Con Artist
the man with the key
- Член од
- 1 мај 2012
- Мислења
- 5.296
- Поени од реакции
- 21.388
Така бе Шкорпи, тоа го зборам и јас цело време. Анархизмот не е нормативна идеја, не е идеологија која одредува како треба да се однесуваат слободните луѓе, и какви општества треба да изградат кога ќе бидат слободни.Можеш што сакаш да правиш - со твои истомисленици. Ко што никој со сила нема да прави од тебе анархист, твојата хиерархија ќе си ја определиш со останатите каде ќе ја терате, и со кого. Никој ништо не ти наметнува, освен да те форсира да направиш избор, нешто што денес не е редовна појава. После тоа се е на тебе оставено. Твојот избор не треба да влијае негативно на останатите кои не го направиле истиот - тоа е тоа. Толку. Нема некоја подлабока филозофија.
Пример, ако ние како анархо-индивидуалисти, сметаме дека нашата заедница би била попродуктивна и подобро организирана доколку има хиерархиска структура, ти како анархо-комунист немаш апсолутно никакво право да ни кажуваш дали тоа е апсурдно, оксиморон, правилно или неправилно. Исто така, немаш право да ни кажуваш дали треба сè да делиме подеднакво за сите или секој да добие спрема заслуга, онолку колку што заслужил и сработил.
Се додека ги почитуваме индивидуалните права и слободи на другите, ова погоре е ОК. Анархо-комунизам, во никој случај не смее и не може да биде примарен анархизам, или примарна фракција на анархизмот.
Тоа ми беше поентата, и мислам дека се сложуваме.