А1 Македонија

VIP со доста провокативна реклама за новата понуда :)
Само очекувам од АААВМУ (екс СРД) да искочат со забрана на рекламава :D
 
не пишува никаде за воспоставување на повик дали се наплаќа, и друго нешто скриено да не има. Ако знае некој ели ако активирал веќе нека кажува.
јас активирав, не се наплаќа воспоставување на повик, не гледам нешто скриено...
 
не пишува никаде за воспоставување на повик дали се наплаќа, и друго нешто скриено да не има. Ако знае некој ели ако активирал веќе нека кажува.
Jas akrivirav. Nema vospostavuvanje. 30 dena si raat za 300den. sto ti stojat na smetkata.
 
Дали ти стојат сто денари на сметка или сите 300 ти се на сметка? Затоа се пишува на кирилица на форумов :icon_lol:
300 ден. ти стојат на сметка. Читај меѓ уредови малце. ;)
 
Да прашам нешто:
Врз основа на кој закон/подзаконски акт/уредба/одлука/правилник...што и да е, претплатнички договор по истекот на неговото важење треба да се раскине!?! И, врз основа на што, претплатнички договор по автоматизам се продолжува на неопределено време?
Зборувам за договори склучени 2012-2013 година, најновите измени знам што регулираат во врска со ова.
 
Ниеден дововор не се склучува со одредено траење, туку со минимален рок на употреба... Постпејд договорите се склучени на неограничено време, ама ако земеш телефон, не може еднострано да го раскинеш пред истек на 2 години, освен со пенали... по истекот на минималниот период, договорот продолжува да важи, и можеш да го раскинеш кога сакаш или да не го раскинеш, без никаква обврска, освен нормално да си ја плаќаш сметката
 
@Yasho минимален рок на договор, не верувам. Рок на важење на договор е максимален. Не мислам на предвремено раскинување, туку... Склучуваш договор на 01.06.2015 со важност до 01.06.2017 ок? Зошто на 02.06.2017 тој ист договор, наместо да престане да важи, се продолжува по автоматизам и трансформира во договор на неопределено ( а никој не те прашува дали сакаш) и зошто тој истиот, не престанува да важи, туку треба корисникот сам да побара раскинување. Замисли, ако побараш раскинување на самиот датум кога истекува, се смета дека е предвремено!???! А, ако побараш само 24часа подоцна, се смета дека си на неопределено и го раскинуваш "договорот на неопределено". Ова второво не ми е јасно. Според сите прописи... Закон за ел комуникации, правилници на АЕК (ја исправија оваа утка оваа година) не постои такво нешто. Не постои трансформација на претплатнички договор од договор со рок и договор на неопределено. Посебно, ни под разно без писмена согласност на корисникот. Мене ме интересира, кои се прописите користени во тоа време, како што сега има други прописи за склучување на истиот договор? Се надевам појасен сум сега.
 
Продолжува да важи за да не те остават без конекција. Што ако си некаде заакан и ти го скинат телефонот? После 24 месеци, договорот е месец за месец, па не мораш да го продолжуваш, ќе ти важат истите услови како првично потпишаното.

Не знам што е спорно тука?
 
Во правото не постои услуга, туку права и обврски. Не се разбираме...
 
Во правото не постои услуга, туку права и обврски. Не се разбираме...
Правата и обврските се тие дефинирани со претходно потпишаниот договор. За што не се разбираме?
 
Правата и обврските се тие дефинирани со претходно потпишаниот договор. За што не се разбираме?
Врз основа на што, операторот склучува договор со корисникот на определен рок, а подоцна истиот се трансформира во договор на неопределено? Договор што истекува на почеток на месец (на 13ти), кога не би бил продолжен, со себе носи обврска за плаќање од 1/3 од надоместот за тој месец. Истиот тој договор, затоа што се продолжува, сега носи обврска од цел надомест за тој месец. Сметајќи дека договорот треба да престане да важи на 13ти како датум, бев излезен од МК и по враќањето пред некој ден, излезе дека имам сметка за плаќање како цел месец да сум го користел. Затоа ме интересира, кој е правниот основ, договорот сам по себе да се продолжи.
 
Види дали пишува во договорот што се случува по истек на тие 24 месеци. Конечно, знам дека те интересира што се случува, но не знам зошто е толку проблем за еден месец доплатата. 1/3 нека биде 200-300 денари, 3/3 би биле 600-900 денари што и не е некоја сума.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom