- Член од
- 12 март 2009
- Мислења
- 20.570
- Поени од реакции
- 16.764
има една друга работа, на пример снимката од тзв бомбата за случајот Нешковски...министерката му кажува на соговорникот ... не можеш да сокриеш убиство... но дали тоа е констатација, прашање или чудење зависи од акцентот... а друга работа е што зборовите не се доказ, па аутентични се и снимките за јадење живи луѓе... а и вистински, не во смисол на канибализам, туку во смисол на притисок и репресии кон политички неистомисленици...На која основа ќе се поднесе обвинение против лицата во снимките?
Дали одредена снимка докажува извршен криминал?
Дали може да се докаже дека во снимките раговорот не е тролање?
Може да се тужи но за фактите, докажан криминал и тоа конкретно тој што го сторил. Но има и други работи, не може селективно да се третира корупцијата и злоупотребата само на припадници од само една партија на власт а не и од другата и од опозицијата; ако нема застарување, нема и за случаите од предходниот режим. Посебно е корупцијата на локалната власт, а таа е делумно и во рацете на опозицијата.
Не може да бидат коруптивни зделките со Кина, а некоруптивни многу поскапи зделки со фирми од ЕУ... И во двата случаја работата ја изведуваат локални мкд фирми а кајмакот го собира странскиот носител.
Во однос на тоа што е корупција треба да се гледа и штетноста врз државата. Н.п.р. ако во наводно коруптивна зделка цената на 1 километар автопат е 100 а во некоруптивната 200, тогаш и таа втората е проблематична. Т.е. не е битно дали некој земал процент, може и да не земал ништо но направил штета со прескапо решение... друга е работата како и кога некој нему тоа ќе му го надомести. Овакви работи испаднаа во Грција која купуваше премногу прескапо оружје од Германија и Франција, Ципрас тие податоци ги користи за притисок врз ЕУ ( да и го забошоти долгот на Грција)..
Во врска со корупцијата едно не сфаќам, Заев уште пред бомбите се закани дека ќе објави и за случајот Т-Хоме од 2004, докажана работа, со правосудна пресуда на УСА судот кон митодавачите, а иако познати се уште се кријат митопримачите од МНЕ и МКД...