Разговорот помеѓу Мирсад Ндрецај и агентот на Агенцијата за разузнување
Во косовските медиуми излезе разговор, наводно помеѓу Мирсад Ндрецај и еден агент од Агенцијата за разузнување на Македонија (албанец). (Јас не им ги знам гласовите на ниедните, ама сигурно луѓе кои ги знаат можат да потврдат, и ќе потврдат).
Во разговорот се слушал и гласот на Бег Ризај, кој бил близок пријател на Ндрецај.
Зборуваат за нападот во Гошинце, Ндрецај му кажува на агентот дека се наоѓаат сред Липково, се смеат, се спомнува Сашо Мијалков и Стојанче Ангелов. (веројатно заради парите кој тој ги спомнал).
Агентот вели дека со жената и ќерката ќе отиде во Феризај и дека ќе ги побара да се сретнат на кафе. (овој настан веќе е потврден и порано од други луѓе како што е командант Пантери, и сега со ова снимка се става печат).
Од разговорот нема нешто посебно, но малку ли е пријателскиот разговор на агент на македонските служби и член на групата која нападнала караула а потоа ќе влезе и во Куманово?
Сомнеж?
Шу праиме сега?