Масакрот кај Смиљковско езеро | Осудените пуштени да се бранат од слобода

Ciudad Juarez

rothschild
Член од
18 март 2015
Мислења
385
Поени од реакции
403
Темава е уште еден доказ колку само е поделен овој кутар и прост народ.
Зарем сеуште не сфативме дека и ВМРО и СДСМ не уништија во овие 24 години.

Какви и да се раговорите за Смиљковското езеро,гарант ќе биде нешто што нема да и оди во прилог на оваа власт.
Сеуште немаме право да зборуваме дали осудените се виновни или не.Особено во земја како нашава,со најгадното судство на светот.

Како и да е.Гледам дека партискиве војници сеуште си го бранат ВМРО и покрај тоа што со свои уши слушаат дека ВМРО само во овие 34 бомби имаат направено криминал доволен за 50 доживотни на еден човек.
ШТО УШТЕ ВИ ТРЕБА?
Да слушнете дека и во овој случај имаат замешано прсти?

ПС. И Заев да дојде на власт,Македонија ќе продолжи да си тоне во сиромаштија.
ОСВЕСТЕТЕ СЕ МАЛКУ!!!
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.967
Види, и Љаврдим пред да замине во Сирија бил обичен жител на Косово, со жена, деца и куче. Без кривични пријави и полициско досие. Работел и за КФОР, во Бондстил. Кој би помислил дека ваков фин и домаќин човек ќе сече глави во Сирија!? Но, ете, гледаме сега кој е и што е.

Сакам да ти кажам да не те чуди тоа што дел од нив имале жена и деца, и биле без кривични дела. На некои луѓе малку им фали за да им се вжешти/запали главата. Нема потреба претходно да имаат криминално досие.

Кога се случи масакрот кај Смилковци, на едниот од осомничените му го најдов профилот на Фејсбук, Агим Исмаиловиќ мислам дека беше. Полн беше профилот со исламистички/националистички видеа со зелени и црни знамиња, шерувани текстови/видеа од профили со арапски хиероглифи и тн.
Сега го барам профилот, не можам да го најдам, веројатно е избришан. Штета што не сочував screenshots, да видеше за каков профил на човек се работи.

Иначе, едниот од осомничените (заедно со уште тројца други), има пукано во инцидент кој се случил пред 5-6 години. А овие двајцата што веднаш по инцидентот пребегаа во Косово, имаат издржувано и затворски казни. Така да, не се "цвеќиња за мирисање" и воопшто не ме чуди зошто се решиле на таков монструозен чин.
Постои уште профилот како Агим Исмаили не е избришан. Го знам не ми треба screen shot. Но не мислам на него, него мислев на онај Сами Љута, кој од нигде никаде влета во процесот и одново стартуваше цел процес само ради него бидејќи претходно никаде не се споменуваше неговото име... дали тој требаше да влета во процесот за онај другиот да биде ослободен од сите обвиненија. Нешто тука смрди... ама многу смрди!

http://www.akademik.mk/trial/monstrum

Ова се најважните детали од целиот судски процес, без рочиштата кои се водеа зад затворени врати! До објавувањето на бомбата само за џабе ќе нагаѓаме... да почекаме што ќе се објави па тогаш ќе можи да анализираме од она што ни е достапно, што има тежина, а што не!
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691
Нема више сокче и сендвич, сега чоколаден сладолед.

точно, не сме ни 2002, ни 1995. 2015та сме, а ти постојано се навраќаш на тие години. И не ја кажуваш вистината, не 250 туку околу 150.000. Но и тоа колку е точно треба да се види од пописите и изборите за што е потребна можда друга тема.
Четириесет разбојници и покрај информациите од странски служби им било дозволено да се прегрупираат и стационираат во голем град. Четириесет лица ја клекнаа Македонија. Пред тоа, лично вооружување (автомати и пиштоли), и покрај сигналите за опасност, е оставено на истите разбојници. Сам по себе случајот Гошинце е чуден. Постојат информации по нетов за групи во северниот регион уште крајот на март 2012, постојат информации по медиуми за некои контакти и така натаму...Пред тоа масакр кај железарско. Доколку тие лица биле навистина терористи, вахабисти, зошто не биле следени.. Што се случи со Гошинце, Куманово, железарско? Големи Албании постојат откако паметам, а многу добро паметам настани и од пред 1991 и наваму. А паметам и големи Македонии, напад на Солун, сечење канџи и таквија работи. Проблемот со кој се обидуваш нешто со етничката поделеност во Скопје е засилен конкретно од 1991 досега, а знаеме добро кои беа градоначаници. И пред се, доколку постои опасност од Мајдан или 2001 сценарија, зашто буџетот се троши како сладолед во лето?
Koga imalo makedonski teroristicki grupi vo okolinata na Solun?Proektot golema albanija pocna da se ostvaruva so otcepuvanjeto na Kosovo od Srbija!
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.991
Поени од реакции
5.620
Турците ја користеле нашата поделеност да не држат 500 години под ропство. 500 години, тоа се најмалце 15 генерации.
Албанците, Грците, Бугарите и Србите ја искористиле нашата поделеност за да не расцепат за Балканските војни...
Албанците повторно ја користат таа наша поделеност... Наместо Грујо и Зајко да најдат некое решение кое ќе им одговара и на двајцата, а и на Македонците, тие почнаа да се препуцаваат по медиуми, со протести, контрапротести, прислушкувани материјали и контра снимки. Ко нам да ни менува нешто дали Груевски или Заев ќе биде премиер на државава. Исто срање, сме ги виделе и едниот и другиот. Криво ми е само за оние овцине што излегуваат и кампуваат, де пред влада, де пред собрание. Па уште имало сплотеност меѓу Македонците и Албанците. Каква сплотеност бре луѓе, Албанците имаат една цел, тоа е голема Албанија (со пола денешна Македонија внатре). Борбата во 2001 не беше за права, беше за територии, ама кога видоа дека немаат капацитет за поделба, со поддршка на Меѓународната заедница дојдоа до права кои ги нема ниту еден Македонец. Паметните како Али Ахмети територијалната поделба ја одложија за 20-25 години (мирно на референдум), додека во тој период ќе имаме постојано вжештени (глупи) глави како кај Смилковско езеро и Куманово.
Мислам дека никогаш нема да се освестиме, или ќе се освестиме кога ќе биде касно.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.308
Поени од реакции
15.544
Турците ја користеле нашата поделеност да не држат 500 години под ропство. 500 години, тоа се најмалце 15 генерации.
Да де, може да се здружат и како и до сега во наредните 100 години да не крадат 2 партии со различни претседатели и разни идиоти да ми изиграваат министри... Ако не знаеме сами да си ја водиме земјата чесно, нека не разделат еднаш засекогаш, што се мачиме само за џабе да викаме дека имаме држава кога ние македонците едноставно сакаме да сме овци и да не води еден овчар и да не стрижи кога сака и како сака...

За Смилковско мора да се дознае, ма какви сака поделби нека има после тоа, тие што беа убиени ми беа другари, никој од нив не заслужуваше вака да заврши, и на крај ние тука да одлучуваме за нивната вистина дали треба или не треба да излезе поради поделеност или неподеленост... Следствено на ова доаѓаат и судбините на сите останати оштетени изминативе 25 години од народните избраници...
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.991
Поени од реакции
5.620
@beneamata Во досегашните бомби немаше ништо спектакуларно (нешто што не сме го знаеле), па не очекувам дека и таа бомба би се разликувала, можда би отворила стари рани и толку. Семејствата повторно ќе ги проживеат истите моменти, на политичката сцена нема ништо да се промени. Јасно е како ден дека шипци го извршиле убиствово и искрено се надевам дека нема наши замешани (зошто би имало?). Убиствата се направени по типичен албански стил... со максимално уживање во требењето на каурите.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.244
Поени од реакции
21.115
Постои уште профилот како Агим Исмаили не е избришан. Го знам не ми треба screen shot. Но не мислам на него, него мислев на онај Сами Љута, кој од нигде никаде влета во процесот и одново стартуваше цел процес само ради него бидејќи претходно никаде не се споменуваше неговото име... дали тој требаше да влета во процесот за онај другиот да биде ослободен од сите обвиненија. Нешто тука смрди... ама многу смрди!
Ау, колку драматизираш. :LOL:
Претходно можи немале докази за него, затоа не се спомнувало неговото име. Подоцна нашле докази, и така влетал и тој, од нигде-никаде. Што толку драматизирање со теории на заговор!?

За профилот на Агим, во право си, не бил избришан. Не знам како не сум го видел вчера кога го барав.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.308
Поени од реакции
15.544
@beneamata Во досегашните бомби немаше ништо спектакуларно (нешто што не сме го знаеле), па не очекувам дека и таа бомба би се разликувала, можда би отворила стари рани и толку. Семејствата повторно ќе ги проживеат истите моменти, на политичката сцена нема ништо да се промени. Јасно е како ден дека шипци го извршиле убиствово и искрено се надевам дека нема наши замешани (зошто би имало?). Убиствата се направени по типичен албански стил... со максимално уживање во требењето на каурите.
Да да, тоа што татко му на аце јавно кажува дека сака да ја дознае вистината и да слушне што има во снимките ќе биде отварање на стари рани за семејствата, мислам дека ниту ти ниту јас не можеме да знаеме што сакаат семејствата и што тоа значи за нив... Дека го извршиле албанци ни јас не се сомневам, нарачателите и причините се битни... За другиот дел од текстот сум без коментар, не се согласувам воопшто.
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.967
Ау, колку драматизираш. :LOL:
Претходно можи немале докази за него, затоа не се спомнувало неговото име. Подоцна нашле докази, и така влетал и тој, од нигде-никаде. Што толку драматизирање со теории на заговор!?

За профилот на Агим, во право си, не бил избришан. Не знам како не сум го видел вчера кога го барав.
А како тогаш имале цврсти докази против онај Рами од Арачиново, па се испостави според судот дека пропаднаа... И убијците сигурно не се дрзнале на таков чекор без да имаат некоја гаранција од некој влијателен, кој ќе му гарантира после слобода (тоа се виде и во Куманово, со групата која упадна, но на крај некој ја изигрaа). Е сега зошто тој што се нафатил на такво нешто, не седи рамо до рамо со нив пред судијата?

Алоо како немало ништо спектакуларно, шо треба да има? Незнам како би се осеќал ти да слушнеш на пример дека сакаат да ти врзат 5-6 шамари или да ти го запалат дуќанот?? За криминалиите и милионските грабежи да не зборувам... ЗА УБИСТВОТО НА МАРТИН НЕШКОСКИ добро како не ти параат уши снимките и не го разбудат човечкото во тебе, свести се :yid:
Пострашна бомба од случајот „Сопот“ досега немаше... и едино само бомбата за Смилковско езеро може да е пострашна од оваа! За Мартин Нешковски имаме осуден кој по сите основи го сторил делото, за разлика од Сопот каде што имаме осудени со монтиран судски процес во време на СДСМ. Договорањата и пазарењата од бомбата за Сопот се исполниле. Во март 2010 г. Апелација му ја потврди вината на обвинетите од вкупно 156 г. затвор, за по неколку месеци во период од јуни до септември (2010 г.) сите да ги ослободи од затвор со право да се бранат од слобода, на повтореното рочиште! Тоа рочиште трае до ден денес...
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.173
^ ^ ^ ^
За Мартин Нешкоски имаме осуден, ама тука не прекинала одговорноста.

За Смилковско имаме осудени, ама и тука не прекинала одговорноста.Затаиле системите за прибирање информации (дали случајно или не), прашања дали постојат нарачатели и ако да кои се тие, па и дипломатијата (екстрадицијата).
Од друга страна, евентуално откривање на можни нарачатели не би ја тргнало вината од извршителите, а одредени лица баш така ја сфатиле ситуацијата.
 

Ciudad Juarez

rothschild
Член од
18 март 2015
Мислења
385
Поени од реакции
403
На некои луѓе не им се доволни бомбиве,сакаат нешто поспектакуларно да чујат.
Некои вмровци што ги знам се вадат со патетични изговори од типот:Епа човек,која власт не прави криминал? Ама барем ВМРО гради.
А пак неутралниве сеирџии:Човек ништо не е овоа на бомбиве.Јакото ќе биде да слушнеме убиства како се договараат или нешто слично.

Претпоставувам дека и после бомбиве за Смиљковско,мислењето кај народов нема многу да се смени.

Мене лично како Македонец ќе ми биде премногу жал ако слушнам дека осудениве се наместени.
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.967
^ ^ ^ ^
За Мартин Нешкоски имаме осуден, ама тука не прекинала одговорноста.

За Смилковско имаме осудени, ама и тука не прекинала одговорноста.Затаиле системите за прибирање информации (дали случајно или не), прашања дали постојат нарачатели и ако да кои се тие, па и дипломатијата (екстрадицијата).
Од друга страна, евентуално откривање на можни нарачатели не би ја тргнало вината од извршителите, а одредени лица баш така ја сфатиле ситуацијата.
Точно така, но Сопот е многу пострашен оти имаме осудени невини, еден од нив почина од инфаркт. Е сега и тогаш како и кај Монструм, кога се протестираше за нивно ослободување се протестираше со извици „УЧК“, „Голема Албанија“, „Смрт за Каури“ и слично... па поради тоа Македонците навиваа уапсените да скапат во затвор.

Иначе во претходен пост споменав дека во Монструм се осудени извршителите и логистиката, а не е осуден нарачател. Истото беше и во Сопот, дотолку исто што еден од обвинетите беше ослободен, поради недостаток на докази.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.166
Поени од реакции
15.175
Тие од Сопот не се невини ,туку изјавите им се добиени со `ќутек` што е спротивно на законите. Во оперативните информации на МВР точно се знае што и како направиле ама тие не се доказ за на суд(интересно во Хаг оперативните информации можат да бидат доказ)
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.244
Поени од реакции
21.115
А како тогаш имале цврсти докази против онај Рами од Арачиново, па се испостави според судот дека пропаднаа... И убијците сигурно не се дрзнале на таков чекор без да имаат некоја гаранција од некој влијателен, кој ќе му гарантира после слобода (тоа се виде и во Куманово, со групата која упадна, но на крај некој ја изигрaа). Е сега зошто тој што се нафатил на такво нешто, не седи рамо до рамо со нив пред судијата?
На верски фанатици како овие, не им треба гаранција од некој влијателен за да извршат монструозен чин. Доволно е да им се одлеми некоја жичка во главата, од жештината, и спремни се на сè.
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.967
На верски фанатици како овие, не им треба гаранција од некој влијателен за да извршат монструозен чин. Доволно е да им се одлеми некоја жичка во главата, од жештината, и спремни се на сè.
Да пријателе, ама ти изгледа не ги разбираш постулатите на салафизмот, а не па да почнеме да навлегуваме подлабоко во психологијата на ова движење. За да ме сватиш што сакам да ти кажам, накратко...

Исламот има 5 столба: шехадетот (признавање на еден Алах и неговиот пратеник Мухамед), намазот (клањањето), закат (данок за сиромашните), постот за рамазан и хаџот (одењето на аџилак). Сите овие работи мора да ги направат, па макар да ги води и во смрт. Е сега, според салафистите има 6 столба, од кои 5 се истите, а 6-тиот е џихадот. Тие мислат дека мора да го спроведуваат џихадот и не смеат јавно да се одречат од него, па макар да ги води и во смрт, а не па во доживотна робија... Не случајно ти го постирав краткиот документарец со Мевлид Јашаревич, кој не се покаја за делото и јавно го призна делото иако пред судот се изјасни како невин... тоа го чинеше 18 год. затвор! Подоцна откако се откажа од Салафи движењето и се покаја за делото затворската казна му беше намалена на 15 год.

Е сега, зошто ти го обајснувам сево ова... ако Смилковско езеро беше класичен терористички акт од салафисти, а не некои концесии и бизниси кои се споменуваа и на кои се сомневаат родителите на децата, тогаш мораше некој да излези да ја превземи преку видео или преку писмо до некој медиум И ДА ЈА ПРЕВЗЕМИ ОДГОВОРНОСТА! Бидејќи ако не го направи тоа салафистот, то би било смртен грев според неговите убедувања и ги нарушува постулатите на шестиот столб т.е. џихадот! Не мора кога превзема одговорност да се претставува по име и презиме

Горе долу тоа изгледа вака...


Пак ќе ти потренцирам зошто ме сваќаш погрешно. Не тврдам дека осудените се невини, ама имам многу големи сомнежи околу нивното обвинение, онака како што ЈО го изнесе пред судот. На пример... салифисти, а имаат рап песни во телефоните со националистичка тематика и многу пцуење! За салафист освен илахии(верска исламска музика) не постои друга дозволена музика и таа е грев, а не па уште со пцуење!

Тие од Сопот не се невини ,туку изјавите им се добиени со `ќутек` што е спротивно на законите. Во оперативните информации на МВР точно се знае што и како направиле ама тие не се доказ за на суд(интересно во Хаг оперативните информации можат да бидат доказ)
Абе чим Бучковски со пола уста објави дека се невини и посочи повеќе информации кај амбасадорот на НАТО, Бигман. Што значи се невини, а СДСМ под притисок на НАТО бидејќи не беше способна да ги најди вистинските сторители обвини невини луѓе! Убиените војници беа припадници на НАТО, а нивни претставник во судот беше самиот Бигман и како таков имаше пристап до тие оперативни информации, но изјави дека нема докази. Не можеш да осудиш на 156 год. затвор повеќе лица, а како главен доказ и единствен доказ да ти биди изјава дадена со ќотек?!?

Исто така, претставникот на ДУИ од Работната група за овој случај ја повика Јанкуловска да ги објави тие документи од предистражната постапка, но Јанкуловска на разговорот од бомбата сама рече дека такво нешто нема во МВР, најверојатно е отстрането од претходната гарнитура во МВР од времето на СДСМ.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom