Охридскиот договор е со поминат рок, од непочитувањето на договорот претрпеа албанците, финансиски најмногу.
Не се постигна целта на тој договор, ни во Чаир не можат албанците да сменат имиња на српски војсководци, нити да отворат паралелка повеќе на албански јазик, нити да пробијат една нова улица.
Ниедна казна за непочитување на официјалниот албански јазик, битката за почитување на договореното ја водат албанските медиуми, кои никако да ги натерат македонските функсионери да го почитуват Уставот и законите.
Се монтираат судски процеси, во стилот: ако бе Албанци се.
Албанците само формално се вработени, министерот албанец не смее да донесе никаква одлука.
Албанците не можат да отворат штаб во МВР.
Албанците немаат ниеден споменик во Скопје 2014.
Ниедна странска фабрика не е отворена во "албанска" општина.
Со граѓански пари се извади Енциклопедија навредлива за албанците.
Државата само на хартија е поделена од Црквата, и само на хартија сите верски заедници се рамноправни, во име на туризмот се градат патишта кон црквите и манастирите дури и по планини, во име на Скопје 2014 им изделија парцела за изградба на црква во центарот на Скопје, во име на Скопје 2014 им ја украсија околината на две цркви во Центар, во име на Скопје 2014 се изгради Офицерски дом врз темелите на 5 вековна џамија.
Заради 800 вработени македонци се задушија 200.000 албанци во Полог, заради еден русин и којзнае какви матни зделки не го почитуваа законот за заштита на околината и спас на човечки животи.
Сега ќе ме нападнете мене, како јас да сум крив што ја кажувам вистината, некој ќе се фати на тоа дека сум бил против македонците, што нема врска, не сум ни против цркви, во Скопје има помалку цркви него џамии, православните верници имаат право на повеќе цркви, имаат право и по асвалт да одат до црква и манастир, имаат право и да ја негуваат историјата преку споменици, енциклопедии ..... Меѓутоа, каде се албанците? Дали им се нудат исти услови и на албанците.