ОБНОВЕНО: По нападот во Гошинце, пукање во Куманово

Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.880
И официјално, загинале 10 од вооружената група, а не 14

Јавното Обвинителство потврдува дека има 10 загинати, а не 14 како што првично најавија од МВР.

Нема шанси погрешно да преброиле, таа бројка 14 не е случајна, дали можеби се обиделе да вметнат во групата уште 4 мртви тела од блискиот исток, емигранти?
Дали можеби имале намера да убијат уште 4 други од приведените?
Иво Котевски тој ден остави простор за повише од 14 загинати, но не помалку од тоа.

Дополнителна причина за сомнеж ?

Европарламентарецот Ричард Ховит за денес најави посета на местото на борбите.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.431
Поени од реакции
9.080
Фатљум Вишесела требало за 2 месеца да стане татко, загина во Куманово

Семејството на 32 годишниот Фатљум живеело во Италија, а тој со жената живеел во село Нов Руфц во Липјан, а за 2 месеца очекуваше да стане татко.
Семејството официјално не добило никакви информации, нити знаат зошто и како Фатљум завршил во Куманово, тој на жената и рекол дека ќе оди во Албанија, но се надеваат дека преку приведените ќе дознаат дали биле издадени или не.
http://koha.net/?id=27&l=57773

Валон Кабаши

30 годишниот Валон Кабаши од Раховец на 1 април бил во Београд каде се сликал, и рекол дека на тоа место ќе се вее албанско знаме.
http://www.gazetaexpress.com/lajme/valon-kabashi-midis-beogradi-1-muaj-para-se-te-vritet-ne-kumanove-ketu-do-valoje-flamuri-kuq-e-zi-foto-101372/
Дали поради овие (и останатите убиени терористи - косовски државјани), Косово ќе прогласи ден на жалост? Во меѓувреме Американците им убиле еден од нивните идоли:

http://vesti.mk/read/news/5469485/2062783/amerikanskite-specijalci-go-ubija-liderot-na-id-negovata-sopruga-e-zarobena
 
H

Hombre

Гостин
И официјално, загинале 10 од вооружената група, а не 14

Јавното Обвинителство потврдува дека има 10 загинати, а не 14 како што првично најавија од МВР.

Нема шанси погрешно да преброиле, таа бројка 14 не е случајна, дали можеби се обиделе да вметнат во групата уште 4 мртви тела од блискиот исток, емигранти?
Дали можеби имале намера да убијат уште 4 други од приведените?
Иво Котевски тој ден остави простор за повише од 14 загинати, но не помалку од тоа.

Дополнителна причина за сомнеж ?

Европарламентарецот Ричард Ховит за денес најави посета на местото на борбите.
Не е тоа бир, кога се вршела индефикација на мртвите тела со посредство на Интерпол се испоставило дека четирите мртви тела се на НАТО инструктори од Бонстил.

Затоа е преиначена бројката.
 
W

wicked_1

Гостин
Смешно, празно, небитно. Три месеци битни, 20 години во корпа. Браво бе, апостолу на селективната амнезија. Како да не те ставам во група, друже Опак_еден, кога подметнуваш бетер од Тричковски? Ти знаеш ли каков компромис е да прогледаш низ прсти на глупо магаре и да застанеш зад него сите овие месеци, до објавувањето на бомбите, во текот на објавувањето, се до моментот со снимките после Куманово? Копај низ постови, читај, увери се и сам. Значи, колку и да ми сметало дотичното магаре, ми сметало од интелектуално-естетски причини, а таквите никогаш не можат да натежнат над деспотијава. Тука се разбравме.
Ама..после бомбата со "шиптариштата", тоа магаре прави 180%, и наеднаш во паролата "Вистината за Македонија", во контекстот влегуваат и "клетите албанофоби, намерени кон војна и насилство врз чесните граѓани албанци". Како ти го сублимираш тој контекст? Како "смешно, празно, неиздржано". Кога тоа магаре го прашуваат за ставот околу загриженоста на некои албански медиуми и семејствата на терористите дека тие што се предадоа од групата биле тепани, истото тоа магаре рече дека "ја разбира нивната загриженост, човечки е да се разбере".
И тоа е празно, неиздржано, смешно. Се што ни е така малку незгодно или ќе го игнорираме и ќе го пикнеме под тепих или ќе го прогласиме за, ајде уште еднаш оти јако е, "скроз неиздржано, празно, смешно".
На крај, уште една причина зошто те ставам во група. Кога се случи 24ти Декември и ВМРО реши да го шутне Уставот, а Илија Димовски го прогласи документот во кој неговата партија требаше да сноси одговорност за "тоалетна хартија", јас тука на форумов пишував дека заедно со тој документ, со тој потпис, требаше да кажат и дека Уставот е за нив тоалетна хартија. Ти денес влезе во Илија Димовски филм со твоиве "смешни, празни, бедни" гимнастики.
Не 20? Зашто 20? Барем 60 од 55та, таква е твојата реторика,таква беше реториката сите овие 9 години, тука тоа е задачата тука на кордонот бранители на кримосите, основно алиби беше резимето на тие што пљачкале порано. И не си ги проширувај муабетите, прво ти пречеа неговите карактерни особини и квалитети, гафови, некакви спинови и албанско умилкување :icon_lol: и тие ти тежеа на вагата повеќе од откриените материјали, па виде дека не е доволно и се осврна на некои претходни состојби за момент, па увиде дека не иде со тоа и сега пак се навраќаш на ПР-от за рајата од нивната партија без чие хиперболизирање на случувањата нема да се подигне свеста, нормално. И тоа тебе ти е ужасно да го свариш.
И после ова оваа досадна дискусија не би ти дал квалификации, не сум импулсивен како тебе.
Пишувај вакви километарски текстови, за да знаеме кое зло е поголемо, тоа од Муртино секако.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235

Се ова ќе беше океј, да беше точно. Ама затоа што читате, слушате и пренесувате кога ви одговара, а пикате под тепих, релативизирате и исмејувате кога ви руши позиции, морам кутриот да се самоцитирам. :(

Не е во ред да се крши Устав и да се гласа буџет по брза постапка за земање кредит, за изборна кампања, а потоа да се зборува за правна разрешница и за владеење на правото.
Не е во ред три дена да измислуваш приказни дека дете се сопнало, дете се удрило од клупа, дете било џанак, дете украло нешто, само умрело, баба рога го изела, ако наводно не ги знаеш сите информации, оти изгледа како да покриваш партиски газ и рејтинг на пастирот, наместо професионално да си ја вршиш работата со најобично "истрагата е во тек"
Не е во ред секој револт да е револт "фабрикуван од Сорос и СДСМ".
Не е во ред да не смее да постојат неопределени. Да нема никој право да каже Јас имам проблем. Да се бутка индивидуалецот во некоја обоена страна, за да може оправдано да се гази, оти таа обоена страна е предавничка и сака "да ја продаде државата".
Не е во ред некој друг, некој од страна, мене да ми кажува каде тоа јас сум припаѓал, сакал нејќел. Како ако сум тврдел дека не припаѓам, тоа алудирало на умисленост, разочараност или развигорченост. Не е во ред некоја Полиција на Мислата да си дава за право willy nilly да бележи луѓе, ако за тоа нема цврст доказ, досие или минато дејствување.
Таа великосрпска пропаганда до денес обвисната врз народов како сениште. Никако да не пушти. Иако овие имитаториве не можат да му се фатат на Другарот, добро го разработиле политичкиот континуитет. Знаат и да се продадат како незаменливи и неповторливи, знаат и како да влеат доволно страв и терор за потсвесно во секој од нас да се појави пендракот на српската милиција. Не знам дали коските на Черноземски се мирни, ама знам дека имаме сега нови цареви и позлатени идоли, може редно е да се одважиме и ако не се, да ги смириме.
Ме мрзи уште да барам.
Еве, за да го испочитувам последниот пасус од првиот цитат, помислете дека не Ве ставам во група, туку дека Ви персирам, Господине Опак_еден.
 
Член од
13 септември 2008
Мислења
556
Поени од реакции
307
оставки на Грујо и заев е решението
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Признавам дека неучеството на Албанците на митингот, е единственото нешто што не можам лесно да го вклопам во можните идни текови на настаните.
И не е така тешко.. дали би ги пратил своите во опасност?

Ако имаш една албанска терористичка групација, која спремала разни сценарија, а ти како дел од политичкото крило на истата знаеш за сето ова... зошто би ги праќал своите приврзаници и сонародници таму каде нешто треба да се случи?
 
Raynor

Mr.Terrible
Член од
16 април 2014
Мислења
384
Поени од реакции
583
Дали поради овие (и останатите убиени терористи - косовски државјани), Косово ќе прогласи ден на жалост? Во меѓувреме Американците им убиле еден од нивните идоли:

http://vesti.mk/read/news/5469485/2062783/amerikanskite-specijalci-go-ubija-liderot-na-id-negovata-sopruga-e-zarobena
Така се справува со терористи Shoot to Kill
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.575
Поени од реакции
27.408
Се ова ќе беше океј, да беше точно. Ама затоа што читате, слушате и пренесувате кога ви одговара, а пикате под тепих, релативизирате и исмејувате кога ви руши позиции, морам кутриот да се самоцитирам. :(

Ме мрзи уште да барам.
Еве, за да го испочитувам последниот пасус од првиот цитат, помислете дека не Ве ставам во група, туку дека Ви персирам, Господине Опак_еден.
Така ти е тоа кога со помодарството те учат дека самокритиката е лоша работа, исмејувањето го сматраат за аргумент, а патриотизмот како зло.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Мене никој на светот не може да ме убеди дека Русија и мисли добро на Македонија. Русија историски никогаш не застанала на страна на Македонците. НИТУ ЕДНАШ.
.
Тоа не е став за нотата од Русија, тоа е не познавање на историјата. Две неповрзани работи.

Ајде биди доблесен и речи дека верзијата потенцирана од Русија, според која дел од црногорското подземје ги помагале терористите од Куманово, а по инструкции од Западот, треба целосно да се отфрли поради твоите скудни историски познавања?

Во моментов, земено чисто против албанскиот радикализам, единствена поддршка имаме од Русија.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.951
Поени од реакции
34.306
И не е така тешко.. дали би ги пратил своите во опасност?

Ако имаш една албанска терористичка групација, која спремала разни сценарија, а ти како дел од политичкото крило на истата знаеш за сето ова... зошто би ги праќал своите приврзаници и сонародници таму каде нешто треба да се случи?
Истото тоа и го шпекулирам понатаму во истиот пост. И јас ред некој ден се обидов да ја поминам целава тема, не беше лесно. ;)
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.575
Поени од реакции
27.408
И не е така тешко.. дали би ги пратил своите во опасност?

Ако имаш една албанска терористичка групација, која спремала разни сценарија, а ти како дел од политичкото крило на истата знаеш за сето ова... зошто би ги праќал своите приврзаници и сонародници таму каде нешто треба да се случи?
Да се надеваме дека со Кумановската група им се скинати канџите и ќе помине све мирно.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.951
Поени од реакции
34.306
Можеби ќе ти вредеше нешто тоа што си се мачел да пишуваш, ако јас некогаш сум ја бранел власта, на пример.
Повеќе се на пишување, околку на читање. И ич не се по размислување. Ако не си 100% про-заев и про-есдеес, автоматски си плакатолепач на власта.
Многумина го поминуваме процесот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom