати и платите за прекувремено работење, додека Македонците претежно работат за љубов, барем така изгледа.