Има доста промени во однос на ова дело.
@beautifull liar еве што вели Кривичниот законик со најновите измени.
Силување - член 186
(1) Тој што друг со употреба на сила или закана дека непосредно ќе нападне врз неговиот живот или тело или врз животот или телото на нему блиско лице, ќе го присили на обљуба, ќе се казни со затвор од 3-10 години.
(2) Ако делото од ставот (1) е сторено врз дете кое наполнило 14 години, сторителот ќе се казни со затвор најмалку 10 години.
(3) Ако поради делото настапила тешка телесна повреда, смрт или други тешки последици или делото е сотрено од страна на повеќе лица или на особено суров или понижувачки начин, сторителот ќе се казни најмалку 4 години.
Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години - член 188
(1) Тој што ќе изврши обљуба или друго полово дејствие врз дете кое не наполнило 14 години, ќе се казни со затвор најмалку 14 години.
(2) Ако поради ова дело настапила тешка телесна повреда, смрт,... (исто како погоре), сторителот ќе се казни со затвор најмалку 15 години или со доживотен затвор.
Обљуба со злоупотреба на положбата - член 189
(1)Тој што со злоупотреба на својата положба ќе наведе на обљуба или друго полово дејствие лице кое спрема него се наоѓа во однос на подреденост или зависност или со иста намера го малтретира, застрашува или спрема него постапува на начин со кој се понижува човеково достоинство и човековата личност, ќе се казни со затвор најмалку 5 години.
(2) Ако делото го изврши крвен сродник по права линија или брат/сестра, наставник, воспитувач, посвоител, старател, очув, маќеа, лекар или друго лице со злоупотреба на својата положба или при вршење семејно насилство ќе изврши обљуба или друго полово дејствие со дете кое наполнило 14 години кое му е доверено заради учење, воспитување, чување или нега, ќе се казни најмалку 10 години затвор.
Wtf сопствено дете ?
Не знам дали е веќе воведена хемиска кастрација на педофилите во Македонија ...
За полов напад врз малолетник до 14 години,
-сторителот ќе добие од 10 до 20 години затвор, наместо досегашните од 8 до 15 години.
За потешките педофилски дела се предвидува и
доживотен затвор.
- доволно е детето/жртвата да потврди дека имало некаков полов напад врз него ...
Медицинско-фармаколошко лекување, член 65-а
Оваа мерка е пропратена со казната затвор и најчесто ја намалува казната доколку сторителот одлучи да биде подложен на ваков третман: од доживотен на 40 години, од 40 години на 20 години, од 20 години на минималната казна затвор пропишана за тоа дело. Третманот, т.е. лекувањето трае до крајот на животот или до крајот или по проценка на судот. Значи тука е со согласност на сторителот. Но, доколку се согласи и избегнува, може судот присилно да ја изврши мерката. А доколку сторителот тоа дело го сторил во поврат, задолжително судот носи ваква мерка. Подетално е уредена во Закон за извршување на санкции.