„Лајми.нет": ИД наредила терористички напади во Приштина и во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата jamajka
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа ти е индивидуално сваќање, за некои е нарачка на власта, за некои е реална опасност. Бирај на што ќе веруваш.
Дека испадна сите албански испровоцирани конфликти дали на националистичка или религиска база биле нарачка на власта... т.е. вмро и дуи. Еве сега имале свои луѓе и во исламската држава. Ок...

Ме интересира мислење на албанците кај нас за исламската држава ако има некои на форумот да се изјаснат.
 
Дека испадна сите албански испровоцирани конфликти дали на националистичка или религиска база биле нарачка на власта... т.е. вмро и дуи. Еве сега имале свои луѓе и во исламската држава. Ок...
Многу работи испаднаа, на Грујо веќе и Чак Норис може вода да му носи.
 
За што е тогаш таа борба?

ХАХ, знам, тие приказни на нас не.

Небитно од каде доаѓаат.
Борбите со оружје за албанците завршија со 2001, сега ќе се бориме со спортот, културата, науката....[DOUBLEPOST=1434784469][/DOUBLEPOST]
Дека испадна сите албански испровоцирани конфликти дали на националистичка или религиска база биле нарачка на власта... т.е. вмро и дуи. Еве сега имале свои луѓе и во исламската држава. Ок...

Ме интересира мислење на албанците кај нас за исламската држава ако има некои на форумот да се изјаснат.
Ако успеат да го бутнат вмро, добродојдени се, за нас полесно ќе ни биде да се справиме со терористи отколку монструми....
 
Борбите со оружје за албанците завршија со 2001, сега ќе се бориме со спортот, културата, науката....
Да да во куманово,бродец,гошинце,све научник до научник.
 
Исламот ни е наметнат, последните 3 децении интензивно, така, во сите екс ЈУ земји полесно е да се отвори џамија отколку паралелка во училиште. Многу лесно сомнителни пари се влеваат, криминални структури превземаат џамии, се окупираше ИВЗ, сето тоа никако институциите не можеа да го видат, пошто сето тоа многу тајно се одвиваше.

Kaко баш Исламот како една од најнасилните религии ви го наметнаа? Како никој не успеа да ви го наметна Христијанството, или пак доколку имате аверзија кон Христијанството, зошто не ги прифативте некоја мирољубива религија како Будизам или Џаинизам? Или тоа не одговара на вашиот карактер, нели?

Плус, како никој не ви наметна да ги почитувате македонските државни симболи, односно симболите на државата чии државјани сте и каде што барате преку леб погача? Си видел ли ти албанска свадба или сунет кадешто домаќинот покрај албанското вее и македонско знаме? Секако дека не си видел.

Сум рекол некаде дека кај албанците нема волови и криминалци, нема глупи и дегени?
Вие најмногу им помагате ним, ставејќи ги сите албанци во ист куп со нив само ги штитите и ги амнестирате.

Истите тие волови и криминалци што ги споменуваш овде не беа прогласени за херои и испратени со почести од водачи на улична или бајкерска банда, туку од највисоките претставници на ДРЖАВАТА Косово им беше организиран почесен погреб на државен трошок и беа пречекани како херои и ослободители.

Кога претседател и премиер на една држава ќе застанат зад говорница и ќе го кажат за овие злосторници тоа што го кажаа и ќе им оддадат највисока почест, тоа не е нивен приватен став (приватно можат да бидат и исламисти и фашисти и сатанисти). Нивниот став искажани зад државна говорница и нивните дела на величење криминалци претставуваат званична политика на Косово, а со тоа ГИ ПРЕТСТАВУВААТ ставовите на сите косоварски Албанци.

А со ставот на косоварските Албанци и самиот знаеш дека се согласуваат и најголем број македонски Албанци.[DOUBLEPOST=1434792231][/DOUBLEPOST]
Борбите со оружје за албанците завршија со 2001, сега ќе се бориме со спортот, културата, науката....

Оти лажеш?

Зошто булеварот во Гостивар не доби име на Вулнет Старова, папата Клемент XI, Петар Богдани, Јероним де Рада, Фан Ноли, Виторе Карпачо, Абдула Гргури, Коле Идромено, Онуфри, Панди Гечо, Теки Бичоку и многу други познати Албанци за кои не си ни слушнал (https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_Albanians), туку доби име на балистот Џемо Хаса?
 
Последно уредено:
Kaко баш Исламот како една од најнасилните религии ви го наметнаа? Како никој не успеа да ви го наметна Христијанството, или пак доколку имате аверзија кон Христијанството, зошто не ги прифативте некоја мирољубива религија како Будизам или Џаинизам? Или тоа не одговара на вашиот карактер, нели?

Плус, како никој не ви наметна да ги почитувате македонските државни симболи, односно симболите на државата чии државјани сте и каде што барате преку леб погача? Си видел ли ти албанска свадба или сунет кадешто домаќинот покрај албанското вее и македонско знаме? Секако дека не си видел.
Сме биле окупирани од Индија?

Немаме аверзија кон христијанството, во спротивно ќе имавме секојдневни убиства во Албанија.
Нема насилни и мирољубиви религии, и будистите си ги имаат своите испади...

Тоа е поентата, ова држава никогаш не ги гледаше албанците како дел кој треба да се лечи и да се интегрира целосно во телото, туку ги гледаше како дел кој треба да се отстрани, како канцерот, нели?

Забранувајќи им да употребуваат свои симболи, не е најдобар начин да ги натераш да почитуваат симболи на државата.
Истите тие волови и криминалци што ги споменуваш овде не беа прогласени за херои и испратени со почести од водачи на улична или бајкерска банда, туку од највисоките претставници на ДРЖАВАТА Косово им беше организиран почесен погреб на државен трошок и беа пречекани како херои и ослободители.

Кога претседател и премиер на една држава ќе застанат зад говорница и ќе го кажат за овие злосторници тоа што го кажаа и ќе им оддадат највисока почест, тоа не е нивен приватен став (приватно можат да бидат и исламисти и фашисти и сатанисти). Нивниот став искажани зад државна говорница и нивните дела на величење криминалци претставуваат званична политика на Косово, а со тоа ГИ ПРЕТСТАВУВААТ ставовите на сите косоварски Албанци.
Тоа и јас не можев да го разбирам, и се чувствував навреден, ова е навреда особено кон овдешните албанци.
Покрај тоа, Косово се покажа неспособна да ги интегрира и рехабилитира своите ветерани, горе доле насекаде во балканот така е.
Според мене, со ова само сакаат да се извинат, и да признаат дека е нивна грешка сето ова.

А кумановската случка допрва треба да се истражува, сепак, било каков да е исходот, не им ја намалува вината на овие.[DOUBLEPOST=1434793210][/DOUBLEPOST]
Оти лажеш?

Зошто булеварот во Гостивар не доби име на Вулнет Старова, папата Клемент XI, Петар Богдани, Јероним де Рада, Фан Ноли, Виторе Карпачо, Абдула Гргури, Коле Идромено, Онуфри, Панди Гечо, Теки Бичоку и многу други познати Албанци за кои не си ни слушнал (https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_Albanians), туку доби име на балистот Џемо Хаса?
И кај вулканците може да се најде некој надвор од контрола, не па кај албанците....
НО гледај какви небулози твоите сонародници пишувале тука, од гомна до гомна...https://mk.wikipedia.org/wiki/Македонски_Албанци[DOUBLEPOST=1434793313][/DOUBLEPOST]И види на англиски
https://en.wikipedia.org/wiki/Albanians_in_the_Republic_of_Macedonia
 
Јас како што гледам овде, не се тврди дека воопшто немало Албанци на Балканот, туку дека немало Албанци во Македонија или нивниот број бил занемарливо мал.

Погледни ги мапиве на следниов сајт:

http://www.kroraina.com/makedonija/ethnographic.htm

Maпата на Ами Буе од 1840:
boue.jpg

Maпата на Павел Јозеф Шафарик од 1842 год:

Safariknarodi.jpg

Ги гледаш ли каде се Албанците на мапиве?

Мапа од 1910 год:

balkans-1910-ethnic.jpg

https://joshberer.wordpress.com/maps/the-balkans/

Оваа мапа ти е од 1918 год.

Carte_ethnographique_de_l'Europe_centrale_et_des_%C3%A9tats_Balkaniques_-_La_Science_et_la_Vie_1918,_P.jpg

Ајде сега да ги видиме твоите контрааргументи:D.
 
Последно уредено:
Нема да постирам мапи, а ги има и во моја полза.
Само со кое лице постираш мапи каде ве поистоветуваат со бугари?

Не ми беше револтот кон тоа дали имало или не, немам јас двоумење околу тоа, но да почнеш со тоа дека албанците се дошлаци, не знам што е тоа, ако не перење мозок врз македонците.
Се игнорираат православните албанци кои дури владееле со Охрид и околината пред доаѓањето на турците ... мислам дека тоа ни е хајтлатс во нашата овдешна историја.
 
Се игнорираат православните албанци кои дури владееле со Охрид и околината пред доаѓањето на турците ... мислам дека тоа ни е хајтлатс во нашата овдешна историја

Aко идеме според таа логика и Србија владела во Северна Албанија односно со центар во градот Скадар, кој се сметал дека бил изграден од Србите и тоа преку Стефан Немањиќ, и Бугарите владееле едно време со Охрид, и македонската империја владеела до Индија и повеќе од пола Балкан, па?
 
Само во Скопје ќе напаѓаат ? Во Штип не а ?
Додуша може планираат да ја гаѓаат Саса шо знаеш...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom