Надворешни односи на Македонија

Член од
24 март 2010
Мислења
15.212
Поени од реакции
25.955
Почнуваш секоја отстапка на која е приморан Груевски да ја прогласуваш за победа. Се помачна и помачна станува работата. Инаку, сите веќе знаат дека владата која ќе организира избори ќе биде без Груевски, или избори нема ниту да има. Баш ме интересира дали и таквата влада без Никола ќе ја прогласиш за победа на ДПМНЕ.
Која постапка? Распуштање на УБК? Тоа не е најавено, ниту побарано. Тоа е моја желба, која на форумов на споменав пред месец дена: http://forum.kajgana.com/threads/ОБНОВЕНО-По-нападот-во-Гошинце-пукање-во-Куманово.78009/page-321#post-7250234 , а со Разиел го имам правено истиот муабет приватно пред неколку месеци. И секогаш кога ќе се спомене распуштање на УБК јас ќе ја поддржам идејата.

Влада без Груевски нема да има. И тоа е сосема јасно.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197
Влада без Груевски нема да има. И тоа е сосема јасно.
Ќе видиме за бргу. Мене не ми изледа така работава. Само сакам да ми ветиш сега дека ако владата која ќе ги организира изборите е без Груевски ќе признаеш дека се работи за тежок пораз на ДПМНЕ. Може така?
 
Последно уредено:
Член од
24 март 2010
Мислења
15.212
Поени од реакции
25.955
Ќе видиме за бргу. Мене не ми изледа така работава. Само сакам да ми ветиш сега дека ако владата која ќе ги организира изборите е без Груевски да признаеш дека се работи за тежок пораз на ДПМНЕ. Може така?
Ако Собранието избере било каква влада, во која Груевски не е премиер, тогаш ќе признаам дека тоа е тежок пораз и за Груевски лично, и за ВМРО-ДПМНЕ.

Владата што ќе ги организира изборите е друга работа. Груевски веќе има понудено тој да не биде премиер откако почнуваат изборните рокови, а државата откако Собранието ќе се распушти да ја води административна влада. И не само сега, туку тоа да стане законско решение и за во иднина. Проблемот е што СДСМ бара тоа да биде и пред да се распушти Собранието. Јас сум убеден дека Груевски нема да го прифати тоа. А административна влада, по бугарскиот пример, не гледам дека е пораз, туку отстапка во насока на засилување на легитимитет.
 
Не, разговараме за брза оставка на Груевски. Не откако ќе се распушти Собранието, туку најкасно 6 месеци пред денот на изборите. Инаку понудата на Груевски да не биде тој премиер откако ќе почнат изборните рокови е како да му понудиш некому кој има нешто дека нема да му го земеш тоа нешто, и тој да се чуствува среќен поради тоа, како да добил нешто. Вистина дека Заев не делува многу бистро, ама да не претеруваме.
 
Во ред. Во таков случај, да. Тоа би било пораз на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197
Во ред. Во таков случај, да. Тоа би било пораз на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.
Таа оставка би имала друга димензија. Не се работи повеќе за тоа дали изборите ќе бидат регуларни. Тие овој пат мора да бидат регуларни до најситен детал, и сигурен сум дека ќе бидат такви, па дури и Груевски да ги организира. Се работи за психолошката димензија на таа оставка, на поразот.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.212
Поени од реакции
25.955
Таа оставка би имала друга димензија. Не се работи повеќе за тоа дали изборите ќе бидат регуларни. Тие овој пат мора да бидат регуларни до најситен детал, и сигурен сум дека ќе бидат такви, па дури и Груевски да ги организира. Се работи за психолошката димензија на таа оставка, на поразот.
Таква оставка би била капитулација на 9 години политички континуитет. Дури и да ги добие изборите после таква оставка, е поразен човек.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.796
Поени од реакции
18.428
Малце е смешно цело ова преговарање, па уште убедување дали ќе бил или немало да биде премиер. 6 месеца пушташ снимки кај што апла се гледа дека човеков е вмешан во криминал и на крај се тегнеме дали ќе бил или немало да биде у влада. По логика на пастирот ја ќе зеам ќе убијам некој ладнокрвно, ќе соберам 100.000 луѓе од фирма, голема фирма, која се вика Македонија и ќе покажам ете дека ја имам поддршката од народот и за мене затвор нема. Не дека го бранам Заев, ако има докази дека човекот е подмитен, се знае што треба да се случи и со него. Се дур на овој начин се релативизира криминал, и само се мењаат поставите кои буквално ги окупираат институциите подобро е и да немаме држава, ние немаме капацитет да бидеме држава а не па да почнеме преговори за пристапување во ЕУ. Единствени прашања по кои треба да се преговара е кои ликови, по можност странци, би биле поставени ко јавен обвинител и судии кои би покренале постапка против ова што не задеси.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.567
Поени од реакции
13.898
Ќе видиме за бргу. Мене не ми изледа така работава. Само сакам да ми ветиш сега дека ако владата која ќе ги организира изборите е без Груевски ќе признаеш дека се работи за тежок пораз на ДПМНЕ. Може така?
И јас мислев исто како тебе, до пред некое време. Но кога почнав да гледам на работиве без пристрасност сфатив колку се два и два. Груевски нема сила која што ќе го натера да даде оставка, јас мислев дека ЕУ и САД кога ќе го притиснат готов ќе биде, но не испадна така, напротив сега е уште посилен и поцврст. Впрочем и да не е тој во влада неговиот систем е толку добро инсталиран во секоја пора од општествово што е победник уште пред избори. Васко Ефтов истово го кажува, а тој е единствен релевантен и непристасен извор во државава. Значи следните избори како сакаш сврти ќе бидат катастрофа за СДСМ, а најстрашно е што после тоа нема враќање пошто ако не успеат со бомбиве (како и што не успеаја) толку од нив.
 
W

wicked_1

Гостин
Почнуваш секоја отстапка на која е приморан Груевски да ја прогласуваш за победа. Се помачна и помачна станува работата. Инаку, сите веќе знаат дека владата која ќе организира избори ќе биде без Груевски, или избори нема ниту да има. Баш ме интересира дали и таквата влада без Никола ќе ја прогласиш за победа на ДПМНЕ.
Инглориус од почеток ескивираше малце за главната проблематика и што е фокус на извештајот. У извештајот централна тематика е тоа што се утврдува вина за прв пат од кога почна скандалот. Подетално е спомната УБК која е инструментализирана институција на партијата, и работи по наредби на лица од власта, вршела злоупотреба и сето тоа на штета на јавен интерес, кршење човекови права, повреда на конвенции итн итн.. После се предлага ограничување на надлежност на УБК, одземање на средства, пренамена на моќ, ограничување мандат и слично. Тоа е у превод вперување со прст за тоа кој е виновен и кој треба да преземе одговорност т.е каде треба да бидат истрагите, у текстот пише "владини лица издавале наредби" - како потесен поим од поимот влада (дипломатски нејќеле да генерализираат), а оваа ги фрла у вода сите бајки за странски служби. Секундарна улога имаат препораките и упатствата за помош у истраги итн., примарно е тоа што утврдуваат вина кај нашите владеачки структури.. Дури и NYTimes одма после оваа напиша статија
 
Види, извештајот во целина е како извештај од специјалист што добиваш на доктор, после извршен преглед. И во случајот, ако ја читаш дијагнозата читаш канцер, а ако гледаш препорачана терапија гледаш дека препишале аспирин, ц витамин и чаеви.

Од тука, експертскиот извештај, и не е толку експертски, туку политички. Вака двете страни се приморани да го прифатат, и на крајот на таа игра, некој ќе го изеде подебелиот стап.
 
Може да му додаваш сеа конфузна нота на извештајот колку сакаш, ама кристално јасно е напишано кој вршел злоупотреби, каде треба да се фокусира истрагата, кој треба да понесе одговорност, какви системски промени да има.

Порано низ весници и медиуми стоеше веста "Wiretapping scandal in Macedonia" и низ текстовите одеа две струи како контратези, една на опозицијата дека власта е крива, другата со сценариото за дестабилизација со странски служби, не се отфрлаше ништо. После извештајот постои само едната, другата(втората) е одземена како опција.

Не гледам еуфорично на сето ова, не е потребно којзнае колку луцидност и логика за да се констатира дека преку утврдените злоупотреби на УБК директна одговорност се бара од власта.. А у врска со препорачаната терапија, сигурно не веруваш у тоа дека ќе бараат у едно поглавје оставки со име и презиме, доволно беше тоа што утврдиле и испраќаат да се отворат истраги, реално и секое поконкретно упатство може да значи мешање у внатрешните работи на една држава, валјда тука се сфаќаме.
Нема да претпоставувам колку е експертско мислењето, читав дека го изготвувале екс судии кои имале искуства со организиран криминал до највисоки државни нивоа.
 
Последно уредено:
Член од
24 март 2010
Мислења
15.212
Поени од реакции
25.955
Може да му додаваш сеа конфузна нота на извештајот колку сакаш, ама кристално јасно е напишано кој вршел злоупотреби, каде треба да се фокусира истрагата, кој треба да понесе одговорност, какви системски промени да има.
Порано низ весници и медиуми стоеше веста "Wiretapping scandal in Macedonia" и низ текстовите одеа две струи како контратези, една на опозицијата дека власта е крива, другата со сценариото за дестабилизација со странски служби, не се отфрлаше ништо. После извештајот постои само едната, другата(втората) е одземена како опција. Не гледам еуфорично на сето ова, не е потребно којзнае колку луцидност и логика за да се констатира дека преку утврдените злоупотреби на УБК директна одговорност се бара од власта.. А у врска со препорачаната терапија, сигурно не веруваш у тоа дека ќе бараат у едно поглавје оставки со име и презиме, доволно беше тоа што утврдиле и испраќаат да се отворат истраги, реално и секое поконкретно упатство може да значи мешање у внатрешните работи на една држава, валјда тука се сфаќаме.
Нема да претпоставувам колку е експертско мислењето, читав дека го изготвувале екс судии кои имале искуства со организиран криминал до највисоки државни нивоа.
Не им смета да се мешаат во внатрешните работи на друга држава, кога сакаат. Јас не ја спорам стручноста на луѓето кој го изготвувале. Ама извештајов ми изгледа како политички. Класична дипломатија е, има доволно работи со кои и ВМРО и СДСМ мора да се согласат и нема да го отфрлат. И претпоставувам дека е направен за една од двете варијанти.

Првата, да ја вратат довербата кон ЕУ на опозицијата, да го имаат извештајот како изговор и на тој начин да ги примораат да не ставаат сопки на нови избори.
Втората, да му прават финта на Груевски, да го прифати прво овој извештај, па после во нареден да констатираат дека овие решенија не се доволни и да го минираат силно. А тогаш веќе ќе биде прекасно да ги обвинува дека се против него.
 
W

wicked_1

Гостин
Не им смета да се мешаат во внатрешните работи на друга држава, кога сакаат. Јас не ја спорам стручноста на луѓето кој го изготвувале. Ама извештајов ми изгледа како политички. Класична дипломатија е, има доволно работи со кои и ВМРО и СДСМ мора да се согласат и нема да го отфрлат.
Секако дека ќе се мешаат, имаат влогови тука, се формираат соработки, па и ние како иницијатори за влез согласни сме на потчинетост.
Ама дипломатскиот дискурс не им е таков, не смее да се конкретизира и да се дава детални упатства што да се презема т.е не им оди во прилог да репрезентираат моќ, со тоа се нарушува нечиј суверенитет.

Затоа и терапијата у добар дел изгледа млака и неконкретна на нотираниот проблем, ако соодветствува - ризикуваат нарушување на преговори и позиции.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom