Скопје ќе добие луксузен трговски центар

  • Креатор на темата Креатор на темата arheolog
  • Време на започнување Време на започнување
Се слагам со муабетов твој ама стварно не мислам дека трговски центар, бар оној типичен, ко кај нас, рамстор/капитол/ситимол е "луксуз".
Чим кажуваш народот нема пари, автоматски е луксуз трговскиот центар за тие што немаат пари. ;)
Затоа и ти реков, не зборувај во множина. (y)
 
Narodot vise se zali deka nema nego stvarno sto nema, a najveke placat i se zalat tie sto imaat, ali to e makedonce:toe:
 
Чим кажуваш народот нема пари, автоматски е луксуз трговскиот центар за тие што немаат пари. ;)
Затоа и ти реков, не зборувај во множина. (y)

Луксуз не е дефиниција за "Нешто што неможеш да си го дозволиш". Некои луѓе неможат паштета да си дозволат па тоа не ја прави паштетата луксуз.
Луксуз по дефиниција е неесенцијален посакуван скап предмет. Со акцент на неесенцијален <=-
Храна, вода, обувки, смештај се must за секој.
 
Вака некој кога ќе се загрижи за туѓа инвестиција...некој гради мол од xx милиони евра а уствари нема појма дека луѓево немале пари. Ај може ќе го посети форумов пред да се заебе и да го изгради.
 
Луксуз не е дефиниција за "Нешто што неможеш да си го дозволиш". Некои луѓе неможат паштета да си дозволат па тоа не ја прави паштетата луксуз.
Луксуз по дефиниција е неесенцијален посакуван скап предмет. Со акцент на неесенцијален <=-
Храна, вода, обувки, смештај се must за секој.
Чим неможеш да си го дозволиш, сакал бил есенцијален или не, за тебе е луксуз.
А тоа ти што живееш во ненормални услови, не е чудо и паштетата да ти биде луксуз.

Тоа што некој живее мизерно не дава за право да кажува дали ќе се гради спејс шатл или народна кујна.

Еве ќе ти дадам пример со казината во Гевгелија, зар кога ги отвараа праша некој кој ќе се коцка....абе луѓето немаат пари? (од цела Македонија се мкнат за да се коцкаат во Гевгелија, немаш претстава колкави пари се вртат таму)

Еве ти за вечерва една вежба за мозокот, да почнеш обратно да размислуваш, да се запрашаш зошто се отвараат толку трговски центри нели народот немаше пари и беше сиромашен!?:tvg:
 
Се додека странските инвеститори имаат пари за фрлање, е добро. Кога ќе снемаат е проблемот. До тогаш, ич кур не ме боли дали народот имал пари за трошење или немал. Ако има, нека троши во трговскиот. Ако нема, нека троши во Шутка.

А изгледот е последно нешто за што би се загрижил. Ако некој бугар решил да вложи 50 милиони евра за изградба на трговски центар, негов проблем. Ако сака нека го изгради и во форма на полов орган, мене тоа воопшто не ме интересира. Негови пари се, нека прави што сака со нив.

Али сега да се засекирам за тоа дали народот имал пари за трошење или немал, е во најмала рака смешно. Народот никој со сила не го тера парите да ги троши во трговскиот. Ако имаш, трошиш. Ако немаш, биди здрав и жив или try harder. Секој спрема можностите. Битно имаат избор.
 
Од овие Моловиве изумреа сите маалски продавничиња/минимаркети........., затоа не ги сакам.

Од сликата погоре можам да заклучам дека изгледот ќе му биде никаков, нешто слично на Беверли, ГТЦ, т.е. нешто веќе видено, што нема да биде интересно. Ме радува што за локација избрале место близу излез на Скопје.

Треба да направат нешто вакво......, не отруја со европскиот и америчкиот стил:)

upload_2015-6-4_17-19-14.jpeg

......или вакво како комплекс продавници:)

images
 
Ако се работи според планот, за не повеќе од 5 години би требало да биде функционален трговскиот што е планиран по должината на подземниот булевар Македонија (зад стара железничка и Рамстор).

А во врска со парите да не си правите бајрам со умот, ваквите места не се градат за да бидат фул како зелено пазарче со купувачи, туку се прават за одредена класа на луѓе и со специјални цени. Ако јас немам пари да одам во Lacoste во Сити Мол да си купам маица за летово од само 5000 денари, има чорбаџии кои си земаат и по 2-3 парчиња и тоа не да ги носат на работно место, туку навечер додека си го шетаат кучето :D. Верувам дека од каков памук и да е направено истото ниту лакосте не ги чини повеќе од 1000денари за производство, али ако сакаат да се делат од останатите мора да платат луксузен дуќан кој би привлекол клиентела со длабок џеб.
Во Македонија има веќе добар процент на луѓе со висок стандард на живот, посебно во главниот град, плус градот се шири енормно брзо и голем дел од парите од државата се централизирани тука, со што пологично е да се отвори продавница за некоја марка на гаќи што би се продавале по 2000денари, отколку продавница со гаќи од по 50 денари. Во првата можеби ќе влезат 5мина, но ќе бидат клиенти кои нема да ве прашаат ниту за цена, ниту за попуст, а во втората ќе ви влегуваат сите аљабаци и уште ќе ве замараат дали можи 3 пара за 100че да му ги дадете.
 
1. Изгледот е ужас.
2. Локацијата е ужас.
3. Више е Фул Скопје со молови.
4. Џабе коа неаме пари за трошење.

1. Се сложувам (ма да некои спомнаа не бил таков изледот)
2. Во странство молови се градат надвор од центар на градот, само кај нас ако може и на плоштад би го изградиле. На овие од источно Скопје и северно помалце време ќе потрошат до Петровец него до Карпош. Само што ете патарината е заебана.
3. Источниот дел од градот му фали еден мол. Нема ниеден, не го рачунај капитол и веро оти е срање и нема 3-4 асални работи во нив.
4. Абе сите викаат дека се нема пари. Ама види за викенд колку луѓе идат на шопинг во сити мол и Солун
 
Трговски центри во Скопје се дефиниција за успех. Уште десет да ги изградат ќе бидат профитабилни. Извор на пари се буквално.

Земете го во предвид фактот дека 90% од подобро стоечките граѓани на Македонија кои што можат да трошат и за друго освен за храна и сметки, живеат во Скопје.
Вакво нешто успева кај браќава во Тетово оти ќе му ја извадат заработката преку едно лето и доле кај Грчка граница.

Другото низ Македонија се е јад и чемер.
 
Трговски центри во Скопје се дефиниција за успех. Уште десет да ги изградат ќе бидат профитабилни. Извор на пари се буквално.

Земете го во предвид фактот дека 90% од подобро стоечките граѓани на Македонија кои што можат да трошат и за друго освен за храна и сметки, живеат во Скопје.
Вакво нешто успева кај браќава во Тетово оти ќе му ја извадат заработката преку едно лето и доле кај Грчка граница.

Другото низ Македонија се е јад и чемер.

Nemoj da bides tolku siguren, u skopje ima bogatascinja no procentot u sporedba so drugite gradovi e skoro ist samo razlika e sto skopje e 700000 ziteli a drugite se sitni gradcinja. Zatoa na nikomu ne mu se isplakja da gradi ogromen trgovski u nekoj drug grad
 
Во Скопје има повеќе пари него ли во Рим или на Малта.
 
Nemoj da bides tolku siguren, u skopje ima bogatascinja no procentot u sporedba so drugite gradovi e skoro ist samo razlika e sto skopje e 700000 ziteli a drugite se sitni gradcinja. Zatoa na nikomu ne mu se isplakja da gradi ogromen trgovski u nekoj drug grad

Има и по другите градови имашливи фамилии точно, но не би рекол дека процентот е ист како со Скопје. Не е ни приближно близок.

Македонија веќе со децении не го познава поимот регионален развој.
Се е фокусирано во Скопје. Скоро сите поголеми фирми се лоцирани во Скопје. Целиот ИТ и телекомуникациски сектор се наоѓа во Скопје. Фармацијата е во Скопје. Сите седишта на банки и осигурителни друштва се наоѓаат во Скопје. Сите министерства и најголемиот дел од администрацијата е во Скопје. Градежна индустрија во голема мера исто во Скопје.
Приватни фирми со странци кои доаѓаат да работат тука исто така скоро целосно се во Скопје.
Универзитетска и научна фела во Скопје, докторска фела исто скоро целосно е во Скопје итн..

Сите овие индустрии што ги набројав вработуваат добар процент на скопјани. Секоја од тие индустрии нуди плати од 400 евра минимум па нагоре. Во друга држава сите овие индустрии не би биле и не се фокусирани во еден град. Но бидејќи тука е така, нормално е Скопје да има 10 трговски центри а во друг град едно продавниче на пет години да се отвара.

Баш како што би рекле Грците, скопјанос :) град-држава.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom