Каде сте македончиња...

  • Креатор на темата Креатор на темата lazar31
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.913
Поени од реакции
5.521
Возраст
47
https://www.youtube.com/results?search_query=каде+сте+македончиња
Имам некои лозови насади кои граничат со пругата на делот помеѓу Демир Капија и Неготино па често се дивжам таму. За емигрантиве од Сирија, Авганистан, Ирак.... ми е зборот. По грозни слики не сум видел во животот... Жени, деца, бебиња, млади, стари, бегаат да спасат жива глава. Жедни, гладни, повредени... грозотија. Молат за вода. Секојдневно минуваат по неколку стотини. Пешачат по дождови, студови, жештини. Кога одам натака ја товарам колата со вода, нешто јдење, нешто млеко за малите, аналгини.... Невидена благодарност им зрачи од очите кога ке им помогнеш... Би ги возел бесплатно ама многу луѓе за тоа завршија во ќорка... глупост од закон и држава, ниту им помагаат ниту ти дават да им помогнеш,напротив ги гонат и покажуваат сила и спретнос на нив немоќните и наместо да ги заштитат ги ловат како животни.... и не би зборувал повеке за сите грозотии кои се гледаат и случуваат на нивните патишта....
Овдека би сакал да зборувам не за нив туку за нас. Кое е нашето вистинско лице како народ и како држава гледано од аспект на тоа како се однесуваме кон овие несреќни луѓе.
Ние како народ имаме доживеано слична несреќа да ни се случи нашите сонародници од Егејска Македонија бидат прогонети од своите огништа па жени, деца, стари и млади да бегаат по беспаќата слично како што сега бегаат овие луѓе со таа разлика што патот на нашите прогонети бил многу пократок па истите се веднаш прифатени од тогашната наша држава...да не должиме, егзодусот е голема траума за целиот наш народ...
Сега се прашувам:
- Каде сте Македончиња, каде сте Вие кои бевте прогонети и на своја кожа ја почуствувавте сета мака да си бегалец, да незнаеш каде одиш.... Вие чија мака ја опеавме во песни, вие над чии судбини рониме солзи... Каде сте вие сега да се јавите од вашите здруженија и побарате од владата да им се помогне на овие луѓе кои сега преживуваат трауми, каде сте вие сега да излезете по пругите и патиштата да им дадете на овие луѓе барем едно шише вода..... Ве нема никате, сигурно сте зафатени со спемање барања да ви се вратат имотите во Грција... Вашата мака помина па сега што ви е гајле за некоја мајка што тргнала со мали деца пеш од Сирија... Што ви е гајле што некои преморени и дезориентирани деца секојдневно гинат по пругите и патиштата... Вам сега ви е убаво па нека му ја мислат тие што сега имаат мака... ВИЕ браќа ЕГЕЈЦИ први треба да им помогнете на овие несреќници и први треба да го дигнете гласот за помош на овие денешни несреќници. Каде сте да навашите собири го кажете овој проблем и побарате негово решение....
Каде сме сите ние кои плачиме и кршиме чаши на песната Каде сте македончиња...? Каде се здруженијата на жени да организираат некоја помош за тие мајки и деца...? Каде се женските унии и кклубови по партиите? Каде се младинските организации по партиите...? Кур ги боли сите за голготата на овие очајни луѓе. Сите се активираме само на партиски наредби и не од хумани побуди туку само да не не избришат од списокот за столчето позади шалтерот.... Каде се и сите божји верници? Каде се сите славопојци и чуда од писатели и колумнисти?
Ајде барем еднаш да бидеме луѓе и да заебиме и вмро и сдсм, да направиме секој што може да им помогнеме на овие луѓе...
Може би не е далеку денот кога и ние ке тргнеме по патиштата по кои сега одат овие гревови, ке гинеме по истите патишта и пруги...
 
Чекај, каков закон? Зошто не смееш да помогнеш?
Одма наебуваш за ,,криумчарење мигранти,,. Ако поминеш со две години затвор треба да си среќен.
 
Не ми е јасно едно...бегаат од војна, тоа сите го знаеме. Само во Германија и Шведска ли нема војна? Колку држави минуваат да дојдат до Германија? Во сите тие држави ли има војни?

Споредуваш Егејци што бегале да се засолнат на сигурно, не да одат азиланти кај што даваат најмногу кеш.
 
Секогаш кога ќе помислам дека во нас македонците има малку човечност се појавуваат вакви настани кои ме разубедуваат.

Тогаш јасно ми е дека сме навистина варвари што би рекле Грците.Да ни падне човек пред глава нема да му помогнеме.Зборам за 90% луѓе.Ни животни не сакаме,ни луѓе.Незнам што битија ќе бевме?
 
Не, туку полесно можат да добијат право на престој и поголеми шанси има за работа.
 
Таму имаат шански да добијат азил. Овдека немаат никакви шанси за азил. И тие бегаат за да спасат жива глава. Со многумина со кои сум разговарал (младите, посебно од Сирија се доста учен свет, скоро сите зборуваат англиски..) изгинати им се цели фамилии, во нивните држави животот не вреди ни грош.... првенствено бегаат за да спасат гол живот, не од економски причини. ИСИС убива дури и од забава а како не те увијат тие тодгаш другите....
 
Секој со својата мака. Жалосно е за овие луѓе.
 
Насловот на темата не е соодветен. Направете го да биде јасен и темата да биде За Емигрантите низ Македонија.
Инаку што се дешава со оние емигранти кој полицијата ќе ги фати и упати до прифатните центри... Претпоставувам нема да им се даде да го продолжат патот нагоре... Што се прави им се враќаат на Грција? Им се плаќа пат до Сирија и остали земји? Остануваат со години заробени? Еве последно 100тина најдоа во вагони. Што со ними???
 
Мене ме мачи законов сега, мора да постои некоја дупка. Не ни помислив на него!
 
Не, туку полесно можат да добијат право на престој и поголеми шанси има за работа.
Таму имаат шански да добијат азил. Овдека немаат никакви шанси за азил. И тие бегаат за да спасат жива глава. Со многумина со кои сум разговарал (младите, посебно од Сирија се доста учен свет, скоро сите зборуваат англиски..) изгинати им се цели фамилии, во нивните држави животот не вреди ни грош.... првенствено бегаат за да спасат гол живот, не од економски причини. ИСИС убива дури и од забава а како не те увијат тие тодгаш другите....

Не верувам дека има држава што би ги депортирала назад во Сирија, макар била и нашата шашава Македонија. Тажно е она што се случува таму, но од војна се бега на сигурно, не таму каде што има работа. Тоа се веќе економски причини. Германија прими огромен број азиланти, истите стануваат товар кога нема каде да се сместат. Немаат објекти веќе. Од долу пак илјадници одат со бродови преку Средоземјето. Би требало да се подобри ситуацијата сега со распределбата на азиланти насекаде во ЕУ, инаку лоша е работата.
 
Насловот на темата не е соодветен. Направете го да биде јасен и темата да биде За Емигрантите низ Македонија.
Инаку што се дешава со оние емигранти кој полицијата ќе ги фати и упати до прифатните центри... Претпоставувам нема да им се даде да го продолжат патот нагоре... Што се прави им се враќаат на Грција? Им се плаќа пат до Сирија и остали земји? Остануваат со години заробени? Еве последно 100тина најдоа во вагони. Што со ними???
Ги носат во прифатниот центар (каде условите се страшни) и потоа пак ги враќаат во грција. Тие пак тргнуваат пеш преку МК, и се така додека не поминат или не загинат на пругата. Ако побараат азил, ги држат во прифатниот центар месец дена додека одлучат по нивното барање, одлуката е 100% негативна, потоа пак ги враќаат во Грција, Грците пак ги пуштат кај нас...и се така во круг...[DOUBLEPOST=1433026457][/DOUBLEPOST]
Не верувам дека има држава што би ги депортирала назад во Сирија, макар била и нашата шашава Македонија. Тажно е она што се случува таму, но од војна се бега на сигурно, не таму каде што има работа. Тоа се веќе економски причини. Германија прими огромен број азиланти, истите стануваат товар кога нема каде да се сместат. Немаат објекти веќе. Од долу пак илјадници одат со бродови преку Средоземјето. Би требало да се подобри ситуацијата сега со распределбата на азиланти насекаде во ЕУ, инаку лоша е работата.
Не ги враќаат во Сирија туку во земјата од каде што влегле. Грција иако е член на ЕУ не се замара со нив а ние изиграваме поголеми европејци од грците па ги ловиме мигрантите наместо да и ние не се замарам и им дозволиме слободно да се возат со возовите и автобусите како што веќе и србите не се замараат. Ние немаме проблем од нив, тие само минуваат овдека.... Нека одат во европа која заедно со сад им ги заеба државите....
 
Последно уредено:
Секогаш кога ќе помислам дека во нас македонците има малку човечност се појавуваат вакви настани кои ме разубедуваат.

Тогаш јасно ми е дека сме навистина варвари што би рекле Грците.Да ни падне човек пред глава нема да му помогнеме.Зборам за 90% луѓе.Ни животни не сакаме,ни луѓе.Незнам што битија ќе бевме?
Не треси глупости,низ цел свет има такви закони,иди кај нашиот мил Грчки сосед,кој е нели во ЕУ и има традиција цивилизација и 300 курови,да видиш како ги третираат.

У кратки црти,ги фаќаат кај нив,ги тепаат дур не проплукаат крв,и ни ги пуштаат нас преку граница.Пошто се егејци,ова де,демократи,па нејќат да им се на товар,и онака се во долгови преку гуша.

Жално е за тие луѓе,но ЕВРОПА налага такви закони,а не НИЕ.А ние,МОРА да слушаме.Зошто ? затоа што меѓу тие наивни фаци,од 1000 души,се кријат 5 души исисовци,кои се претња за европа па и за балкан.Поради тие работи,европа и САД налагаат ригорозни закони.Не смееш да ги превезуваш,да им зимаш пари со ветување дека ќе стигнат до посакуваната дестинација и слично,ама да им дадеш вода или облека или храна,нема причина да те казни.
 
^ ^ ^ ^
Жива вистина.А ако во меѓувреме не загинат по пругите, секогаш се тука профитери да ги ограбат или да им украдат дете, па дури и претепани од полицијата.А во некое село кај Валандово му купиле точак на некој од помладите, па стигнал до Табановце некако..Животни приказни...
 
До италија бре кое табановце.Или германија така нешто беше,до западна земја стигнал со точакот,тие пешки стигаат а не па точак да му дадеш.

Полицијата сега има врзани раце,тоа го знам,за разлика од демократскиве земји.Едино може такви случаеви во помали места да има испади,во поголемиве реткост е сега да удрат емигрант,го фаќа го носи во прифатниот центар и тоа е тоа...а таму се преполни капацитетите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom