Дефиниција на ТЕХНО музиката
Техното е форма на електронска денс музика која се појавила во Детроит во доцните осумдесетти. Првата употреба на зборот техно како жанр во музиката бил употребен во 1988 година. Денес постојат многу стилови на техно, но Детроит техното се смета за основа врз која се изградени многу поджанрови. Првото техно настана со соединување на музика базирана на евроцентичен синтисајзер со разновидни афро-амерички стилови како хаус чикаго, фанк, електронска и електричен џез . На ова беше додадено влијанието на футуристички и фиктивни теми кои беа важни за животот во Америка во капиталистичкото општество – особено книгата “ Третиот бран ” од Алвин Тоглер.
Пионерскиот продуцент Хуан Аткинс ја наведува Тофлеровата фраза “техно бунтовник” како инспирација за употреба на зборот техно за да го опише музичкиот правец во чие создавање тој помогнал. Уникатното мешање на влијанија го поврзува техното со пренесувањето на духот од телото на машината и често главна преокупација е суштината на технолошката духовност.
На овој начин „техно денс” музиката го победува она што Адорно го виде како резултат на оттуѓување со механизацијата на современата совест. Музичките новинари и обожаватели се воглавно прибирливи при употреба на терминот; за да може понекогаш да се направи разлика помеѓу поврзаните но квалитативно различни жанрови, како техно, хаус и транс. „Техно” исто така доста често се меша со општоприфатени описи, како електронска и денс музика.
http://jugoinfo.mk/index.php?id=5702#sthash.bo69DJpG.BsMrGlr4.dpuf