Ljupco Meljata
AJFON ILI ANDROID you choose
- Член од
- 11 ноември 2007
- Мислења
- 1.726
- Поени од реакции
- 475
Види другарче пред 8 години и господ идеше по земја а сега се е сведено на финти кога се во прашање орочените влогови ако на тие мислите.Е за какве паре треба да гинемо Љупчо... ке ни кажеш? Еве ти кажи ми дали вреди или не:
Штедам 7-8 години и за тоа време си го дуплирав капиталот. Каматата некој период пред 5-6 години беше дури и двоцифрена, така да по принципот камата на камата за 8 години ми се дуплира капиталот! Кажи ми ти мене, пред 7-8 години Еврото вредеше двапати помалку? .... Јасно ми е дека губи од вредноста, но дај да бидеме реални инфлацијата на Еврото е 1,5 -2% годишно! Не гледам навистина што не вреди!?
Стефус, колку реалната инфлација го *изеде* мојот влог? Ти си економист, јасно ти е зошто 9% просечна камата за 8 години се дуплираат средствата. На кого не му е нека земи дигитрон 1,09 Х (износот на пример 10,000 Евра) и 8 пати на еднакво - за 8 години 20,000 Евра! Сепак куповната моќ на овие 20,000 е поголема од оние 10,000 пред 8 години и поред сета инфлација на Еврото, зголемување на цените на благородните метали, нафтата, храната.....
А што вреди? Вложување во акции? Па да вложев пред 8 години сега ќе бев во загуба 70-75%..... редум индексите на МБИ10 се даун: Алкалоид од 14,000 сега се 4,400.... Макпетрол исто така огромен пад -75 или 80% се, Фершпед да не збориме.... СТБ со пад, Телекомот, Топлификација....
Вреди ли во инвестициски фондови да се вложува? Редум се во големи минуси. На Илирика *растечкиот* е паѓачки за 4 години од 100 сега е на 63-4.... слично е и со БРИК на КД.....
Да се отвори фирма, бизнис!? Е па треба да тинтраш нечии ташаци за да ти дадат да направиш ташаци од бронза за некоја коњетина, бик или лав на плоштадот и да ќариш поштено! Чест за некои исклучоци, но повеќето новоотворени фирми едвај кубурат со ликвидноста, со долгови, со ненаплатени средства.... соочени со казни за пушење, пп заштита, медицински прегледи на вработените... и слични идиотизми!
Еве и пошо и јас сум економиста добро знам што сакаат банките а сакаат да орочиш големи суми на пари и да те држат условно за јајца ,за 8 години во ваква економија ќе бидеш среќен да го сочуваш капиталот а богами и бракот.
Сега јас да орочам 10000евра како девизи за 8 години ќе треба да јадам леќа секоја недела додека чекам парите да ми скокнат .
А добро знаете дека со Македонски банки не бива работа јас на пример би штедел во некоја Швајцарска банка на помал рок се разбира.
За акции нема потреба сите газди си ги купија фирмите навреме па така да галје им е нив дали растат или не акциите во оваа Криза.
Нека не се плаши државата од мене нема да остане без трошка.