Мики јас уште на почетокот се согласив со тебе

.
Природно, не?...

[DOUBLEPOST=1434364218][/DOUBLEPOST]
Точно Црквата. Ама тука спаѓа и Католичката

.
И пак прашањето.
Што у ствари е Воскресување.
И како може бог кој е омнипотентен да Воскресне
(Римо)католичката Црква навистина има Апостолско преемство и тука запира нејзината црковност. Се' друго од таа Црква е ересе невидена.
Воскресението е, кратко кажано, победа на животот над смртта. Со воскресението, човековото тело се враќа во неговата прапочетна состојба, онакво какво што Бог му ги даде на Адама. Воскресението значи и враќање на човековата душа во возобновеното фино материјално тело.
Бог воскресна не затоа што претходно умре(л), туку затоа што Синот Божји на Себе зеде човеково тело и со тој чин, Он стана сличен на нас, на нашата отпадната природа, освен во превот. Умре телото, не умре Бог, Кој Е дух по природа. Синот Божји не умре, ради својата Божествена природа, туку Он беше на повеќе места истовремено: и со Отецот, и во Светов, и во пеколот, и во Рајот.[DOUBLEPOST=1434366165][/DOUBLEPOST]
Па не треба да идам подалеку од МК. Најголемите бизнисмени се најголеми финансиери на православната црква. И тогаш нормално црквата ке ги штити нивните интереси а не интересите на народот.
Што усвари се дешава: Некој локален шерив кај нас ке изгради црква, а г-дин.г-дин ке му даде црковно земјиште на некоја уба локација.
.
Најголемите бизнисмени не се финансиери на Црквата, туку, традиционално, се нарекуваат „ктитори„, односно дарители.
Бизнисменот секако дека си го гледа бизнисот, но некои од нив (не)себично даруваат во и за Црквата, како случајот со храмот во Радовиш, така да дотолку подобро за бизнисменот-дарител: ќе има што да каже на Судот Христов.
Локланите шерифи не градат цркви од својата јака побожност, туку од сосема други цели, а Г. Г. Стефан пак, не им возвраќа со убави локации, оти црковното земјиште не е од Стефана, ниту истото е предмет за продажаб, туку е трајна сопственост од Црквата.[DOUBLEPOST=1434366457][/DOUBLEPOST]
А зошто прекинал после Исус.
Мојот став е и те како проверлив.
Еве некој ти каже денес тебе лично дека е Исус и прави се што правел Исус ке му верујеш или ке повикаш жуто комбе.
Христос сеуште се јавува, но не мене бидејќи недостоен, туку само на достојните.
Ако некој лик токму мене ми се обрати и ми се претстави како Исус, тогаш следуваат неколку работи:
- дека јас сум во прелест,
- дека ликот кој ми се јавил не е Исус ни оддалеку,
- дека ликот кој ми се јавил е лажго.
Ликот кој би ми се јавил, тешко дека ќе може да чини се' што чинел и Христос: на пример, дали може да воскресне мртовец или дали и самиот тој лик може да воскресне по својата сила.
Средбата со Бога не е секојдневен настан и истата таа средба побудува одредено расположение во духот од Боговидецот, слично како што средбата со ѓаволот предизвикува страв кај човекот.