Дрекселмаер – Фабрика на смртта

  • Креатор на темата Креатор на темата Notepad2
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
12 мај 2015
Мислења
119
Поени од реакции
181
Возраст
47
Во вторникот, вработените од третата смена во фабриката Дрекселмаер биле сведоци на немил настан. Имено една од вработените се пожалила дека не се чувствува добро и побарала да биде ослободена за да оди на доктор поради тоа што во тој момент во амбулантата во фабриката немало доктор. Одговорните на смената не и дозволиле да го напушти работното место и кажале дека ќе и биде подобро, но жената не издржала и паднала на линијата каде што работела. Вработените се јавиле во итната медицинска помош со која што жената била пренесена најпрво во Велес, а потоа од таму директно ја упатиле во Скопје, но не издржалаи починала, медицинските лица констатирале смрт од излив на мозокот.И покрај тоа производството не било прекинато од одговорните, па вработените во знак на револт го прекинале производството 3 часа. Вечерта никој од менаџментот на фабриката не се појавил.Колегите кои што биле со неа побарале излаз од фабриката за да појдат да и оддадат последна почит, но не добиле дозвола за тоа, па се прашуваат дали работат во фабрика или се запослени во некој концентрационен логор.

Според нив во последната година ова е десетта жртва.”Не можеме да тврдиме со сигурност, но притисокот, стравот и стресот кој што го чувствуваме сите го имаше и таа. Пред неколку дена седевме на пауза и ни кажа дека размислува да напушти но со што ќе живее после. Сите ние на некој одреден начин наместо да живееме, тука преживуваме работиме како волот за сламата. Колешката која што почина е десетта жртва во последната година, скоро сите се починати од срцев или мозочен удар. На сите господ нека ни помогне, кога државата не застанува во наша одбрана на странците воопшто не му е важно за нас “, изјави за РеволуционерМк еден од колегите на починатата вработена во Дрекселмаер кој поради страв да не го изгуби своето работно место побара да биде анонимен
 
Убаво си прашале: во конц логор да не работиме?
Епа... тоа е тоа :(
 
Незнам зошто бегаат сите, еве Грујо наш ќе носел инвестиции вредни 30 милиона еуро ;)
 
10та жртва? Као досега за последнава година нема нишо ни од опозициони ни владини портали? Наеднаш од некојси револуционермк излегува пилотка-вест дека somebody has died yesterday!? Не верувам во ова.Читам секој ден на интернет и ќе намирисав нешо,но ова е ептен детално средено.
 
во последната година ова е десетта жртва
:pos:

Е стварно се без осет комуњариве. Ко ќе лажеш, лажи со осет барем, да држи вода муабетот, а не 10 жртви за една година. :facepalm:

Разбирам предизборна кампања, политички поени и сè тоа, али ова е стварно претеризам. Ептен си го потценуваат и онака ниско интелигентното членство.

Овие РеволуционерМК се здробија од пишување прва-рука дојави од анонимни специјалци за настанот во Куманово, сега се свртеа на друг таргет.

Воопшто нема да ме чуди доколку објават писмо од анонимен селанец кој бил сведок дека Груевски лично, со чатал, ги убил децата кај Смилковско, бидејќи му ги ловеле рибите со динамит. И што е најтрагично, сеуште ќе има пациенти кои ќе поверуваат во тоа и ќе ја објавуваат веста по форуми и Фејсбуци.
 
Ужас ама тоа е. Трпиш и крпиш.
 
Кога би знаел на шо дроги се шефоите во конфекциските погони и како се ги третираат вработените не би пишувал глупости.
Настрана тоа што не им плаќаат за работата, а р'мбаат ко магариња за ти да не шеташ гол...

Инвестиции а? Море тие инвестиции НИЗ НОС ќе им излезат во Идризово!
Битно невработеноста е намалена на 27% (шо комуњарите до 38% ја дотераа мора да се напомене џанам) , а тие шо р'мбаат за нивните 27% фалбаџиски глава неможе да кренат а не па да се пожалат ...
 
10та жртва? Као досега за последнава година нема нишо ни од опозициони ни владини портали? Наеднаш од некојси револуционермк излегува пилотка-вест дека somebody has died yesterday!? Не верувам во ова.Читам секој ден на интернет и ќе намирисав нешо,но ова е ептен детално средено.

Е па, премногу читаш Интернет очигледно.

Треба и да ги кренеш задникот, прстите и погледот настрана од компјутерот, мобилниот телефон и таблет компјутерот и да се увериш на лице место дали е вистина или не информацијата која ја објавува било кој медиум.

:pos:

Е стварно се без осет комуњариве. Ко ќе лажеш, лажи со осет барем, да држи вода муабетот, а не 10 жртви за една година. :facepalm:

Разбирам предизборна кампања, политички поени и сè тоа, али ова е стварно претеризам. Ептен си го потценуваат и онака ниско интелигентното членство.

Овие РеволуционерМК се здробија од пишување прва-рука дојави од анонимни специјалци за настанот во Куманово, сега се свртеа на друг таргет.

Воопшто нема да ме чуди доколку објават писмо од анонимен селанец кој бил сведок дека Груевски лично, со чатал, ги убил децата кај Смилковско, бидејќи му ги ловеле рибите со динамит. И што е најтрагично, сеуште ќе има пациенти кои ќе поверуваат во тоа и ќе ја објавуваат веста по форуми и Фејсбуци.

Под "жртва" не се подразбира загинат или починат, туку било која личност која претрпела било какви негативни последици од условите на работното место, без разлика дали станува збор за шината или скршена нога, изгорена кожа, оштетен вид или слух, срцев удар, мозочен удар, или било какво друго оштетување на организмот.

Под "мртов" веќе се подразбира личност која починала или загинала како резултат на условите на работното место.

Со други зборови кажано, можно е ова да е првата фатална жртва, односно првата жртва која резултирала со смртен случај, за разлика од 9 други претходни жртви оваа година кои не биле фатални, односно не резултирале со смртен случај, па затоа исплашени за своите работни места, тие претходни 9 жртви од оваа година одлучиле да продолжат со молчење и да не ги изнесат своите маки пред јавноста.

Не знам за револуционерите или не знам какви форуми, Фејсбуковци, или било какви Интернет портали, но знам дека овие швабиве не испаднаа баш некои филантропи во облик на странски инвеститори.

Но се додека не почнат да се фрлаат работниците низ прозорците во потрага по слобода или по трајно ослободување од маките на овој свет, за жал ќе продолжат да голтаат и да голтаат горчина.

Но добро, младите и од лошите работи знаат да извлечат поука, па затоа ваквите услови за работа во странските фирми на македонска територија ќе бидат само причина повеќе зошто младите да си ги собираат парталите и да фатат џаде во странство.

Ама битно се гради, нели, битно се привлекуваат инвестиции. :tapp:
 
Последно уредено:
Зошто не се побунат таму сите цел живот живее македонец во страв од газдата затоа ова се дешава
 
Под "жртва" не се подразбира загинат или починат, туку било која личност која претрпела било какви негативни последици од условите на работното место, без разлика дали станува збор за шината или скршена нога, изгорена кожа, оштетен вид или слух, срцев удар, мозочен удар, или било какво друго оштетување на организмот.

Под "мртов" веќе се подразбира личност која починала или загинала како резултат на условите на работното место.
Не се прави и ти ко удрен со тенџере по глава. Не сe сите малоумни ко комуњариве. :icon_lol:

Еве што пишува:
Колешката која што почина е десетта жртва во последната година, скоро сите се починати од срцев или мозочен удар.
 
Не пишува дека останатите 9-мина починале на работното место, ниту пак дека им бил забранет излез од работното место, па најверојатно затоа и воопшто не било објавено во јавноста.
 
Последно уредено:
Да бе даааа така е стварноооуу!!!
Еве за Ки Сејфти Системи (КСС) Кичево пуштија муабет дека луѓето што ги шијат перничињата биле подложни на некој тешки хемикалии, материјалите за перничињата од внатрешна страна биле обложени со некој прав и тој влагал во белите дробови па сите вработени ќе добијат астма и канцери и остали тешки заоблувања. WOW!!! Викајте Лупевска да разреши мистерија....

Следна фабрика која е? Џонсон Мети... работниците се изложени на хемикалии
Следна која е? Tехнокозе! Што има таму цевки....Хммм чеки да видиме.... Да Осируомашен ураниум имало во тоа цевките! ИДЕТЕ умирајте коа сте глупи за 200 еур.
Следна која е? Ван Хол.... Подземни води имало под фабриката... Работниците биле депресивни и суицидно настроени
Следно која е? Ќе ви каже РеволуционерМК
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom