GoD.HateUSaLL
Фар акрос д диштанс
- Член од
- 30 март 2008
- Мислења
- 8.339
- Поени од реакции
- 8.238
Пошо ме мрзи да пишувам само ќе ви го пастирам текстот дословно:
http://bcove.me/uqk0o1p8 Изгледајте го видеово обавезно
Преку видео ви ја пренесуваме застрашувачката репортажа на британскиот тв Канал 4, која известува за организирана криминална група која оперира во Македонија и која секојдневно киднапира мигранти и ги држи како заробеници, барајќи им да платат откуп.
Соговорниците на телевизијата (бегалци од Сирија) кои биле држени во заробеништво успеале да ја снимат куќата во селото Ваксинце во општина Липково, како и да ја зачуваат локацијата преку ГПС на својот мобилен телефон. Нив им било побарано да платат по илјада евра за да ги пуштат.
ГПС координатите на куќата
Телевизиската екипа успеала да ја пронајде куќата во Ваксинце, која ја посетиле, што се гледа од репортажата. Куќата е обезбедувана од повеќе чувари, а операцијата ја водел човек кој сите го знаеле како Алибаба, кој бил Авганистанец, но кој соработувал и со криминални групи во Македонија, и се фалел дека ја потплаќал и македонската полиција, па затоа никој не можел да им помогне на мигрантите.
– Можам да ве убијам и никој да не дознае. Или ќе платите, или ќе ве убијам – им се заканил тој на соговорниците на телевизијата.
Куќата во Ваксинце каде се чуваат заробени киднапираните мигранти
Кога телевизиската екипа се приближи до куќата, од таму излегоа неколкумина кои велеа дека внатре нема мигранти, и дека треба да си заминат.
Киднапирани мигранти во дворот на куќата во Ваксинце
Мигрантите обвинуваат дека во операцијата се вмешани и луѓе од македонската полиција, граничари, како и луѓе од железницата.
Фотографија од соба во куќата каде се чуваат заробените мигранти
Вообичаено, контактот со групата, мигрантите го остваруваат кога од Грција ќе влезат во Македонија. Тие барајќи луѓе кои ќе ги пренесат низ Македонија и ќе ги однесат до Србија, налетуваат на оваа криминална банда. Ветувајќи им дека ќе ги пренесат за одредена сума пари, тие ги заробуваат и ги носат во оваа куќа во Ваксинце.
Од телевизијата стапиле во контакт и со македонската полиција и им укажале за сознанијата до кои дошле. Добиле ветување дека ќе проверат за што се работи.