ОБНОВЕНО: По нападот во Гошинце, пукање во Куманово

  • Креатор на темата Креатор на темата Brutus
  • Време на започнување Време на започнување
e sea nie sto sme na forumov, dali sme vmrovci? retoricko onaka, neka pomine se mirno, samo mene mi prece toa sto glasav za vmro posledniov pat, ne za drugo tuku oti od sdsm ako ja falis vlasta vo nekoi segmenti odma etiketiraa, jas sum za dobroto na site i ja podrzuvam legitimnoi izbranava vlast, do slednite izbori sekako, koi bi bile na esen se nadevam. а кирилица еве
 
Следејќи ги нивните изјави јас не гледам некоја закана од Бугарија. Исто така Бугарија секогаш се однесувала одговорно и пријателски кон Македонија, кога и да сме имале премрежје тука.

Од друга страна однесувањево на Србија е многу чудно.

И најбитното е тоа што Русија дефинитивно станува играч во настаниве кај нас. Прашањето е дали е главен или само лови во матно.

Бугарите сигурно имаат некакви дополнителни информации од кои сакаат да извлечат корист, а како дел од НАТО, под знак прашање е дали преместувањата на војската е изворно нивна одлука или во координација со НАТО.
Во ваквите воени придвижувања обично се работи за симболика - порака, дали кон нас, дали кон Русија...

На Србија и одговараат немири во Македонија, тоа е дополнителен аргумент против постоењето на Косово како главен фактор на нестабилност. Со тоа се обидуваат да ги прикажат Албанците како тешко-контролирани и дека Србија е спремна да направи целосен пресврт на курсот - кон Запад, доколку истиот им овозможи задржување на границите.
Србија како целина има далеку поголема вредност за Западот отколку едно Косово.

Исто така не треба да се заборави германскиот капитал во телекомуникациите на Балканот, сопственоста на приватните печатени медиуми и ТВ станиците која е своевидна логистика на тоа што ќе се случува на теренот.

Нема грешка дека во изминатиов период се водеше и сеуште се води страшно негативна пи-ар кампања за Македонија, почнувајќи од саудиската Ал Џезаира, српските, бугарски и грчки нарачани интервјуа со петтата колона во Македонија, па нивното меѓународното брендирање во Њ.Ј. Тајмс, Дејли њуз, УС Полиси и ним сличните.
 
Тоа не е став за нотата од Русија, тоа е не познавање на историјата. Две неповрзани работи.

Ајде биди доблесен и речи дека верзијата потенцирана од Русија, според која дел од црногорското подземје ги помагале терористите од Куманово, а по инструкции од Западот, треба целосно да се отфрли поради твоите скудни историски познавања?

Во моментов, земено чисто против албанскиот радикализам, единствена поддршка имаме од Русија.

И Србија пред бомбардирањето имаш огромна вербална поддршка од Русија. Сите знаеме како тоа заврши. Со враќање на Србија два века поназад.
 
И Србија пред бомбаридарењеро имаш огромна вербална поддршка од Русија. Сите знаеме како тоа заврши. Со враќање на Србија два века поназад.
у 20 поста уназад оваа е напишано, не одговара на агендата и заговорите, па се игнорира
 
И Србија пред бомбардирањето имаш огромна вербална поддршка од Русија. Сите знаеме како тоа заврши*. Со враќање на Србија два века поназад.

Повторно бегаш од конкретен одговор!

Руското МНР ти испрати официјална нота во која без скриени пораки ти кажува кој стои позади Куманово.

(Тоа е воедно референца за сведоштво на историјата која се пишува, да се знае кои биле причинителите.)

Објасни сега врз основа на што ни продаваш празна демагогија?

У реду би било, да кажеш следново: Дечки, знам дека имате веројатно право и дека Американциве се обидуваат да ни го сместат, но во моментов немаме доволно сила ниту можеме да се потпреме на Русија за да им се спротивставиме. Затоа ставот ми е да направиме како што бараат, бидејќи се’ е подобро отколку војна.

И јас нема повеќе да те прашувам ништо повеќе, ова е валидно размислување.
Тоа не значи дека треба да се плашиш искрено да дискутираш за ова што ни се случува, не значи дека ќе изгубиш лице на форумов доколку го приспособиш ставот кон реалноста. Ние не менуваме геополитички текови на кајгана, но го имаме секое право да практицираме здрав разум.

*Единствената причина поради кое Косово и понатаму е дел од Србија е ставот на Русија.
Не се бројат само материјалната и човечката штета, туку и политичкиот резултат - кој и покрај инвазијата од НАТО на суверена српска територија, статусот на Косово и после 15 години е замрзнат.
 
Odvaj prochitav shto pishuvash, po se izglada chasot vo osnovno po pravopis i "nov red" i pasus si gi propushtil.

Ama nekako dochitav i da ti kazham pravo mi dojde da povratam i da si gi vratam pette minuti shto gi potroshiv pravejki go toa.
Manipulirash so nekoi poimi shto vrska nemash shto znachat...отпорот има шанси против ентропијата... se prashuvam shto shto li samo pisatelot sakashe da kazhe so ova,

...емпириски параметри....ti da ne si pod vlijanie na nekoi zabraneti supstanci???

...прокариот...poim nemam shto znachi ova.

...Денес единката со некаква вредност и потенцијал има само две опции, да се адаптира, што значи девалвира (во спротивно се дефакторизира), или емигрира....

Ovde veke pochnav da se gubam "what thte hell are you tallking about"...

Ponatamu mislam deka nema smisla dsa komentiram na ova shto go napisha.

Просечен македонец си ти, а прокариот е едноклеточен организам. Свест мислам дека неможам да ти објаснам шо е.
Фала шо ми ја докажа поентата, криво ми е само шо немаш капацитет да ја согледаш иронијата.
 
Следејќи ги нивните изјави јас не гледам некоја закана од Бугарија. Исто така Бугарија секогаш се однесувала одговорно и пријателски кон Македонија, кога и да сме имале премрежје тука.

Од друга страна однесувањево на Србија е многу чудно.

И најбитното е тоа што Русија дефинитивно станува играч во настаниве кај нас. Прашањето е дали е главен или само лови во матно.
Русиja користи старите врзки преку Белград. Зашто докато Србиja не беше толкова близка со Москва, немаше такво учество на Русиja?!
Москва во моментот просто користи стари и одработени канали на старите структури.
 
Да се надеваме дека со Кумановската група им се скинати канџите и ќе помине све мирно.

Според мене ова е само прва рунда, во која однесовме пирова победа.
 
У реду би било, да кажеш следново: Дечки, знам дека имате веројатно право и дека Американциве се обидуваат да ни го сместат, но во моментов немаме доволно сила ниту можеме да се потпреме на Русија за да им се спротивставиме. Затоа ставот ми е да направиме како што бараат, бидејќи се’ е подобро отколку војна.

Како да ти го кажам ова, кога воопшто не мислам дека САД било што се обидува да ни смести, иако искрено се надевам дека ќе му сместат шут карта на Груевски?
 
Бугарите сигурно имаат некакви дополнителни информации од кои сакаат да извлечат корист, а како дел од НАТО, под знак прашање е дали преместувањата на војската е изворно нивна одлука или во координација со НАТО.
Во ваквите воени придвижувања обично се работи за симболика - порака, дали кон нас, дали кон Русија...

На Србија и одговараат немири во Македонија, тоа е дополнителен аргумент против постоењето на Косово како главен фактор на нестабилност. Со тоа се обидуваат да ги прикажат Албанците како тешко-контролирани и дека Србија е спремна да направи целосен пресврт на курсот - кон Запад, доколку истиот им овозможи задржување на границите.
Србија како целина има далеку поголема вредност за Западот отколку едно Косово.

Исто така не треба да се заборави германскиот капитал во телекомуникациите на Балканот, сопственоста на приватните печатени медиуми и ТВ станиците која е своевидна логистика на тоа што ќе се случува на теренот.

Нема грешка дека во изминатиов период се водеше и сеуште се води страшно негативна пи-ар кампања за Македонија, почнувајќи од саудиската Ал Џезаира, српските, бугарски и грчки нарачани интервјуа со петтата колона во Македонија, па нивното меѓународното брендирање во Њ.Ј. Тајмс, Дејли њуз, УС Полиси и ним сличните.

:oftopik:

Б`лгарите се б`лгари класа за себе, историски докажано.

Интересни се поедини случувања во Србија и тоа во медиумите за време на случувањата во Куманово, доказ дека по однос на одредени прашања и таму има длабока поделеност и покрај етничката целовитост, ако медиумите се тие што го креираат јавното мислење, или барем се обидуваат да наметнат одредена перцепција, најлогично прашање е во чија сопственост се тие медиуми и кој ја креира уредувачката политика, истото си го напишал некој пасус подолу.

Е сега во поглед на Косово нешто поразлично мислење, некој одамна направил процена дека албанците како народ имаат најмалку шанси да стапат во своевидно сојузништво со Руските интереси на Балканот, а се доволно бројни и имаат висок наталитет да парираат на одредено Пансловенско или Православно обединување повторно на Балканот, кое традиционално би тежнеело кон Русија, од овие причини сметам дека Косово е прилично на цена поради интересите на условно речено Западот, и нивните застапници-албанците.
Поразено Косово (политички) има многу поголемо фигуративно значење одошто изгледа, тоа е индиција за пораз на одредени интереси на Балканот, а тоа не би го дозволиле и по цена повторно да експлодира бурето барут, прилично е дискутабилно колку реално постои некој кој може да се спротивстави и доведе под знак прашалник нечии интереси.
 
Бугарите сигурно имаат некакви дополнителни информации од кои сакаат да извлечат корист, а како дел од НАТО, под знак прашање е дали преместувањата на војската е изворно нивна одлука или во координација со НАТО.
Во ваквите воени придвижувања обично се работи за симболика - порака, дали кон нас, дали кон Русија...
Преместуването и точните вежби са изворно поради многу причини.
Видливо е дека службите са имали информаии както со ситуациjaта на Западен Балкан, зашто предупредуваха уште през 2014 и почетокот на 2015 година за нестабилност во соседството, за активиране на странски разузнаваниja на Западен Балкан, плус радикални групи. Видливо е и от вчерашните бомби,кои точно зборуваха за един от предлозите,за кои Борисов от првиот кабинет даде изjaва,дека не е прифатлива за БГ.
 
Како да ти го кажам ова, кога воопшто не мислам дека САД било што се обидува да ни смести, иако искрено се надевам дека ќе му сместат шут карта на Груевски?

Всушност @ Ставрогин, кај тебе се се сведува на тоа дека ти на ништо друго и не мислиш освен што се надеаваш дека ќе му сместат шут карта на Груевски... :)
 
Како да ти го кажам ова, кога воопшто не мислам дека САД било што се обидува да ни смести, иако искрено се надевам дека ќе му сместат шут карта на Груевски?

Добро, тогаш нека остане така запишано, Ставрогин не верува дека САД имаат вмешаност во планот на терористите од Куманово.

Иако не се согласуваме, се надевам ќе излезе дека ти имаш право.
 
Всушност @ Ставрогин, кај тебе се се сведува на тоа дека ти на ништо друго и не мислиш освен што се надеаваш дека ќе му сместат шут карта на Груевски... :)

Јас мислам дека државата треба да почива на легалистички принципи. Ако го нема тоа, нема држава. Оние кои местеле избори треба да завршат во затвор. Инаку нема држава.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom