Нешто чудно му се случи на мојов Пики. Од сабајле си беше топ, разборен, сите можни зборови што ги знае си ги изнакажа, си скока ко секогаш од едно стапче на друго стапче во кафез. Земав да му го чистам кафезот и го ставив на маса, а пластиката доле што е цела ја извадив за да ја измијам. Си се покака, ама нормално гомце и одеднаш мајка ми со правосмукалката почна да бучи, овој како збудален во тоа кафезот не знаеше што да направи и во рок од 2 минути, два пати се покака ама доста течно и имаше 10-15 капки што му капнаа како бела течност нешто. Приметив зашто беше стаен на маса иначе може немаше да приметам, може и друг пат се случувало вака. Само што отиде мајка ми во друга соба, уште една капка имаше таква и после кога се покака пак исто беше течно. После некое време си касна и сега гледам нормални му се гомцава. Можно е од страв да му се има исподесено тоа?