@faust.mephistopheles будизмот е религија со многубројни секти, според секоја дефиниција за тоа што е религија... Тука се страни дебатирани околу овие теми погоре, ти најверојатно детиште, a можда и возрасна особа со плитко разбирање за овие проблематики, со прочитано, недочитано, доаѓаш... и го знам тој тинејџерски дух на „да се докажам колку знам, глуп си брад ако мислиш дека будизмот е религија, будизмот е филозофско учење, хуехуе, врска неам што зборам...“, али читај внимателно, имаш две опции...
Да научиш нешто повеќе или да продужиш да тресеш зелени.
Постојат теистички и нетеистички религии, со што будизмот спаѓа во второнаведените.
Ти најверојатно веруваш дека во дадена религија мора да постои некаков бог или богови за да е религија.
Постојат две дефиниции коишто најчесто се прифаќаат кога станува збор за тоа што е
религија.
Религија е организиран систем од верувања и практикувања којшто се осврнува на природата на постоењето. Во тој систем постојат критериуми за социјален живот со останатите и се одразува внатрешно и надворешно во социјално поставените онтологии на времето, просторот и знаењето.
Втората помалку романтична дефиниција е:
Религија е организирана колекција од верувања, културни системи и светогледи коишто го поврзуваат човештвото со постоењето како концепт. Многу религии имаат наративи, симболи и свети истории коишто го објаснуваат значењето на животот, потеклото на истиот и потеклото на универзумот.
Во ред, расчистивме со тоа што е „религија“ и ако поседуваш основна логика, до сега веќе треба да знаеш дека будизмот е религија и дефиниран е официјално како религија.
Сега откако завршивме со часови за прво, да ти посочам уште една битна ствар којашто поискусните практичари на кабала како
@Ipsissimus ќе ти ја појаснат.
Ти уопште не си го сфатил дрвото на животот и значењето на Сефиротите чим практикуваш кабала или мислиш дека практикуваш кабала (што е повеќе од јасно според твоите постови), а се декларираш како атеист. Тие две, не идат рака под рака.
Си утнал нешто. Или си ја утнал литературата или не си ја сконтал.
И олабави со навредите, посебно кога врска немаш што збориш.