Потполно те разбирам, се што имаш напишано осетив на своја кожа, дури и повеќе од тоа, ама помина. Исто мсилев дека другите околу мене ме гледаат како луда, ама не било така, исто не сакав да се дружам, ама потоа посакав ... Не се секирај, само опушти се колку можеш и потруди се да не мислиш на тоа како другите те доживуваат, верувај тие не знаат ништо, сето тоа е само во тебе. Нема да премине во трајно, ќе помине, ама со време, нема одма, не очекувај премногу за да не се разочараш уште повеќе. Извини што ќе бидам комплетно искрена, ама така е. Постепено емоциите ке се намалуваат, мислите ќе се средуваат, ти ќе се променуваш, се додека еден ден не светиш дека пред месец, два, три, било полошо, а сега е подобро. Тоа што размислуваш постојано за тебе и за твоите постапки, што си ги посматраш, не е лошо како што мислиш. Тоа е добро и потребно, мене дури прихијатарот ме тераше да размислувам за себе, да си ги посматрам постапките, за да увидам што треба, а што не треба да правам, да си се пронајдам себе си. На почетокот не сваќав, мислев дека се што правам е лошо, ама потоа (со помош на елицеата и хелексот, исто земав и Форвита - А+Е+Ц+Селен на почетокот, можеш да си купиш и тоа во капсули, обични витамини се тоа, се пијат 1 дневно) ми се подигна самодобербата и сватив дека па и не е тоа кој знае колку лошо. Лошо е да убиеш некој, да повредиш, да натепаш, да украдеш и сл. верувам тоа нити ти нити никој кој се бори со анксиозноста не го направил. Ако не сакаш да се дружиш со луѓе, шетај сам. Јас така шетав, вртев кругови околу маало, па ке ме сретнеше комшивка ке ме прашаше што правиш, па ке и речев многу ама многу ми е досадно дома и сватив дека по цел ден само седам и лежам па така ми текна да се шетам тука по тренерки дека ме мрзеше да се спремам, да се облекувам, ептен мрза сум станала
, си измуслував глупости, тогаш ми беше лошо, ќе отидев дома псоле и че си речев леле што и реков јас на оваа, се претставив како најголема мрза или сл., ама ете денес денес се смеам на тоа и знам дека не сум мрза
... ќе се смееш и ти еден ден и вака и ќе пишеш на некого како сега јас на тебе
Исто можеш да пробаш да трчаш или пак брзо одење, пешачење и сл. Знам тешко е и тоа да го правиш, ама тоа е само додека да почнеш, додека да се наканиш да излезеш, потоа е се полесно и полесно. Дај си време себе си, дај му време на лекот (Елицетата, хелексот ), до тогаш прави што можеш во врска со тоа што ти смета да го поправиш, слушај ги советите од психијатарот, што е најбитно верувај му нему, оди на редовни контроли, ако треба и почесто од препорачаното, (мене ќе ми речеше контрола за 1 месец, јас наредната недела ете ме пак кај него
, ама за тоа ете ме сега 3 месеци го заборавив што се вели) и се ќе биде ок. Од оваа состојба (ова е состојба и тоа минлива состојба, а не болест !) не се умира, никој не умрел и никој нема да умре. Поздрав.[DOUBLEPOST=1432840645][/DOUBLEPOST]
Лековите за анксиозност не ствараат зависност ! Грешно си информирана. Инаку Магнезиумот може да помогне да, исто така и А+Е+Ц+Селен. Поздрав.